Шталковица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 188.146.224.121) и ја поврати преработката 3854246 на Brsjakovski
Нема опис на уредувањето
Ред 9:
| име=Шталковица
| општина=[[Општина Пробиштип]]
| популација=44
| поштенски број=
| надморска височина=
Ред 20:
== Географиja и местоположба ==
 
Селото Шталковица како и неговите соседни села [[Ратковица]], [[Зеленград]], [[Јамиште]], [[Емирица]], [[Кнежево]] и други се изразито планински села од познатата историска [[Злетовско-пробиштипски регион|Злетовска област]]. За разлика од претходно наведените села, Шталковица е на значително помала надморска височина. Затоа што висовите од планината [[Пониква]], западно од исто така познатата Раткова скала постепено преминуваат во поблаги висови кои по [[Злетово]] и [[Турско Рудари]] ја отпочнуваат брановидната алувијална рамнина околу [[Злетовска Река]]. Самата населба е сместена, освен неколку домови, на десниот брег на [[Шталковска Река]]. Инаку селото има доста извори и во повисокиот и во понискиот дел, а климата е, поради влијанието од [[Брегалница]] и [[Злетовска Река]], е [[умереноконтинентална клима|умереноконтинентална]].
 
== Историja ==
 
Шталковица е едно од најстарите населби во Злетовската област. Самото име Шталковица зборува за тоа дека е од несомнено [[Саси|саксонско]] потекло (од [[Германски јазик|германскиот]] збор ''штал'' - [[челик]]. Имено, во периодот од владението на Деспот Оливер во Злетовска област е посебно развиено рударството. Така да во средината на 13 век Сасите отпочнуваат со рудокопи во Шталковица и соседното Рудари (кое подоцна со иселување на христијаните ке стане Турско Рудари).
 
Инаку, и во самата селска традиција постои предание како селото првин се наоѓало во месноста Стара Шталковица, на просторот каде минувал стариот каравански пат за [[Пауталија]] ([[Ќустендил]]). Пак, по истите преданија а овој пат потврдени и од историски извори кои се однесуваат за [[Голема турска војна|Австро-турската војна]] од 1689 година и [[Карпошово востание|Карпошовото востание]], Стара Шталковица е изгорена, населението е уништено или разбегано во тешко достапните планински предели. Во поствостаничкиот период и амнестијата преживеаните шталковчани се населуваат на местото на сегашната населба.
Ред 38:
Не е познато која година но,се памети дека султанот му подарил на селото една шума од 100-ина хектари. И таа шума подоцна кога на големо ќе отпочнат црковните и националистички пропаганди на Србија и Бугари, меѓу населението од Шталковица, и зависта за пасиштата на [[Турци|Турците]] од соседното [[Турско Рудари]] ќе биде и посреден и непосреден повод за грабежи, насилија и опожарување, на уништивање на имото и човечки жртви.
 
За време на политичките пропаганди и обиди за денационализација на “рајата“ меѓу [[Бугарија]] и [[Србија]], Шталковица иако село од триесетина домови не останало по странанастрана. Еден селанец Стојо Шестопрстијо прв ја „донел„„донел“ српската пропаганда, односно српската партија со што селото ја прифатило Патријаршијата како свој духовен покровител“. Во 1900 година Шталковчани некое време се откажале од Патријаршијата и ја прифатиле Егзархијата.
 
Во последните години од турското владение селото е три пати опожарувано од страна на комитите, убивани се и повидни луѓе, репресалии и грабежи со цел селаните да се откажат од патронатот на Патријаршијата и да преминат под Егзархијата. Посебно се драстични ограбувањата на се што ќе им дојде до рака: храна,фураж за стоката, стока, живина итн. од страна бугарската окупаторска власт.