Санторини: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Егејското море → Егејското Море (4) using AWB
Ред 27:
}}
 
'''Санторини''' ({{lang-el|''Σαντορίνη''}}) е мал, тркалезен архипелаг на вулкански острови сместен во јужниот дел на [[Егејското мореМоре]], околу 200  km југоисточно од копното на [[Грција]]. Исто така е познато под името Тера (''Θήρα''). Ја сочинуваат најјужниот член на групата острови [[Киклади]], со површина од приближно 73  km² и според пописот на население од 2001 година со население од 13.670 жители.
 
==Географија==
Го сочинуваат Општината Тира (12.440 жители) и заедницата Ија (1.230 жители, од кои 268 жители со постојано живеалиште на крајбрежниот остров Терасиа, кој се наоѓа на запад). Двата зафаќаат вкупна површина од 90,623  km², каде се вклучени и ненаселените острови Неа Камени, Палeа Камени, Аспрониси и Кристиана (сите се дел од Општината Тира).
Санторини всушност е она што останало од една голема вулканска експлозија, уништувајќи ги раните населби на она што порано било само еден остров и предизвикало да се создаде сегашната геолошка калдера. Неговата спектакуларна физичка убавина заедно со динамичниот ноќен живот го направиле островот во едно од најпривлечните места за туристите во Европа.
 
Големата централна лагуна, повеќе или помалку правоаголна и зафаќа површина од околу 12  km до 7  km, од трите страни е обиколено со 300m огромно високи гребени. Островот се спушта надолу од гребените до Егејското мореМоре кое го обиколува. На четвртата страна лагуната е одделена од морето од еден друг многу помал остров наречен Терасиа; лагуната се соединува со морето на две места, на северозапад и југозапад. Водата во центарот е околу 400м (1300 стапки) длабока, на тој начин правејќи го безбедно пристаниште за сите видови бродови. Сите пристаништа на островот се наоѓаат во лагуната и нема пристаништа во пооддалечениот периметар на островот; главниот град, Фира, е прицврстен на врвот на гребенот која гледа долу во лагуната. Вулканските карпи создадени од поранешната ерупција содржат оливин и имаа значително мало присуство на хорнбленд.
Ова е вулканскиот најактивен центар во Јужниот Егејски вулкански лак, и покрај тоа она што останало денеска е главно калдера полна со вода. Името Санторини му било дадено од страна на Латинската империја во тринаесеттиот век и има врска со Светицата Ирена. Претходно бил познат под името Калиста (Καλλίστη, „најубавиот“), стронгула (Στρογγύλη, „тркалезниот“) или Тера.
Островот е место каде што се случиле најголемите вулканска ерупции што воопшто се случиле на планетата : ерупцијата на Минеја (некогаш се нарекува ерупцијата Тера) која што се случила пред околу 3,600 години во периодот кога минојската цивилизација го достигнала својот врв. Ерупцијата оставила голема калдера која била опкружена со слој вулкански пепел од околу стотици стапки длабоко и тоа можеби довело до пропаѓање на минојската култура на островот Крит, 100 км (70 милји) на југ, со создавање на огромно цунами. Друга позната теорија тврди дека од ерупцијата Тера потекнува легендата за Атлантис.
 
==Историја==
 
===Вулканска ерупција===
Разурнувачката вулканска ерупција на Тера станала најпознат настан кој се случил во Егејското мореМоре и пред падот на Троја. Тоа можеби и била најголемата вулканска ерупција што се случила на Земјава во последниве неколку илјадици години.
Силната ерупција била со центар на малиот остров само малку на север од постоечкиот остров Неа Камени во центарот на калдерата; самата калдера била создадена пред неколку стотици илјади години со паѓањето на центарот на тркалезниот остров предизвикано од испразнувањето на собата со магма за време на ерупцијата. Од тогаш тоа неколку пати се полнело со игнимбрите и тој процес се повторувал неколку пати, најбрзо се случило пред околу 21,000 години. Северниот дел на калдерата повторно бил наполнет од страна на вулканот и потоа пак се срушила за време на минојската ерупција. Пред минојската ерупција, калдера сочинувала скоро продлжен прстен со само еден влез помеѓу малите острови Аспрониси и Тера; ерупцијата уништила некои делови од прстенот помеѓу Аспрониси и Терасија и помеѓу Терасија и Тера, создавајќи при тоа 2 нови канали.
На Санторини може да се пронајдат и резерви на бела [[тефра]] кои се создале при ерупцијата, а се наоѓа до 60 м дебелина покривајќи ја почвата и со тоа го означува нивото на почвата пред ерупцијата и формира слој кој е поделен во 3 сосема различни групи кои укажуваат на различните фази на ерупцијата. Новите археолошки истражувања кои биле правени во 2006 година од страна на екипа странски научници, откриле дека овај настан во Санторини бил дури и поголем отколку што се мислело претходно; тој исфрлил 61км³ магма и карпи во атмосферата на Земјата во споредба со претходно утврдените 39 км³ во 1991 година, создавајќи ги проценетите 100 км³ тефра. Во последниве 5.000 години само вулканската ерупција на Планината Тамбора во 1815 година, ерупцијата на Езерото Таупо во 181 година н.е, а можеби и ерупцијата на планината [[Пекту]] во 969 година н.е испуштиле повеќе материјал во атмосферата.
Ред 50:
Нецелосните ѕидни цртежи во Акротири имаат недостаток на постојаните религиозни или митски содржини кои биле добро познати во класичниот Грчки декор. Наместо, минојските фрески кои ги отсликувале „Сафрон-Гатерерсите“, кои го нуделе прашникот со крокус на седната дама, која можеби била Божица; меѓу другите фрески во друга куќа има антилопи, нацртани со некој вид на сигурни, движечки, декоративни и калиграфски линии, познатата фреска со рибар кој држи двоен конец кој поминува низ шкргите на рибите и флотилата од бродови за задоволство, придружени со делфини кои скокаат, каде дамите седат спокојно во сенката на лесниот балдахин.
Добро зачуваните рушевини на античкиот град често се споредувани со спектакуларните рушевини на Помпеа во Италија. Балдахинот кој ги покривал рушевините се срушил при една несреќа во септември 2005 година, каде животот трагично го загубил еден турист а биле повредени уште 7 други. Наоѓалиштето било затворено сè додека не бил изграден новиот балдахин.
Најстарите знаци за населби со луѓе се од доцниот Неолит (4от милениум или порано), но околу 2000-1650 година п.н.е Акротири се развил во едно од најголемите пристаништа на Егејското мореМоре од Бронзениот период, преземајќи ги делата кои доаѓале не само од Крит туку и од Анталија, Кипар, Сирија и Египет како и од Додеканија и грчкото тло.
 
====Датирање====
Минојската ерупција овозможила точно фиксирана точка во хронологијата во 2 милениум п.н.е во Егејот, бидејќи доказите за тоа дека ерупцијата се случила во регионот и во наоѓалиштето содржат елементи од надворешните култури. Ерупцијата се случила за време на „Доцната минојска IА“ во Крит и врмето на „доцните Киклади I“ на околните острови.
Сепак кога точно се случила ерупцијата не се знае. Присуството на [[радиојаглерод]] укажува на тоа дека ерипцијата се случила околу 1645 и 1600 година п.н.е. Сепак овие датуми не се согласуваат со вообичаените дати од археолошките докази, кои се од 1550 и 1500 година п.н.е.
 
===Античко и средновековно Санторини===
Ред 80:
 
== Претпоставка за поврзаноста со Атлантида ==
Многу лесно може да се види зошто оваа локација е додадена на листата можни места за тоа каде се наоѓал легендарниот град Атлантис.Како што е случајот со повеќето митови, поврзаноста со вистински места се секогаш сомнителни и многу научници често се скептични. Сепак некои археолошки, сеизмолошки и вулканолошки докази (популаризирани во епизодата „Атлантис“ на серијата „Изгубени светови“ на Иторискиот канал) во поглед на Крит, Санторини и описот на Атланрис од страна на Плато, имаат покажано некои поврзаности помеѓу митот за Атлантис и Санторини.
 
== Извори ==
Ред 88:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Градови во Грција]]
[[Категорија:Острови во Грција]]