Пробиштип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Бришење на "Споменик-рудар_во_Пробиштип.jpg", беше избришана од Заедничката ризница од страна на Fitindia поради: per [[:c:Commons:Deletion requests/Files uplo
Ред 120:
 
=== Средновековен период ===
 
[[Податотека:Споменик-рудар во Пробиштип.jpg|алт=Споменик посветен на рударите од околината на Пробиштип|лево|мини|Споменик посветен на рударите од околината на Пробиштип]]
Оваа населено место е едно од постарите села во Злетовската област, чиј постанок датира од почетокот на 14 век. Почетокот на неговото настанување директно е поврзан и со името на ова село. Имено, настанувањето и името на ова село најверојатно се заснова на името на родот Пробиштитови, кои на тоа место имале свој имот, а тоа е времето кога овие краеви биле во составот на средновековната [[Кралство Србија (средновековно)|Српска држава]]. Тоа поконкретно се потврдува и врз основа на еден документ од 1350 година, во кој се споменува, името на некој Иван Пробиштитовиќ, кој купил некој имот во [[Штип]], а живеел на имотот на просторот на сегашното село Пробиштип. Најверојатно со спонтана јазична модификација, според името на Пробиштитовиќ, под влијанието на близината на градот [[Штип]], место Пробиштитовиќ се употребува Пробиштиповиќ. Имотот на кој живеело семејството Пробиштитови, се зголемува и прераснува во мала селска населба, која своето име го добива според своите први жители, најпрво како Пробиштит, а подоцна Пробиштип. Ова толкување на потеклото на името на селото Пробиштип, практично е одговор и на прашањето за потеклото и постанокот на името на градот Пробиштип иако постојат и неколку народни легенди за потеклото на името Пробиштип, но сепак тоа се само легенди без научна основа за логична претпоставка.