Microsoft: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Виндоус Дивизија, опслужувачи и Алатки, Дивизија за Онлајн Услуги: Јазична исправка, replaced: опслужувачски → опслужувачк using AWB
с →‎Маркетинг: Јазична исправка, replaced: Њу Јорк → Њујорк using AWB
Ред 108:
Во 2004, Микрософт задолжи неколку фирми за истражување да направат самостојни истражувања во кои ќе ги споредат целосните трошоци на еден корисник на Виндоус опслужувач 2003 (анг. Windows Server 2003) и еден корисник на Линукс (анг. Linux); фирмите заклучија дека многу компании сметаат дека Виндоус е многу полесен за користење и за администрација отколку Линукс. Исто така беше заклучено дека корисниците на Виндоус исто така можат побрзо да ја завршат својата работа, што резултира со помали финални трошоци за еден корисник. Ова предизвика бура од слични истражувања; истражување од Јенки Групацијата (анг. Yankee Group) заклучи дека префрлањето од постара верзија на Виндоус опслужувач на понова би чинело многу повеќе отколку префрлање од Виндоус опслужувач на Линукс. Компаниите кои беа интервјуирани предупредија дека Линус нема сто-постотна сигурност, додека пак Микрософт ги заклучува своите корисници во својот круг принудувајќи ги да користат само производи на Микрософт. Според друго истражување направено од страна на ОСДЛ (анг. OSDL), се констатираше дека истражувањата нарачани од страна на Микрософт се застарени и прикажани само од една гледна точка. Исто така констатирано е дека целосните трошоци на Линукс се помали бидејќи администраторите на Линукс можат да одржуваат повеќе опслужувачи истовремено и заради други причини.
Како дел од кампањата Дознај ги Фактите (анг. Get the Facts), Микрософт потсети на платформата за тргување наречена НЕТ (анг. NET), која ја разви во партнерство со Аццентуре (анг. Accenture) за Лондонската Берза за тргување со Акции (анг. London Stock Exchange), за која се тврдеше дека обезбедува стабилност од 5 деветки (99.999%). По долгото време на застој и нестабилност во 2009 година, Лондонската Берза за тргување со акции објави дека планира да го отфрли производот на Микрософт и да се префрли на Линукс во 2010 година.
Во 2012 година, Микрософт го вработи политичкиот истражувач Марк Пен (анг. Mark Penn) како потпретседател во одделот за Маркетинг и Стратегија. Њу ЈоркЊујорк Тајмс (анг. New York Times) го сметаше Марк Пен за личност која ги прегазува своите политички противници. Пен направи серија на негативни реклами кои беа насочени кон еден од главните конкуренти на Микрососфт, Гоогле. Рекламите, кои беа нарелени “Scroogled”, наговестуваа дека Гоогле пробува да ги зафркне своите клиенти со резултати од пребарувањето кои се наместени да ги фаворизираат компаниите кои плаќаат на Гоогле за да добијат рекламен простор. Исто така се наговестува дека Гмаил (анг. Gmail) навлегува во приватноста на своите клиенти за да им прикаже реклами кои се поврзани со нивните навики за купување, со цел да се фаворизираат продуктите на Гоогле и компаниите кои се рекламираат на Гоогле. Издавачките куќи од областа на технологијата, како Тех Кранч (анг. Tech Crunch) ја критикуваа оваа рекламна кампања, додека вработените во Гоогле мирно ја прифатија.
 
===Соработка со Владата на Соединетите Американски Држави===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Microsoft