Хесиод: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: language=German → language=de using AWB
Ред 1:
[[File:Seneca.JPG|thumb|250px|Античка бронзена биста, т.н. псевдо-Сенека, а сега се смета дека е имагинативен портрет на Хесиод<ref>{{cite book |author= Erika Simon |title= Пергамон и Хесиод |language=Germande |location= Mainz am Rhein |publisher= Philipp von Zabern |year=1975 |oclc=2326703}}</ref>]]
'''Хесиод''' ({{lang-gr|Ἡσίοδος}}) — старогрчки поет, чии дела се едни од главните извори за [[грчка митологија|грчката митологија]]; кој живеел и творел меѓу 750 и 650 г.п.н.е., приближно во истото време со [[Хомер]].<ref>West, M. L. ''Теогонија''. Oxford University Press (1966), page 40</ref><ref>Jasper Griffin, ''Грчките митови и Хесиод'', J.Boardman, J.Griffin and O. Murray (eds), ''The Oxford History of the Classical World'', Oxford University Press (1986), page 88</ref> Тој, за првпат го употребува првото лице (самиот себе) во своето творештво како еден од ликовите во делата.<ref>J.P. Barron and P.E. Easterling, „Хесиод“ in ''The Cambridge History of Classical Literature: Greek Literature'', P. Easterling and B. Knox (eds), Cambridge University Press (1985), page 92</ref> Современите проучувачи, освен што го сметаат за вреден извор на грчката митологија, исто така, го сметаат и за зачетник на земјоделските техники, раната економска мисла (понекогаш и за прв економист)<ref>Rothbard, Murray N., ''Економската мисла пред Адам Смит: Австриска перспектива на историјата на економијата, Том. 1,'' Cheltenham, UK, Edward Elgar Publishing, 1995, pg. 8; Gordan, Barry J., ''Економските аналитичари пред Адам Смит'' (1975), стр. 3</ref>, астроном и историчар.
 
==Живот==
[[File:Moreau, Gustave - Hésiode et la Muse - 1891.jpg|thumb|250px|„Хесиод и музата“ од Густав Моро]]
Уште од античко време е вообичаено животот на Хесиод да се врзува со [[Хомер]]. Според [[Херодот]], тие двајца им ги дале боговите на [[Хеленистички период|Хелените]]. Сепак, во научните кругови сè уште не е јасно чија поезија е постара. Нововековната традиција предност ѝ дава на Хомеровата поезија, временски поставувајќи го нејзиното создавање во подолг период пред VIII в.п.н.е., додека, пак, поезијата на Хесиод ја сместува во времето кон крајот на VIII век пред нашата ера.
Оваа теза се должи на примери од кои треба да се види дека Хесиод тешко може да се разбере доколку не се познава Хомер. Но, првите сомнежи дека оваа теорија е точна се јавуваат зашто во античката традиција никаде недвосмислено не се тврди дека Хомер е постар од Хесиод. Дури, Херодот прв го спомнува Хесиод, а потоа Хомер, исто постапува и комедиографот [[Аристофан]]. Од еден легендарен приказ на поетски натпревар, кој веројатно е од подоцнежен период, имаме упатување на еднаква старост на двајцата поети, зашто тие се јавуваат како соперници.<ref name="ReferenceA">Митевски, Витомир, „Дела и дни“ од Хесиод, „На исконот на хеленската духовност“ предговор кон делото, Култура, Скопје, 1996</ref>
 
Како и да е, податоци за животот на Хесиод црпиме од неговите дела, оние што му се припишуваат. Таткото на Хесиод бил од Кима во [[Ајолија]] (на брегот од [[Мала Азија]]) и се занимавал со поморска трговија, но се преселил во Аскра, село на југоисточните падини на планината [[Хеликон]], близу градот Теспиј во [[Бојотија]], каде почнал да се занимава со земјоделие. Најверојатно во Аскра е роден Хесиод, кој не го сакал родното место опишувајќи го како „плачевно село, тегобно зиме и лете, а пријатно в ниедно доба“ (''Дела и дни''). Истиот еп (Дела и дни), сведочи дека по смртта на таткото, Хесиод спори со својот брат Персе, кој успеал со подмитување на судиите да приграби многу поголем дел од наследството (имотот). Но, Персе не успеал умно да го искористи својот имот, па дошол кај брата си да бара помош, што Хесиод ќе го искористи во делото каде ќе му дава разни совети.
При крајот на епот, дознаваме и дека Хесиод учествувал на поетски натпревар во Халкида (на островот Евбоја) како како аојд (поет-пејач) ја освоил првата награда и го добил триножецот. Оваа награда ја посветил на хеликонските музи (музите од планината Хеликон) благодарен што го научиле да пее прекрасни песни.
 
Податоците од разни легенди ни кажуваат дека Хесиод умрел во Аскра. Подоцна, местото било разурнато од соседните теспијци, па преживеаните жители се прибрале во градот Орхомена. По налог на едно пророчиште, орхомењаните ќе ги пренесат посмртните останки на поетот од Аскра во центарот на својот град. [[Аристотел]] сведочи дека гробот со натпис бил поставен спроти гробот на Миниас, херојот [[епоним]] на орхомењаните, што покажува колку тие го ценеле поетот.
 
За времето во кое живеел Хесиод нема поблиски податоци, но фактот дека Семонид од Аморгос, поет од VII в.п.н.е. е очигледно инспириран од едно место на епот „Дела и дни“ укажува дека Хесиод веројатно живеел кон крајот на VIII век пред нашата ера.<ref>Митевски, Витомир, „Дела и дни“ од Хесиод, „На исконот на хеленската духовност“ предговор кон делото, Култура, Скопје, 1996<name="ReferenceA"/ref>
 
==Творештво==
Ред 40:
 
{{Main|Дела и дни}}
''Дела и дни'' е поема составена од 828 [[стих]]а во [[хексаметар]], а обработува две основни теми, за правдата и трудот, како и неколку други мотиви. По обраќањето кон [[музи]]те на почетокот од епот, следува личното обраќање на Хесиод (во прво лице еднина) до брата си Персе поради спорот околу неправедно поделениот имот од таткото. Следуваат два мита: за [[Прометеј]] и [[Пандора]] (потеклото на сите зла) и за петте рода (златниот, сребрениот, бронзениот, херојскиот и железниот, поврзани со правдата). Потоа има една куса басна за јастребот и славејот (за насилникот и потчинетиот), по што повторно му се обраќа на брата си каде директно зборува за правдата и последиците од нејзиното непочитување. Преку сликата на градовите каде во едниот се почитува, а во другиот не се почитува правдата, доаѓа до мислата дека луѓето се разликуваат од животните токму во тоа, зашто [[Зевс]] им ја дал правдата на луѓето. Од темата за правдата поетот се префрлува на темата за трудот, величајќи го, а понатаму дидактички советува и ја велича чесноста и побожноста. До крајот на епот ги опфаќа и темите за: потребата од воспоставување ред во извршување на работите, водење на домаќинството, земјоделството, совети за животот преку зима, преку пролет и лето, редот во животот на морепловците, советите за женидба, за односите со најблиските, за почитување на обичаите и верските забрани, и завршува со тоа кои се среќни, а кои несреќни денови.
 
===''Теогонија''===
Ред 55:
{{Commons category|Hesiod}}
* {{gutenberg author| id=Hesiod | name=Хесиод}}
 
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Старогрчка митологија]]
[[Категорија:Старогрчки поети]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хесиод