Прва балканска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 269:
Планот предвидувал доколку османлиските сили успешно се пресметаат со бугарските војски, да се преземе офанзива врз Царството Бугарија по двата брега на реката [[Марица]], освојување на Хасково и Трново со Сејмен (Симеоновград), како и потиснување на бугарската армија кон север во правец на [[Стара Планина]]<ref>ВБТ, т. I, стр. 428-429.</ref>. Меѓутоа, османлискиот план не го предвидел настапувањето на Третата бугарска армија во правец на [[Лозенград]]<ref name="erick80"/>.
 
Против српско-бугарската офанзива во Македонија била сконцентрирана '''Вардарската армија''' на чело со [[Зеки Паша]], кој сметал дека главниот српски напад ќе биде извршен во правец на [[Врање]]. Отука, Зеки Паша ги собрал своите главни сили (V, VI и VII корпсус - вкупно околу 58.000 луѓе) за против напад во реонот [[Штип]] и [[Куманово]]. '''Струмскиот корпус''' во јачина од 28.000 војници.<ref name="vbt1-511">ВБТ, т. I, стр. 511.</ref>, трбало да изврши помошен напад во [[Кресненска Клисура|Кресненската клисураКлисура]] против Втората сојузничка армија и на тој начин д аго обезбеди десното османлиско крило во борбите околу [[Куманово]] и [[Врање]].<ref>Erickson, стр. 173.</ref><ref>Hall, стр. 47-48.</ref>
 
Против грчките сили требало да се спротивстави '''Јанискиот корпус''' во јачина од 22.000 војници под команда на Еасат Паша кој имал задача да ги одбрани Епир и Јужна Албанија. VIII корпус во јачина од 29.000 војници и под команда на Хасан Тахсин Паша го преградил преминот помеѓу [[Тесалија]] и [[Солун]]<ref>Erickson, стр. 214-216.</ref>. Во Северна Албанија во борбите против црногорските сили и одбраната на Скадар биле сконцентрирани 25.000 војници <ref name="vbt1-511"/>. Сите османлиски сили западно од реката [[Места]] ја формирале '''Западната армија''' под команда на [[Али Риза Паша]]<ref>Erickson, стр. 163-164.</ref>.
Ред 423:
{{Цитат|'''Освојувањето на Солун се очекува во последните 24 часа, меѓутоа објавувањето дека грчката војска вчера вмарширала во градот доведе до силни изливи на емоции и радост. Најпрво Атина, а потоа и останатите делови на Грција, после големите случувања почуствуваа неопишливо олеснување кое избива од душата на целата (грчка б.н) нација. Никој не можеше да верува дека во војната против Турција грчката војска толку брзо победоносно ќе влезе во овој најголем македонски град. А оваа победа - чии губитоци после долгите и тешки борби сразмерни на нејзиното значење, посебно во овој период на годината кога непријателот, повлекувајќи се, ги уништи мостовите па војската се бореше со надојдената река - добива уште на значење поради иронијата со која европското мнение во почеткот ја прими објавата на грчко - турската војна и поради бројноста на непријателските војници против кој се бореше нашата војска. Грчките војници први го ослободија македонскиот град, како некогаш турските, но во суштина, секогаш грчки провинции, па нивното население, кое до вчера беше под турска доминација, сега конечно може слободно да диши. Робовите можат да ги кренат главите и да ја слават својата слобода. Грчката крв која е пролеана во оваа борба дојде како капка роса за да го оживее овеаното цеќе на македонската слобода. Поради тоа никој не е тажен. Родителите кои ги изгубиле синовите во светатат борба за својата земја ја благословуваа својата среќа, а ако некоја мајка пролеала солза, тоа било само затоа што разбрала дека смрта на нејзиниот сакан син ја донесе слободата на илјадници наши браќа. А ако помладите браќа искажуваа тага, тоа беше само затоа што самите немаа среќа да учествуваат во таа благородна победа. Остварувањето на идеалот на нацијата, барем за некој сонародници, создава општо чуство, на неограничена радост. Секое грчко чуство, секоја грчка душа, каде и да се наоѓа на планетата, сега се свртени кон полињата на Македонија. Со влегувањето во Солун, грчката војска додаде уште една славна страница во грчката историја и стекна ново почитување на својата сила.'''<ref>Емброс, Атина, 27 октомври 1912.</ref>}}
 
Од север кон [[Солун]], настапувала Седмата бугарска дивизија која стигнала неколку часа по пристигнувањето на грчките сили. Офанзивата на Седмата бугарска дивизија започнала на 5 октомври со освојувањето на [[Царево село]] и [[Горна Џумаја]]. Десната колона на 11 октомври го освоила [[Кочани]], а централната и левата колона ја зазеле [[Кресненска Клисура|Кресненската клисураКлисура]] на 14 октомври, при што бил поразен Струмскиот османлиски одред<ref>ВБТ, т. VI, стр. 100-104, 106-111, 113-120.</ref>. Следниот ден, офанзивата била запрена со наредба командантот на Втората сојузна армија, генералот Степановиќ.
 
Три дена подоцна, на 18 октомври, заменик командантот на бугарската армија, генералот Савов ја поништил наредбата на српскиот генерал и издал наредба за настапување кон Солун. На 22-23 октомври, бугарските сили ја преминале [[Рупелска Клисура|Рупелската клисураКлисура]], а на 27 октомври се наоѓале кај [[Ајватово]] на 12 километри од [[Солун]]<ref>ВБТ, т. VI, стр. 122, 126-127, 131-136, 182-184, 190-193.</ref>. При овие операции, источното крило на Рилската дивизија била обезбедувана од Родопскиот одред кој го зазел преминот на 11 октомври, Неврокоп (18 октомври) и Сер (25 октомври). По падот на [[Солун]], Родопскиот одред учествувал во офанзива кон исток во правец на [[Скеча]] и Ќумурџина<ref>ВБТ, т. VI, стр. 32-44, 50, 171-181.</ref>.
 
=== Поразот на Османлиите во Родопите и Западна Тракија ===