Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Селска чешма“

::::Јазикот е жива материја којашто постојано се менува и тоа треба на сите да ни биде совршено јасно. Но, за разлика од некои говорници кои јазикот го загрозуваат со нивниот личен речник којшто вклучува зборови како „френд“, „темплејт“, „ивент“ и „дедлајн“, на Википедија на македонски јазик постои група којашто сочинува значителен дел од активната уредувачка заедница и се залага за употреба на изворни македонски зборови, како и воведување на соодветни македонски изрази за новосоздадените поими поврзани со технолошките откритија. За жал, живееме во општество во коешто првата група се прогресивни интелектуалци, а втората група се шарлатани кои не си го познаваат јазикот.--[[User:Kiril Simeonovski|Kiril Simeonovski]] <small>([[User talk:Kiril Simeonovski|разговор]])</small> 16:16, 7 февруари 2020 (CET)
:Еве сега има нов глагол во англискиот meghan markled,https://www.theguardian.com/lifeandstyle/2020/jan/24/to-meghan-markle-verb-how-to-use-it, на овој начин и во нашиот јазик може да се воведуваат нови зборови, и оние глупости дека највница е хрватски збор се апсурдни, бидејќи на сите јужни словенски јазици изведенката од најава ќе биде најавница, најавник.--[[User:Инокентиј|Инокентиј]] <small>([[User talk:Инокентиј|разговор]])</small> 16:26, 7 февруари 2020 (CET)
:патем објаснете ми како ова не ви предизвикува револт статијава со овој поразителен наслов [[НБА Руки на годината]], наместо да биде НБА почетници на годината, стои оваа грдосија пренесена од англискиот.--[[User:Инокентиј|Инокентиј]] <small>([[User talk:Инокентиј|разговор]])</small> 16:35, 7 февруари 2020 (CET)