Фатаморгана: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Оптички појави користејќи го HotCat
с Правописна исправка, replaced: северо-западниот → северозападниот using AWB
Ред 1:
'''Фатаморганата''' е необичен и прилично комплексен вид на привидение, вид на супериорна илузија, која како и другите од тој вид се гледа во тесен опсег над хоризонтот. Иако терминот Фатаморгана е понекогаш погрешен во однос на општопознатите видови илузии, вистинската Фатаморгана не е иста како и обичната супериорна илузија, и секако, не изгледа како обична илузија.

Привиденијата фатаморгана правата огромно искривување на предметот или предметите на кои се засноваат, така што предметот се чини прилично необичен и дури може да се трансформира на начин што не би можел воопшто да се препознае. Фатаморгана може да се забележи на копно или во море, во поларните предели или во пустините. Овој вид на привидение ги вклучува речиси сите видови оддалечени предмети: бродовите, островите и крабрежјата како оние што се прикажани на фотографиите во прилог на оваа статија.

Фатаморганата не само што е комплексна, туку и брзо се менува. Привидението се состои од неколку превртени (наопаку) и исправени (десно горе) слики кои се наредени една врз друга. Привиденијата фатаморгана покажуваат наизменично збиени и верижни подрачја. Овој оптички феномен настанува бидејќи светлосните зраци се силно свиткани кога поминуваат низ воздушните слоеви на различни температури со огромна термичка инверзија каде што се формира атмосферски канал. (Термичка инверзија е атмосферска состојба каде што потоплиот воздух се наоѓа на слој кој е над слојот со значително постуден воздух. Ова температурна инверзија е обратна од нормалната; воздухот всушност е потопол кога е поблиску до површината, а постуден коа е повисоко).

При смирено време, слој од значително топол воздух може да биде над густиот студен воздух, формирајќи атмосферски канал кој делува како прекршени леќи, создавајќи серија од превртени и исправени слики. На Фатаморганата и е потребен канал за да може да постои; термичката инверзија не е доволна сама по себе за да го произведе овој вид на привидение. Додека термичката инверзија може да се појави и без да постои атмосферски канал, атмосферски канал не може да се појави без притоа да има термичка инверзија.

При смирено време, слој од значително топол воздух може да биде над густиот студен воздух, формирајќи атмосферски канал кој делува како прекршени леќи, создавајќи серија од превртени и исправени слики. На Фатаморганата и е потребен канал за да може да постои; термичката инверзија не е доволна сама по себе за да го произведе овој вид на привидение. Додека термичката инверзија може да се појави и без да постои атмосферски канал, атмосферски канал не може да се појави без притоа да има термичка инверзија.

=='''Проучување на Фатаморганата'''==

Ред 15:
Сликата тука покажува шеснаесет фотографски рамки од привидение на Фаралонските острови забележана од Сан Франциско; сите слики се направени во ист ден. Во нормални услови, Фаралонските острови воопшто не можат да се забележат на ова место од нивото на морето, бидејќи се толку многу оддалечени така што се наоѓаат под хоризонтот.
Во првите четиринаесет рамки, елементите на привидението Фатаморгана покажуваат наизменичност на збиени и верижни подрачја. Последните две рамки се фотографирани два часа подоцна, во периодот на зајдисонце. Во тоа време, воздухот беше постуден додека океанот веројатно беше малку потопол, што предизвикало термичката инверзија да не биде толку екстремна како до пред неколку часа. Привидението е сè уште присутно во тој момент, но не е толку комплексно како неколку часа пред зајдисонце: привидението повеќе не е Фатаморгана, туку прераснало во едноставна супериорна илузија.
Привиденијата Фатаморгана се видливо со голо око, но за да можат да се видат и најситните детали во нив, најдобро е да се погледнат со двоглед, или како што е случајот со сликите тука, со фотографски леќи.

=='''Етимологија: легендата за Морган ле Феј'''==

Италијанското име “Fata Morgana” е изведено од името на Морган ле Феј, која е познат и како Морген, Моргеин, Моргана и други варијанти. Морган ле Феј е опишана како моќна вештица и противник на кралот Артур и кралицата Гвиневар во легендата Артуриан. Како што покажува и нејзиното име, фигурата на Морган (ле Феј) првобитно се чини дека е самовила, наместо вистинска жена. Во раните остварувања Морган не се осврна на својата природа, освен што ја опиша својата улога како онаа на самовила или волшебничка. Подоцна беше опишана како жена, полусестра на кралот Артур и маѓепсница.
По решавачката битка на кралот Артур во Камлан, Морган ле Феј го води својот полубрат Артур во Авалон. Во средниот век, предлозите за положбата на Авалон беа дека е подалеку од Глестонбери. Тие ги вклучуваат другата страна од Земјата на спротивните полови, Сицилија и други места на Медитеранот.

Легендите тврдат дека сирените околу Сицилија ги намамувале непретпазливите кон својата смрт. Морган ле Феј не се поврзува само со Етна, туку и со сирените. Во средновековниот романски Артуриан, Флориан е Флорет, таа е наречена “господарка на самовилите на соленото море”. Па, која е Морган ле Феј, што студираше магија, што живее на огнената Етна и во морето истовремено? За што друго е способна? Можеби таа е суштеството коешто ги создава бродовите што летаат над морето и никогаш не се доближува до брегот и златните замоци кои лебдат во воздухот над протоците на Месина коишто никој не бил способен да ги достигн? Замоците кои не се ништо друго освен оптичка илузија-привидение, или таа сама по себе е наречена привидение, Фатаморгана што би се рекло во Италија?
Ред 65:
кој пасе на брегот.

Волтер Чарлтон, во неговата расправа од 1654 “Епикуро-Газендо-Карлтонијана физиологија”, посветува неколку страници за опис на познатата Моргана Реџио, во протокот Месина (Книга III, погл. II, пасус II). Toj забележува дека сличен феномен беше пријавен во Африка од Диодор Сикул, грчки историчар кој пишува во првиот век п.н.е. и дека Фатаморгана Реџио е опишана од Дамаск, грчки филозоф од шестиот век од н.е. покрај тоа, Чарлтон ни кажува дека Атанасиј Кирхер го опиша привидението Реџио во неговата книга на патувања.

Останува барем уште една мистерија за присуството на Фатаморгана во протокот Месина. Сè уште не се прикажани слики на интернет од феноменот. Дури и италијанската статија за Фатаморгана на Википедија користи слика од супериорна илузија на норвешкото крајбрежје. Дали тоа треба да значи дека Фатаморгана ги напушти бреговите на Месина и Реџио?
Спомнувањето на терминот Фатаморганана на англиски, во 1818 се однесува на такво привидение забележано во протокот Месина, помеѓу Калабрија и Сицилија.

*Фатаморгана : чудно привидение кое привремено се забележува на бреговите на протокот Месина, коешто локално и се припишува на самовилата Моргана. Оттука, метафорички, секоја илузорна појава. 1818 во планински предели, измама на видот, Фатаморгана, итн.

*Фатаморгана : чудно привидение кое привремено се забележува на бреговите на протокот Месина, коешто локално и се припишува на самовилата Моргана. Оттука, метафорички, секоја илузорна појава. 1818 во планински предели, измама на видот, Фатаморгана, итн.

=='''Познати легенди и проучувања'''==

Ред 78:
Главна статија: [[Летечки Холанѓанец]]

Летечкиот Холанѓанец, според фолклорот, е брод-дух што не може да си отиде дома, и е навек осуден да плови во океанот. Летечкиот Холанѓанец кој обично се забележува од далеку, некогаш изгледа како да свети налик дух. Како едно од можните објаснувања за потеклото на оваа легенда е привидението Фатаморгана забележано во морето.

Вестите набрзо се проширија низ
Ред 114:
се појави. Морнарите овојпат беа
убедени и никогаш потоа
не веруваа во фантомски бродови.

Објаснувајќи го феноменот на својата екипа, капетанот би можел попрецизно да го користи зборот прекршување наместо рефлексија, бидејќи рефлексијата е резултат на ефектот на прекршување на слоевите од воздухот. Илустрацијата од книга прикажана погоре, е исто така погрешна бидејќи го покажува привидението од десната страна: сликата на привидението никогаш не е поширока од предметот од којшто потекнува. Целото искривување и зголемување предизвикано од овој вид на привидение се јавува во вертикален правец, а никогаш хоризонтално.
Ред 121:
Фатаморгана како супериорна илузија на брод може да се јави во повеќе различни форми. Дури и кога бродот во привидението не изгледа како да виси во воздухот, сепак изгледа како дух и невообичаено и што е уште поважно, постојано се менува при своите појави. Понекогаш Фатаморганата предизвикува бродот да изгледа како да е носен од брановите, а другпат, превртен брод изгледа како да плови над својот “вистински” придружник.

Всушност, со Фатаморганата е тешко да се одреди кој поединечен дел од привидението е “вистинско”, а кое не: кога вистински брод е надвор од видик бидејќи е под линијата на хоризонтот, Фатаморганата може да предизвика неговата слика да се издигне и тогаш сè она што набљудувачот го забележува е привидение. Од друга страна, пак, ако вистинскиот брод е сè уште над хоризонтот, неговата слика може да биде копирана многу пати и искривена од Фатаморганата.

=='''Крокерови планини и Крокерово земјиште'''==

Ред 128:
Најчесто, приказот на Фатаморганата е поврзан со тврди предмети, но дури и морската површина сама по себе може да создаде привидение Фатаморгана под одредени услови, (погледнете ја сликата). Малиот брод од лево изгледа како да може да оди кон десно преку видливиот “ѕид” позади. Но во реалноста, морнарите не го гледаат истиот “ѕид”. Овој ѕид не постои навистина; тој е само привидение за оној што набљудува од брегот. Морнарите на бродот можат или не можат да видат нешто слично во нивниот хоризонт, во зависност од бараните услови. Ако морнарите видат “ѕид” и се обидат да го стигнат, би биле разочарани, бидејќи, како и крајот на виножитото, Фатаморганата никогаш не може да се стигне.
На потполно ист начин, “Крокеровите планини” и Крокеровото земјиште беа видливии арктички земјени маси кои беа вистински “видени”, но коишто никогаш не можеа да се стигнат. Можно е видливите “планини” да се предизвикани од ледените брегови замрзнати во многу мраз. Од друга страна, видливите планини едноставно може да се предизвикани од нерамната површина на самиот лед.

===''Крокерови планини''===

Ред 140:
По чудна случајност, за време на походот во 1906, 88 години после походот на Рос, Роберт Пири ја именува земјената маса како Крокерово Земјиште, за кое верување дека го видел во далечина, северозападно од највисоката точка на Кејп Томас Хабард, која е сместена во она што сега е северната канадска територија на Нунавут. Пири го именува видливиот планински венец по крајот на Џорџ Крокер на клубот Пири арктик. Пири ја процени земјената маса на 130 милји оддалеченост, на околу 83 степени Северно, должина 100 степени Западно.
Сега се знае дека дека нема земја на ова место. Всушност, она што Пири го видел несомнено било привидение на Фатаморгана.

===''Походот на Крокеровата земја''===

Главна статија: [[Походот на Крокеровата земја]]

Во 1913, Доналд Бекстер МекМилан го организираше походот на Крокеровата земја кој тргна да го стигне и истражи Крокеровото земјиште. На 21 април членовите на походот го видоа она што изгледаше како огромен остров на северо-западниотсеверозападниот хоризонт. Како што МекМилан подоцна изјави, “Ридови, долини, врвови прекриени со снег кои се протегаат на најмалку сто и дваесет степени од хоризонтот”.
Пјугатук, член на и ловец на Инуитите, со 20 годишно искуство во оваа област, појасни дека ова е само илузија. Го нарече “пу-џак”, што значи магла. Сепак, МекМилан настојуваше да продолжат понатаму и покрај тоа што беше крај на сезоната и морскиот лед се уништуваше. За петте дена кои продолжија, следејќи го привидението, сè до 27 април, покривајќи некои 125 милји (201 км) од опасен морски мраз, МекМилан беше принуден да признае дека Пјугатук е во право. Крокеровото земјиште беше привидение, веројатно Фатаморгана.
Подоцна, МекМилан напиша:
Ред 152:

Походот собра интересни примероци, но сè уште се смета дека е неуспех и многу скапа грешка. Конечната вредност беше 100 000 $, што претставуваше огромна сума за тоа време.

===''Привиденија кај езерото Онтарио''===

Ред 164:
ПРИВИДЕНИЕ ЗАБЕЛЕЖАНО КАЈ БАФАЛО, ЊУЈОРК. Луѓето од Бафало, Њујорк, беа почестени со значајно привидение, помеѓу 10 и 11 часот, во утрото на 16 август, 1894. Тоа беше градот Торонто со своето пристаниште и мал остров во јужниот дел на градот. Торонто е на 56 милји од Бафало, но куполите на црквата може да се избројат со неверојатна леснотија. Привидението, признато како источна проекција на Торонто, ја обзема целата ширина на езерото Онтарио, Шарлот, предградието на Рочестер. Параход со странични тркала можеше да се забележи како патува по линија, од Шарлот до заливот Торонто. Конечно се установи дека двата темни предмета на Њујоршкиот централен страк помеѓу Луистон и Торонто. Беше забележан и брод што плови и одеднаш исчезна. Полека, привидението почна да избледува, на големо разочарување на илјадниците кои ги преполнија покривите на куќите и деловните згради. Нанос од облаци беше причината за исчезнувањето на привидението. Крајниот преглед на мапата покажа дека привидението не предизвикало ниту најмало искривување, да биде направен совршен постепениот пораст на вода во градот.се проценува дека најмалку 20 000 гледачи го виделе необичниот спектакл. Ова привидение е познато како она од третиот ред; тоа е; предметот пристапува над нивото и тоа не превртена, како сликите од првите и вторите редови, туку како совршен пејзаж далеку во небото. – Американец-научник, 25 август, 1894.

Овој опис можно е да се однесува на појавата што се должи на инверзијата, отколку вистинското привидение.

===''Фатаморгана и НЛО''===

Ред 175:
Како што е познато, атмосферското канализирање е објаснувањето за одредени оптички илузии и особено поларната илузија наречена “фата моргана” каде што оддалечениот океан или површината лед, која во суштина е рамна, му се појавува на гледачот во форма на вертикални колони и куполи, или “замоци во воздух”. Луѓето честопати претпоставуваат дека привиденијата се појавуваат многу ретко. Ова може да е вистина за оптичките привиденија, но состојбите за радарските привиденија се посекојдневни, поради улогата на водената пареа која силно влијае на атмосферското прекршување во однос на радио брановите. Бидејќи облаците се тесно поврзани со високо ниво на водена пареа, оптичките привиденија поради водената пареа често се дадени неоткриени и придружени од непроѕирен облак. Од друга страна, пак, радарското размножување во суштина не е загегнато од капките вода од облаците, така што промените во содржината на водената пареа со надморската височина се многу ефикасни во производство на атмосферско канализирање и радарски привиденија.
Фатаморганата е именувана како можна хипотеза за мистериозниот австралиски феномен Мин Мин светлина.

=='''Фатаморгана во литературата'''==

Ред 214:
Карл Баркс, автор на книгата за деца Чичко Скруџ, раскажува приказна за Скруџ МекДак и неговите внуци во потрага по Летечкиот Холанѓанец: видоа јахта со црвени едра како летаат во небото, но подоцна дознаа дека таа слика е одраз на замрзнат бродолом во леден брег предизвикан од фосфор. Иако приказната не го користи зборот Фатаморгана, го наметнаа описот на ледениот брег и одразот.
Поетот од 18ти век, Кристоф Мартин Виланд пишуваше за “Замоците на Фатаморганата во воздухот”. Идејата за замоци во воздухот е веројатно била толку неодолива што многу јазици сè уште ја користат фразата Фатаморгана за да опишат привидение.

=='''Види'''==