Дивље: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
| карта = Дивље во Општина Петровец.svg
}}
'''Дивље''' — село во [[Општина Петровец]], во областа [[Скопска Блатија|Блатија]], вонедалеку околината на градод [[Скопје]].
 
== Географиja и местоположба ==
Ред 21:
 
На 35 километри североисточно од Скопје, на надморска височина од 853 метри, во селото Дивле човек навистина може да си ги одмори и мозокот и душата. Се вози многу, мислиш одиш до Охрид, и тоа преку стрмните висини на Стража. Ушите секоја секунда се затнуваат од притисокот. Треба да се поминат многу брда, додека се стигне до Дивле, затоа што е високо на планината наречена Грдиштанска. Поточно, речиси на нејзиниот врв Венец.
Потоа се стигнува до Дивле. Има една селска чешма со прекрасна вода и спомен-плоча. Има и една табла на која пишува "Добре„Добре дојдовте во Дивле, чувајте ја природата"природата“. Порано, кажуваат селаните, имало една друга на која истиот поздрав го пишувало на англиски. На селаните не им е јасно зошто бил на англиски, бидејќи никогаш не им доаѓале странци.
 
Опкружено од 7 ридови, на кои има седум, и по стотина години стари крстови, Дивле во овие краишта важи за православна мека. И не само за тоа, се фалат селаните, туку и за комитско гнездо, затоа што, на времето, во турско, во селото се родиле и загинале многу комити. Селото се наоѓа на висина каде што се гледаат 4 околии: Скопската, Велешката, Кумановската и Светиниколската. Никој не знае зошто селото се вика Дивле, но претпоставуваат, како што им кажувале старите, затоа што се наоѓа во дивина.
Седумте камени крстови на тумбарките, велат мештаните, се најголемото обележје на Дивле. Секој крст се вика по некој светец. Така има св.Спас, св.Илија, св.Петка, св.Атанас, св.Недела, св.Богородица и св.Кирил. Некои се стари по сто, двесте години, можеби и повеќе. Дури и најстарите жители во селото не знаат да кажат колку. Крстовите, како што раскажуваат постарите, се ставани за да се обележи територија, односно, за да знаат и да видат сите дека во таа месност живеат христијани. Турците, порано, кога ќе освоеле некој рид, ги уривале крстовите, но мештаните, потоа, кога ќе ги истерале, пак ги граделе.
Селото кое датира некаде од 14 век, сега е речиси празно. Прв жител на селото, според прикаските, бил некој поп од Прилеп, и живеел во старата црква "Св„Св.Богородица" Богородица“. Таа, според некои записи, е исто од 14 век, и претходно, во времето на Турците, била под земја, бидејќи османлиите не давале црквите да се градат над земја. Преданијата за попот, велат селаните, можеби се точни, бидејќи ден-денес во дворот на црквата има стари гробови без имиња. А таму изгледа се закопани и монаси, бидејќи во овој крај најпрвин било развиено монаштвото.
 
Денес во селото има малку мештани кои живеат постојано. Има многу викендаши. Повеќето куќи се распаѓаат. Градени се од камен и со тесни мали прозорчиња.
Ред 33:
 
Чичко Гавро раскажува како се запустело селото.
"Пред„Пред 25 години се иселија 368 семејства. Се иселија од сиромаштија, немаше вода во селото. Тогаш имаше кампања за селење на луѓето од село во град, па ги собираа за да работат во индустријата. Им викаа: "Ќе„Ќе дојдеш од работа, ќе се искапиш и ќе си читаш весник"весник“. Најмногу се вработија во Железара. И така дојде време Железара да се растури, па сега истите тие ги гледаме како доаѓаат понекогаш пак во Дивле. Садат кромид, салатка. Сиромаштија. Не можат ништо друго, зашто нема вода за вадење"вадење“, вели Гавро.
 
Тој, како и многу други од неговата генерација, има учено во селското училиште "Свети„Свети Кирил и Методиј"Методиј“. Тогаш, пред неколку децении, селото живеело во полн ек. Денес од училиштето е останата само руина и тешко може да се замисли дека некогаш таму имало детски џагор.
Чичко Гавро кажува дека пред една година, по којзнае колку години, во селото дошла невеста и родила бебе. Каде ќе учи бебето кога ќе порасне, не се знае, но Гавро претпоставува некаде долу, во Петровец.
 
Во селото ако нешто вирее, тоа се само [[грав]], [[компир]] или [[грашок]]. Гравот не е некоја вообичаена сорта, туку оној што не бара вода - „чучавец“. Некои селани денес прават [[биено сирење]], но Гавро вели дека не е баш многу убаво. "Многу„Многу е солено и ќе ти скрши глава"глава“, се смее тој.
 
Порано во Дивле се одлгледувало многу памук и афион. Селаните им го продавале афионот на дрогериите, но потоа, кога наркоманијата зела замав, државата станала свесна, па забранила да се одгледува.
 
Тетка Василка, кога е во селото, се занимава со тоа што одгледува грашок, сорта тритон и малку кромитче. Немаат бунар во дворот, па не може да си дозволи нешто повеќе да засади. За разлика од нив, многу куќи имаат бунари. Пред неколку години, нивните комшии нашле бунар во нивниот двор. Почнале да го копаат, и излегло дека којзнае од кога е стар, но дека долго време бил запретан. Велат, сигурно повеќе од 100 години. Кога излегла камената конструкција на бунарот на виделина, чичко Гавро, кој му правел друштво на комшијата, си нашол едно старо грне во бунарот. Грнето сега е дел од колекцијата на Гавро. Тој има хоби да собира стари работи. Има најдено еден камен со хиреоглифи, кога копал гаража во дворот. Во тоа време му дошол некој студент по карпологија и го сликал каменот бидејќи, како што му рекол, стар е илјадници години. Сега Гавро не ни знае каде е каменот. Се трудеше да го најде, ама не можеше. Вели: "Којзнае„Којзнае каде е, некаде меѓу сите камења во дворот"дворот“. Внатре во куќата тој има се и сешто. На sидот има еден стар нож од Балканските војни, кој се става на пушка. Го нашле во Пирава, во селото на Василка. "Којзнае„Којзнае што се е правено со овој нож!", вели Гавро, ама пак си го чува внатре, над сликата на дедо му, сликан како пасе овци. Дедо му на Гавро, се што имал му оставил. Едно котле старо 140 години од кое пиел козјо млеко, тава за пржење чварки со долга рачка, "копанка"„копанка“ каде се замесувало тесто за тиганици, "шарлаган"„шарлаган“ каде се чувал густ зејтин кој се користел само за Велигден и за слави, шарена торбичка која се носела кога се канело за свадби, бројаници.......Гавро не пие козјо млеко од котлето, ама кажува дека е многу здраво, зашто дедо му од тоа млеко живеел 103 години.
 
Селска слава е Св. Петка, на 8 август. Тогаш доаѓаат многу луѓе, но не само во него туку и во старата црква "Св„Св. Богородица"Богородица“ и ево дна друга, која е долу, на патот кон селото - "Св„Св. Недела"Недела“. Се готви во манастирот кој се наоѓа на едното брдо, на местото каде то претходно имало крст. Манастирот му се сонил на некој пред многу години, дошол и го изградил. Сега крстот е внатре во манастирот. Навистина, претходно, вели Гавро, човекот лежел затвор, затоа што во комунизмот "ни„ни на сон"сон“ не смеело да ти текне да градиш црква или манастир.
 
Секои петок, сабота и недела до селото оди автобус на ЈСП број "69". Имаат и улично осветление и телефон. Селото полека се претвора во монденско место, затоа што некои млади, чии родители имаат плацеви или стари куќи, сега градат големи и нови вили.
Оние мештани што се уште чуваат овци, си имаат проблеми со волците. Овчарите ги бркаат со петарди. Мечки во селото нема, иако има едно место, близу еден од камените крстови, кое се вика Мечкоица. Сепак, она што им е најголем проблем на луѓето што живеат во Дивле е водата. Имаат цевки, ама немаат вода. Пред неколку години локалната власт им ставила цевки, но не им пуштила вода. И самите не знаат зошто. Гавро вели, затоа што нема гласачко тело во Дивле, вкупно 35 души, па партиите"немаат „немаат интерес да ги лажат"лажат“.
 
== Историja ==
Историјата на ова село е прилично нејасна. Постојат голем број анкети и истражувања од кои најверодостјна е легендата за владетелот Дими. Се смета дека тој бил голем восјсководец во соседните села пред долго време( пред околу 300 години). Со својата војска, успеал да стигне до селото и да го освои, со што му припаднала најубавата девојка од Дивле позната под името Љупка. Ова село има едно поголемо обележје, "„Димиевите Димиевите кули "кули“, кој се малку по длабоко во шумата близу селото.
 
== Стопанство ==
Ред 73:
 
;Цркви
* [[Црква „Св. Богородица“ - Дивље|Црква „Св. Богородица“]] - главна селска црква.
* [[Црква „Св. Петка“ - Дивље|Црква „Св. Петка“]]
* [[Црква „Св. Илија“ - Дивље|Црква „Св. Илија“]]
Ред 84:
 
== Култура и спорт ==
Во селото постои [[планинарски дом]] и голманска[[голман]]ска школа.
 
== Иселеништво ==
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Дивље