Бонски преглед: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 11:
 
Поради ова, научната заедница решила да го дополни каталогот со уште два астрометриски прегледи извршени од [[опсерваторија|опсерватории]] на [[јужна полутопка|јужната полутопка]]: [[Кордоба (Аргентина)|Кордоба]] ([[Аргентина]]) и [[Кејптаун]] ([[ЈАР]]).
Кордопскиот преглед (''Cordoba Durchmusterung'', ''CD'') е направен визуелно (како и BD), но Кејпскиот фотографски преглед (''Cape Photographic Durchmusterung'', CPD) е спроведен со тогаш новата [[фотографија|фотографска]] техника, која штотуку се покажала како способна на доволна уточнетост. Јужните [[ѕвезда|ѕвезди]] се означени со броеви со претставките CD и CPD слично како системот на BD.
 
По неколку десетлетија каталозите на овој преглед се покажале како недоволно уточнети. За да се воспостави поточен [[појдовен систем]] за Бонскиот преглед, кон крајот на XIX век астрономите и [[геодезија|геодетите]] почнале да работат на [[небесен координатен систем|небесниот фундаментален координатен систем]] заснован на оската на [[Земјино вртење|Земјиното вртење]], пролетната [[рамноденица]] и [[еклиптика|еклиптичката]] рамнина. Овој астрометриски проект довел до создавањето на [[Фундаментален каталог|Фундаменталниот каталог]] на [[Берлин]]ската опсерваторија, кој служел како точна координатна рамка за BD и AGK. Истиот е осовремен во 1920-тите (FK3, средна уточнетост ±1"), па до 2000 FK6 со последователни чекори на астрогеодезијата (уточнетост 0,1"). Заедно со [[радиоастрономија|радиоастрономските]] мерења на FK6, уточнетоста станала поголема од ±0,1".