Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Перуански воени дејствија: Правописна исправка, replaced: Санта Круз → Санта Крус using AWB
с Правописна исправка, replaced: Кадиз → Кадис (5) using AWB
Ред 81:
== Воена кариера во Европа ==
[[Податотека:La_Rendición_de_Bailén_(Casado_del_Alisal).jpg|thumb|left|200px|Слика на сцена од битката на Баилен. Ова е една од најзначајните битки од Полуостровската војна во која имал учество и Сан Мартин.]]
Своите почетоци во воената кариера Сан Мартин ги остварил во Европа. Сан Мартин учествувал во неколку шпански акции во [[Северна Африка]], меѓу кои и борбите во [[Мелиља]] и [[Оран]] против [[Мури]]те во 1791 година.{{sfn|Galasso|2000|p=24–26}} Неговиот ранг бил издигнат на потпоручник во 1793 година, на само 15 годишна возраст. Тој почнал да гради морнаричка воена кариера за време [[војната на Втората коалиција]], кога [[Шпанија]] била во сојузништво со [[Франција]] во борбите против [[Велика Британија]], за време на [[Француска револуција|Француската револуција]]. Неговиот брод [[ХМС Санта Доротеја (1898)|ХМС Санта Доротеја]] бил заробен од британските сили, кои пак го држеле Сан Мартин како затвореник одредено време. Многу набрзо, тој продолжил да се бори во јужна Шпанија, воглавно во [[КадизКадис]] и [[Гибралтар]] со ранг ''втор капетан на лесна пешадија''. Исто така Сан Мартин продолжил да се бори и со [[Португалија]] на страната на Шпанија за време на [[Портокалова војна|Портокаловата војна]] во 1801 година. Сан Мартин бил унапреден во чин капетан во 1804 година.{{sfn|Galasso|2000|p=26–27}} За време на негиот престој во КадизКадис, тој бил под влијание на идеите на [[шпанска преродба|шпанската преродба]].{{sfn|Galasso|2000|p=28}}
 
Кога избила [[Полуостровска војна|Полуостровската војна]] во 1808 година, Сан Мартин бил именуван како [[аѓутант]] на [[Франсиско Марија Ортиз де Росас]]. За Росас тогаш се посомневало дека е [[франкофил (преродба)|франкофил]] (''афрансесадо'', ''afrancesado'') и бил убиен од страна на општонародните бунтовници и неговото тело било влечено низ улиците. Подоцна, Сан Мартин бил испратен во редовите на војската во [[Андалузија]] и предводел баталјон волонтери. Во јуни 1808 година неговата единица била приклучена во герилските борби предводени до [[Хуан де ла Круз Моурхеон]]. За време на [[битката во Архонилја]] Сан Мартин за многу малку ќе погинел во борбите, но сепак него го спасил наредникот Хуан де Диос. На 19 јули 1808 година шпанските и француските сили влегле во [[битката на Баилен]], каде шпанските сили забележале победа и со тоа се овозможил напад и опсада на [[Мадрид]]. За неговите дејства за време на таа битка, Сан Мартин добил златен медал и неговиот ранг бил унапреден на ниво на командант. На 16 мај 1811 година Сан Мартин учествувал во битката на Албуера под команда на генералот [[Вилијам Кар Бересфорд]]. До тоа време француските сили го имале под контрола поголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, освен КадизКадис.{{sfn|Galasso|2000|p=26–32}}
 
Сан Мартин дал отказ од шпанската армија, поради контроверзни причини, и се преселил во Јужна Америка, каде се приклучил на јужноамериканските војни за независност. Историчарите дале неколку предлози за таквата одлука: најчесто поставената теорија е дека му недостасувала неговата татковина, а потоа се предложувала и теоријата дека тој бил британски агент. Според првата теорија се поставува и објаснувањето дека кога увидел дека во Јужна Америка отпочнала војната за независност тој почувствувал должност да служи на татковината. Според втората теорија се предлага објаснувањето дека Британија би имала свои придобивки од независноста на шпанските колонии.{{sfn|Galasso|2000|p=33–50}}
Ред 189:
Сан Мартин испратил повторно барање до Боуелс за испорака на бродови, но не добил одговор. Повторно заминал за Буенос Аирес, за да достави слично барање. Тој пристигнал во Мендоза неколку дена по егзекуцијата на [[Чилеанци]]те [[Луис Карера]] и [[Хуан Хосе Карера]], браќа на [[Хосе Мигел Карера]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 32}} Точната иницијатива за тие егзекуции е контроверзна. Чилеанскиот историчар [[Викуња Макена]] го посочува Сан Мартин, додека пак Х. К. Рафо де ла Рета го обвинува О'Хигинс. [[Мануел Родригез]] исто така бил заробен, а подоцна и убиен. За таа смрт можеби дала наредба самата ложа Лаутаро. Сан Мартин нема учество во тоа бидејќи бил на пат за Буенос Аирес.{{sfn|Galasso|2000|pp=265–267}}
 
Сан Мартин не бил добро пречекан во Буенос Аирес. Пуејредон првично одбил да му даде помош, повикувајќи се на конфликтите со федералните кауилјоси и организацијата на огромната монархистичка армија во [[КадизКадис]] која би се обидела повторно да ја освои долината [[Рио де ла Плата]]. Тој сметал дека Чиле треба да ја организира морнарицата против Перу, не Буенос Аирес. Сан Мартин разговарал со него и конечно добил 500.000 пезоси. Се вратил во Мендоза со неговата сопруга и ќерка и примил писмо од Пуејредон кој рекол дека Буенос Аирес може да достави само една третина од ветеното. Ова го искмоплицирал проектот, бидејќи ниту Мендоза ниту Сантјаго немале доволно средства. Сан Мартин дал отказ од армијата, но денес не се знае дали отказот е искрен или намерен тактички потег за да се даде притисок врз поддржувачите. Како и да е, Буенос Аирес сè уште го сметал Сан Мартин клучен за националната одбрана, и поради тоа му биле исплатени помош од 500.000 пезоси и го убедувале Сан Мартин да го повлече отказот.{{sfn|Galasso|2000|pp=269–277}}
 
Сан Мартин предложил да биде медијатор помеѓу Буенос Аирес и „[[Лига федерал]]“ (''Liga Federal'', воглавно [[уругвај]]ски активисти) предводена од Артигас. Тој сметал дека граѓанската војна е контрапродуктивна за националното единство и крајот на насилството ќе овозможи слободни ресурси кои биле потребни за морнарицата. Тој сметал дека Артигас може да го стави мирот под услов, а условот би бил заедничка објава на војна на [[Бразил]] (Уругвај се бореле и против бразилската империјалистичка окупација). Така, Сан Мартин предложил прво да се поразат монархистичките сили во Рио де ла Плата, а потоа да се насочат кон ослободување на [[Банда Ориентал]] (тогашно име на Уругвај) од бразилска контрола. За ова О'Хигинс сметал дека е ризичен потег во кој Сан Мартин можел да биде фатен. Пуејредон го одбил медијаторството бидејќи не го сметал Артегас на рамниште со него.{{sfn|Galasso|2000|pp=279–286}}
Ред 200:
Како и да е, министерот за војна [[Матијас де Иригојен]] уште еднаш наредил Армијата од Андите да се врати и го назначил [[Франсиско Фернандез де ла Круз]] како водич, заменувајќи го Сан Мартин. Тогаш Сан Мартин пак дал отказ и дал до знаење дека армијата нема да биде во можност да ги премине Андите од Чиле во Буенос Аирес бидејќи патот бил блокиран од снег. Сите водичи на воените единици на Армијата на Андите одбиле да одат во Буенос Аирес. Врховниот директор ја повлекол наредбата поради одбивањето на воените водичи и отказот на Сан Мартин, па така Армијата останала во Чиле. Наскоро на Пуејредон му завршил мандатот како Врховен директор и бил заменет од [[Хосе Рондо]].{{sfn|Galasso|2000|pp=293–299}}
 
Морнарицата била конечно оформена во Чиле и на челото на морнарицата бил назначен [[Томас Кокрејн]]. Сепак, морнарицата не била испратена веднаш во Перу поради гласините дека можно е да има напад врз Чиле и Аргентина од Шпанија, и во таков случај морнарицата би била испратена во Буенос Аирес. Граѓанската војна продолжила и Сан Мартин уште еднаш се обидел да биде медијатор, но без ефекти. Безуспешно Рондо повтроно побарал да се врати во Буенос Аирес Армијата на Андите.{{sfn|Galasso|2000|pp=301–308}} Сан Мартин се вратил во Чиле и се подготвувал за учество во воените морнарички дејствија против Перу (кое сè уште било упориште на Империјата) и со тоа го игнорирал Буенос Аирес. Истото го направила и Армијата од Северот.{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 52}} Без засилување, Рондо бил поразен од страна на федералистите во битката на Кепеда во 1820 година. [[Конгрес од Тукуман|Конгресот од Тукуман]] и позицијата [[Врховен директор на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата]] биле распуштени и Обединетите покраини станале конфедерација од 13 покраини без централна сојузна држава. Овој период е познат како ''[[Анархијата од 20 година|Анархијата од 20-та година]]''.{{sfn|Galasso|2000|pp=309–320}} Буната на шпанскиот генерал [[Рафаел дел Риего]] и појавата на жолтата треска во КадизКадис ставиле крај на опасноста за шпанското повторно освојување на басенот на [[Рио де ла Плата]].{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 44}} Со Ранкагванскот акт Сан Мартин се стекнал со целосна автономија врз Армијата на Андите бидејќи со новата политичка ситуација во Буенос Аирес немало национален авторитет врз армијата.{{sfn|Galasso|2000|pp=321–327}}
 
=== Перу ===