Јонче Чинговски: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Јонче Чинговски''' (6 февруари 1926, Белгошти, Охрид - 8 февруари 1983, Скопје) — македонс...
(нема разлика)

Преработка од 21:58, 27 февруари 2020

Јонче Чинговски (6 февруари 1926, Белгошти, Охрид - 8 февруари 1983, Скопје) — македонски ентомолог, доктор на биолошки науки.

Биографија

Јонче Чинговски бил роден во Велгопти, Охрид на 6 февруари 1926 година. Во 1946 г. се запишал на Филозофскиот факлутет во Скопје по завршување на основно и средно образование во Охрид, тој дипломирал по биологија во 1953 г. Први негови работни места биле како професор и наставник по биологија во Средното земјоделско училиште во Битола и во гимназијата во Прилеп. Во 1955 г. Чинговски бил поставен како кустос во Природнонаучниот музеј на Македонија во Скопје, каде што за кратко време станал раководител на Ентомолошкото одделение, а во 1958 г. бил назначен за виш кустос. Во овој период тој работел и на својата докторска дисертација „Биолошки и еколошки проучувања на бадемовата лисна оса Paleocimbex quadrimaculata Müll. во Македонија“, кое го одбранува на Природно-математичкиот факултет во Скопје во 1963 г., со кое што станал доктор на биолошките науки. Во 1974 г. тој е избран за виш научен соработник, а година подоцна и во највисоката позиција на музејот, кустос советник.

Научно истражување

Тој во текот на својот живот имал објавено 25 научни труда, во кои биле обработени над 50 видови на растителни оси кои биле нови во ентомофауната на Македонија и Југославија.