Холандска Република: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: Светата Римска империја → Светото Римско Царство using AWB
Ред 44:
== Историја ==
 
До [[16 век]], [[Ниски Земји|Ниските Земји]] - кои одговараат на денешните современи држави Холандија, [[Белгија]] и [[Луксембург]] - се состоеле од голем број на грофовии и војводства, региони и епархии. Поголемиот дел од нив биле под директна управа на [[Света Римска империја|СветатаСветото РимскаРимско империјаЦарство]], најпрвин под управа на династиите од Бургундија, а подоцна под [[Хабсбуршка династија|Хабсбуршката династија]]. Императорот [[Карло V]], кој бил роден во [[Гент]] и одраснал во [[Холандија]] уживал голема популарност во земјата. Во [[1556]] година тој абдицирал на сметка на својот син [[Филип II од Шпанија]]. Новиот император бил заколнет католик, и сакал да ја одржи својата вера во својата земја. Но, во исто време, во Холандија започнало да се шири [[Протестантство|Протестантството]]то, особено [[Калвинизам|Калвинизмот]]. На чело на движењетои застанал [[Вилхелм I Орански]] кој барал власта да ги намали даноците и да обезбеди пооголема слобода на вероисповед. Следувала т.н. [[Осумдесетгодишна војна]]. Во [[1579]] година бил основан т.н. [[Сојуз од Утрехт]] од страна на северните покраини на денешна Холандија. По ова следувало и прогласувањето на независноста во [[1581]] година.
 
Во [[1582]] година, [[Франсоа де Алансон]] се обидел да го зазеде [[Антверпен]], но безуспешно. Во [[1582]] година бил убиен Вилхелм I Орански, а кралевите на Англија и франција, [[Елизабета I]] и [[Анри III]] не го признале суверенитетот на земјата. Сепак во [[1585]] година, [[Кралство Англија]] се согласила и испратила воена подршка за земјата. [[Вестфалски мир|Вестфалскиот мир]] кој бил потпишан на [[1 јануари]] [[1648]] година ја потврдил независноста на холандските покраини од [[Шпанска империја|Шпанската империја]].
Ред 50:
== Економија ==
 
Од економска гледна точка, републиката забележила голем успех. Периодот од [[1584]] до [[1702]] година, во [[историја на Холандија|историјата на Холандија]] е познат како [[Златен век на Холандија]]. Нејзината трговија била доминантна на светско ниво во текот на [[17 век]]. Таа основила голем број на колонии. Холандија била најбогатата земја во [[Европа]] во тоа време. Во [[Ротердам]], а потоа и во [[Амстердам]] била основана [[берза]].
 
Официјално републиката била признаена со Вестфалскиот мир кој бил потпишан на 1 јануари 1648 и како таква функционирала до [[1795]] година, односно по француската инвазија на Ниските Земји кога била формирана нова република, наречена [[Батавијска република]] која директно била управувана од страна на [[Франција]]. Холандија ја повратила независноста од Франција во [[1813]] година. Во англо-холандскиот договор од [[1814]] имињата "''Обединети Покраини на Ниските Земји''" и „''Обединети Ниски Земји''“ повторно биле користени. Во [[1815]] година земјата била дел од т.н. [[Австриски Ниски Земји]], [[Луксембург]] и [[Лиеж]]. Земјата била наречена [[Обединето Кралство Холандија]]. Намерата на европските сили била да се создаде голема сила која би се наоѓала северно од Франција. Оваа земја под ова име се задржила до прогласувањето на независноста на [[Белгија]] како резултат на [[Белгиска револуција|Белгиската револуција]] од [[1830]] година. Од тогаш, земјата се нарекува [[Кралство Холандија]], како што е и денес.
Ред 60:
== Религија ==
 
Во земјата како официјална религија односно црква била прогласена [[Холандска Реформска црква]]. Јавното ширење и проповедање на католицизмот бил строго забранет. Католиците биле надгледувани и контролирани директно од властите во земјата. Голем број на католички храмови биле уништени во тоа време. Дури и во јужните делови на земјата, каде мнозинство биле католиците, јавните службеници морале да бидат протестантски калвинисти или евреи, и да се заколнат дека ќе дејствуваат против католичката религија.
 
До 1795 католиците на Холандија морале да плаќаат огромни даноци на државата. Сите древни цркви, манастирски згради и катедрали останале во рацете на протестантите. Можеби најголемата причина за Осумдесетгодишната војна била издадената пресуда од страна на Светата престолнина на 16 февруари 1568 година, според која сите граѓани на Холандија со мал исклучок се осудуваат на смрт. По само неколку денови, тоа било потврдено и од страна на кралот Филип и наредил наредбата на Папата да биде исполнета. Оваа пресуда во исто време претставува и најголемата смрттна пресуда изречена некогаш во историјата. Таа опфаќала околу 3.000.000 жители на Холандија. Затоа, Холандската република била голем противник на католицизмот. На овие простори одсекогаш имало значајни разлики помеѓу православниот и либералниот Калвинизам: помеѓу Арминианизмот и Гомаризмот во [[17 век]].
Ред 70:
* [[Осумдесетгодишна војна]]
* [[Златен век на Холандија]]
 
== Наводи ==
Ред 77 ⟶ 76:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Холандска Република| ]]
[[Категорија:Ниски Земји]]