Хосе де Сан Мартин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Воена кариера во Европа: Правописна исправка, replaced: Мелилја → Мелиља using AWB
с →‎Перуански воени дејствија: Правописна исправка, replaced: Санта Круз → Санта Крус using AWB
Ред 214:
Перуанскиот вицекрал [[Хоакин де ла Пезуела]] добил наредби од [[Мадрид]] да преговара со патриотите. Под примирје противниците славеле за време на средбата во [[Мирафлорес (Лима)|Мирафлорес]] во [[Лима]]. Претсавниците на вицекралот предложиле да го усвојат либералниот шпански устав ако Сан Мартин ја напуштел државата, но неговите претставници барале Шпанија да даде целосна независност на Перу. Преговорите немале исход.{{sfn|Galasso|2000|p=338}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=49–53}}
 
Сан Мартин ја изолирал Лима од околните региони и го испратил [[Хуан Антонио Алварез де Ареналес]] да промовира бунови помеѓу староседелското население. Армијата на Андите се преместила северно од Лима, на крајбрежјето. Сан Мартин и Ареналес го опколиле градот од две страни, а Кокрејн го нападнал пристаништето Ел Калјао. Кокрејн го заробил бродот „Есмералда“ и кралскиот полк Нумансија. Скоро 700 војници на [[Вицекралство Нова Гренада|Вицекралството Нова Гренада]] дезертирале и им се приклучиле на патриотите. Неколку народи во северно Перу го поддржале Сан Мартин, а Ареналес ги поразил монархистите за време на [[битката на Паско]]. Повеќе од 300 монархисти им се приклучиле на патриотите, вклучително и [[Андрес де Санта КрузКрус]].{{sfn|Galasso|2000|pp=339–340}}{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II|pp=53–55}}
 
Како и да е, плановите не функционирале како што било планирано. Староседелското население кое му се приклучило на Ареналес не можело да се спротивстави на мархистичкиот контранапад,{{sfn|Abad de Santillán|1965|loc=Vol. II, p. 55}} и робовите не се приклучиле на армијата во очекуваната бројка. Аргентинските покраини не можеле да му испратат помош на Сан Мартин и Армијата од Северот повеќе не постоела. Како резултат на тоа, тој му пишал на [[Симон Боливар]], во обид да ги координира дејствата со него.{{sfn|Galasso|2000|p=341}}