Реге: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 2:
 
Реге музиката се базира на ритмички стил карактеризиран со акценти на
Оф-битот, познат како Сканк. Реге ритамот е нормално побавен од ска и рокстеди ритмите. Реге музиката обично ги акцентира вториот и четвртиот удар во секој такт, со ритам гитара, или нагласувајќи го третиот удар или држејќи го акордот на вториот удар, додека се свири четвртиот. Главно поради овој "трет удар", неговата брзина и употребата на комплексни бас линии, се диференцира реге од рокстеди музиката, иако подоцни стилови ги споија овие иновации одделно.
 
=== Етимологија ===
 
Во изданието на Речникот на Јамајка од 1967 година, зборот реге е запишан како "неодамна основан Sp. за реге", како и во реге- реге, збор кој може да значи и "партали, парталава облека" или "караница, ред. Реге како музички термин прв пат се појавува во печат во 1968 година со рокстеди хитот "Do the Reggay" од The Maytals, но веќе беше употребуван во Кингстон, Јамајка, како име на еден побавен танц и стил на Рокстеди. Реге артистот Дерик Морган изјави:
 
Нас не ни се допадна името Рокстеди, па се обидов со поинаква верзија на "Дебел Човек". Тоа повторно го смени ритамот, го користи органот да лази. На производителот, Bunny Lee, му се допаѓаше тоа. Тој го создаде звукот со органо и ритам гитара. Тоа звучеше како „реге, реге“ и името едноставно си го зема местото. Bunny Lee започна да го користи светскиот [sic], и наскоро сите музичари велеа „реге, реге, реге“.
 
Реге историчарот Стив Бароу го одобрува Кленси Еклс за менување на Јамајкајканскиот Жаргонски збор streggae (распуштена жена), во реге. Како и да е, Тутс Хиберт кажа:
 
Има еден збор што го употребувавме во Јамајка наречен „streggae ". Ако една девојка се шета и момчињата гледаат во неа и да кажуваат "човеку, таа е streggae" тоа значи дека таа не се облекува добро, изгледа парталаво. Девојките би го кажале истото и за мажите. Едно утро јас и моите двајца пријатели игравме и јас кажав, „Во ред човеку, ајде да направиме reggay. " Тоа едноставно излезе од мојата уста. Па така почнавме да си пееме "Do the reggay, Do the reggay 'и создадовме еден ритам. Луѓето подоцна ми кажаа дека ние му го дадовме името на тој звук. Пред тоа луѓето го нарекуваа плав- удар и на секаков друг начин. Сега е во Гинисовата книга на рекорди.
 
Боб Марли се вели дека тврдел дека зборот реге е дојден од шпанскиот поим „Кралска музика". Главните белешки на една компилација од Христијанско Госпел реге, За Кралот, укажуваат на тоа дека зборот реге е изведен од латинското REGI значење на терминот „за кралот".
Ред 27:
Реге музиката е развиена од рокстеди музиката во 1960-тите години. Преминот од рокстеди до реге беше илустриран со ритамот „шафл“, пронајден од Бани Ли, и беше прикажан во преодниот сингл "Say what You’re Saying" (1967 година) од Кленси Еклс, и "People Funny Boy" (1968 година) од Ли "Скреч" Пери. Траката на „The Pioneers" од 1967 година, „Long Shot Bus Me Bet“, е идентификуванa како најраниот сниман пример на новиот ритам звук кој стана познат како реге.
 
На почеток на 1968 годинa беa пуштени првите оригинални реге снимки: "Nanny Goat" од Лери Маршал и "No More Heartaches" од The Beltones. Хитот од 1968 година на музичарот Џони Неш "Hold me tight", е обележан како прва реге песна влезена на американските топ листи. Во тоа време, почнаа да се јавуваат влијанија од реге музиката во рок музиката. Еден пример на рок песна во која се истакнува реге ритам е песната "Ob-la-Di, Ob-la-Da" од "The Beatles" од 1968 година.
 
The Wailers, бенд склопен од Боб Марли, Питер Тош и Бани Вејлер во 1963 година, е веројатно најпрепознатливиот бенд, кој помина низ сите три фази на транзицијата на раната јамајска популарна музика: ска, рокстеди и реге. Други значајни реге предводници се Принц Бастер, Дезмонд Декер и Џеки Мито.
 
Значајни јамајски артисти, исто така влијателни во развојот на ска, реге и рокстеди музиката се: Коксон Дод, Ли "Скреч" Пери, Лесли Конг, Дјук Рид, Џој Гибс и Кинг Таби. Крис Блеквел, кој ја основал Island Records во Јамајка во 1960 година, се пресели во Англија во 1962 година, каде што продолжи да ја промовира музиката од Јамајка. Тој формираше партнерство со „Trojan Records“, организација основана од страна на Ли Гоптал во 1968 година. „Trojan“ објавуваше снимки од реге музичари во Обединетото Кралство се до 1974 година, кога Saga ја купи издавачката куќа.
 
Филмот од 1972 година „The harder they come“, во кој игра Џими Клиф, предизвика значителен интерес и популарност за реге музиката во САД, а за да се донесе реге музиката на главната сцена, помогна и преработката на Ерик Клептон од 1974 година на песната од Боб Марли "I shot the Sheriff". До средината на 1970-тите години, реге музиката почна да се пушта на радио во Велика Британија во радио емисијата на Џон Пил и тој продолжи да пушта реге во неговата емисија во текот на целата неговата кариера. Она што се нарекува "Златното доба на регето" се совпаѓа приближно со врвот на Roots Reggae музиката.
 
Во втората половина на 1970-тите, почна да се формира панк рок сцената во Велика Британија, и реге музиката беше забележливо влијание. Некои панк диџеи пуштаа реге песни за време на нивните сетови, а некои панк бендови има влијае од реге музиката и во нивната музика. Во исто време, реге музиката почна да оживува во Велика Британија, која продолжи и во 1980тите години, со групи како Steel Pulse, Aswad, UB40, и Musical Youth. Други реге музичари кои уживаа меѓународно обраќање во раните 1980-ти се: Third World, Black Uhuru и Sugar Minott. „The Grammy Awаrds“ во 1985 година воведоа категорија „Најдобар Реге Албум“.
Ред 43:
==== Тапани и други ударни инструменти ====
 
Во реге музиката обично се користат стандарден комплет тапани, но барабанот, најчесто е вклучен многу високо за да го произведе тој кубански -тип на звук. Некои реге тапанари користат дополнителни кубански или високо -наместен барабан за да се добие овој звук. На барабанот најчесто се користи техниката cross stick, и Том-Том тапаните најчесто се приклучени во самиот ритам.
 
Реге ритамот се дели на три главни категории: One drop, Rockers и Steppers стил. Кај One drop стилот, акцентот е целосно на третиот удар на тактот (обично на барабанот, или како rim shot во комбинација со бас тапан). Првиот удар е сосема празен, што е невообичаено во популарната музика. Има некои полемики околу тоа дали реге музиката треба да се смета така што овој удар паѓа на три, односно дали треба да се смета за пола од брзината, така што да паѓа на два и четири. Лерој "Horsemouth" Валас го нарекува тој удар „комбинација 2-4". Многу луѓе го сметаат Карлтон Барет од „The Wailers“ како заслужен творец на овој стил. Еден пример изведен од Барет може да се слушне во песната "One Drop" од Боб Марли и The Wailers. Барет често користи необичен триплет крос- ритам на фус чинелите, кој може да се слушне на многу снимки од Боб Марли и The Wailers, како што е песната "Running Away" на албумот „Kaya“.
Акцент на третиот удар има во сите реге ритми, но кај Rockers ритамот, акцентот е исто така на удар еден (обично на бас тапани). Овој удар произлезе од Sly and Robbie, кои подоцна помогнаа во создавање на "Rab-a-Dub" звукот што имаше влијание на денсхол музиката во голема мера. Прототипичен пример за овој стил можеме да најдеме кај удирањето на тапани на Слај Данбар на песната "Right Time" од „The Mighty Dimonds“. Ударот кај Rockers ритамот не е секогаш едноставен, и често се вклучени разни синкопи во ритамот. Еден пример за ова е песната „Sponji Reggae" на групата „Black Uhuru".
 
Во Steppers ритамот, бас тапанот свири четири цврсти удари во такт, давајќи му на ударот упорен тек. Пример за ова е песната "Exodus" од Боб Марли и „The Wailers“. Друго заедничко име за ударот на Steppers ритамот е "четири на под". Еден од најраните примери за ова е песната „Red, Gold and Green“ од 1975 година на групата „Burning Spear" (со Лерој Валас на тапани). Ударот на Steppers ритамот беше прифатен (со многу повисоко темпо) од страна на некои Дво-Тонски обновени ска бендови од доцните 1970-ти и раните 1980-ти години.
 
Една необична карактеристика на удирањето на тапани во реге музиката е тоа што тапанската целина најчесто не завршува со кулминациски чинел. Во реге музиката се користи широк спектар и на други ударни инструменти. Бонго тапаните често се користат за свирење на слободни, импровизирани шеми, со голема употреба на крос-ритми од афро -стил. ПРАПОРЦИТЕ, синкопите и ШЕЈКЕРИТЕ имаат тенденција за повеќе дефинирани улоги и сет шема.
Ред 59:
==== Гитари ====
 
Гитарата во реге музиката обично ги свири акордите на втор и четврти такт, музичка појава позната како skank или „bang". Сканкот има многу придушен, краток и шкриплив отсечен звук, речиси како ударни инструменти. Понекогаш, кога гитарата сеуштесè уште го свири оригиналниот ритам, се користи двоен удар, но исто така ги свири и следните 8 отчукувања на грлото. Пример за тоа е воведот на песната "Stir It Up" од „The Wailers“. Артистот и продуцент Дерик Хариот вели: "Она што се случи беше вистинско распространување на музиката, но само на одреден вид на луѓе. Тоа секогаш беше нешто на подземјето, но повеќе од само слушање на музика. Опремата беше толку моќна и вибрациите што ги чувствувавме толку силни. "
 
==== Клавијатури ====
Ред 73:
==== Вокали ====
 
Вокалите во реге музиката се помалку дефинирачка карактеристика на овој жанр за разлика од инструментацијата и ритамот, како речиси секоја песна да може да се изведе во реге стил. Сепак, за реге музиката е општо позната појавата да се пее со јамајски жаргон, Јамајски англиски, и Луарик дијалекти. Често се користат вокални хармониски делови, или во текот на мелодијата (кај бендови како што се The Mighty Diamonds), или како контрапункт на главната вокална линија (како кај групата I-Threes). Британскиот реге бенд Steel Pulse користи особено сложени придружни вокали. Необичен аспект на реге пеењето е тоа што многу пејачи користат тремоло (волумна осцилација) наместо вибрато (звучна осцилација). Значајни репрезенти на оваа техника се Денис Браун и Хорас Енди. Вокалниот стил Toasting е уникатен за реге музиката, настанувајќи додека Диџеите импровизираа врз Даб песни, и генерално се смета за претходник на рап музиката. Се разликува од рап музика главно по тоа што е генерално мелодична, додека рапот е обично повеќе говорна форма без мелодична содржина.
 
===== Стиховни содржини =====
Ред 87:
=== Поджанрови ===
 
Главна статија: Реге жанрови
 
==== Реге на почетоците ====
Ред 93:
Раното реге, понекогаш наречено и "скинхед реге" поради својата популарност меѓу работничката класна субкултура во Велика Британија, започнува во доцните 1960-ти, како што влијанието на фанк музиката од американските дискографски куќи, како Стакс, почнаа да го шират свирењето на студиските музичари. Карактеристиката што ја дефинира раната реге музика од рокстеди музиката е "bubbling" органото, претходен стил на свирење, што ја донесе осмата нотна единица поблиску во рамките на ритамот. Гитарските "skanks" ритми на втората и четвртата нота од тактот биле многу почесто дуплирани во студио со користење на електронски ленти(уреди) со ехо ефекти, на тој начин дополнувајќи го двојното чувство на органот bubble. Генерално, беше ставен поголем акцент на ритамот на музиката; растечкиот тренд на снимање на "верзија" на Б-страната на песната, произведе безброј инструменталки, предводени од труба или органо.
Меѓу најпознатите скинхед реге музичари се вбројуваат John Holt, Toots & The Maytals, The Pioneers и Symarip. Преработки на песните на Motown, Stax и Atlantic Records соул песни беа честа појава во скинхед реге музиката, одразувајќи ја популарноста на соул музиката со скинхедси и мод движењето.
 
==== Рутс реге ====
 
Главна статија: Рутс реге
 
Рутс реге е духовен тип на музика, чии стихови се претежно во пофалба на Џа (Бог). Овие лирски теми кои постојано се повторуваат, вклучуваат теми како сиромаштија, отпор кон власта и расно угнетување во своите стихови. Многу песни од Боб Марли и Питер Тош можат да се наречат рутс реге. Креативниот врв на рутс реге музиката беше во доцните 1970ти, со пејачи како Burning Spear, Gregory Isaacs, Freddie McGregor, Johnny Clarke, Horace Andy, Ijahman Levi, Barrington Levy, Big Youth, и Linval Thompson, и бендови како Culture, Israel Vibration, The Meditations, и Misty in Roots, здружувајќи се со различни студио продуценти, како Ли "Скреч" Пери и Коксон Дод. Музички гледано, на песната "Roots, Rock, Reggae" Боб Марли смислува нов стил на "оф бит" музика, каде што се свири такт од шест удари, со гитарско сканкување на четвртиот и шестиот такт. Иако целосно различен од ритамот на ска, рокстеди, реге, сканк, флаерс, рокерс и сите подоцни стилови, овој уникатен ритам се чини дека е толку тесно поврзан со Боб Марли што неколку други го усвоија.
Ред 123:
Дополнителни информации: Диџејство, Хип-Хоп музика и Рапување
Toasting е стил на пеење или зборување во текот на снимката, што за прв пат беше употребен во 1960-тите години од страна на јамајските диџеи како Ју-рој и Денис Алкапоне. Овој стил во голема мера имал влијание врз јамајскиот диџеј Кул Херк, кој го користи овој стил во Њу Јорк, во доцните 1970-ти години, како пронаоѓач на хип-хоп и рап жанровите. Мешани техники применети во Даб музиката, исто така, влијаеле на хип хоп музиката.
 
===== Денсхол =====
Ред 129:
Главна статија: денсхол
 
Жанрот денсхол беше развиен околу 1980 година, со примери како Yellowman, Super Cat и Shabba Ranks. Стилот се карактеризира со тоа што диџејот пее и рапува или реже над чисти и брзи ритми. Рага (исто така познат како рагамафин) и реге фузија, се поджанрови на Денсхол жанрот, каде што инструменталниот дел главно се состои од електронска музика и семплирање. Значајни рага основачи се Shinehead и Buju Banton. Во февруари 2009 година, денсхол со стиховна содржина "навидум експлицитно сексуална и насилна" беше забранета од програмата за радиодифузија на Комисијата на Јамајка.
 
===== Рагамафин =====
Ред 165:
Реге музиката во Нигерија се разви во 1970-тите години. Во 2008 година во Етиопија, се појавија Dub Collosus, и добија широко одобрување. Во Мали, Askia Modibo го спои регето со музиката во Мали, и од страна на Last FM е опишан како "најзначајниот африкански реге музичар кој се појавува на меѓународно ниво во последните пет години". Во Малави, Black Missionaries издаваат пет албуми. Во Брегот на Слоновата Коска, Tiken Jah Fakoly го спојува регето со традиционалната музика. Алфа Блонди, од Брегот на Слоновата Коска, пее реге со религиозни текстови.
Во Јужна Африка, реге музиката одигра обединувачка улога меѓу културните групи во Кејптаун. За време на годините на апартхејдот, музиката спои луѓе од сите демографски групи. Лаки Дјуб, сними 25 албуми, спојувајќи го регето со музичкиот стил Mbaqabga. Кампот Marcus Garvey Rasta во Филипи многумина го сметаат за реге и Растафари центар на Кејптаун. Многу реге бендови свират редовно во општинските центри како Zolani центарот во Нианга.
 
==== Азија и Пацификот ====
 
На Филипините, неколку бендови свират реге и Денсхол музика во стил верен на тој во Јамајка. Нивната музика се нарекува Пиноу реге. Реге во Јапонија се појавува во почетокот на 1980-тите години. Реге музиката, исто така станува се поприсутна и во Тајланд. Настрана од реге музиката и Растафари влијанието, присутни се повеќе на Тајландските острови и плажи, вистинската реге суб-култура пушти корења во Тајландските градови и населби. Многу Таи артисти, како Job 2 Do, ги задржуваат живи традицијата и идеалите на реге музиката во Тајланд. До крајот на 1980-тите, локалната музичка сцена на Хаваите е доминирана од Jawaiian, локална форма на реге музиката.
 
==== Австралија ====
Ред 176:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Музички жанрови]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Реге