Пиринска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Ред 4:
== Историја ==
{{главна|Историја на Пиринскиот дел наПиринска Македонија (1913 - 2005)}}
Пиринска Македонија e дел од регионот [[Македонија (регион)|Македонија]], кој по [[Букурешки мировен договор|Букурешкиот мировен договор]] во 1913 година ѝ припаднал на [[Бугарија]]<ref>[http://www.mymacedonia.net/pirin/pirin.htm Pirin Macedonia]</ref>. Во антиката Пиринска Македонија најпрвин била дел од [[Пајонија]] и [[Тракија]], а подоцна станала дел од царството [[Античка Македонија]]. Во римскиот период Пиринска Македонија доживува своевиден процут, за што сведочат повеќето археолошки ископини на антички градови во близината на денешните градови [[Горна Џумаја]] (денес Благоевград), [[Свети Врач]] (денес Сандански), село [[Хераклеја Синтика|Рупите]] и др. Во средновековниот период Пиринска Македонија била под власта на царот [[Самуил]], [[Византија]] и балканските феудалци. Со доаѓањето на Турците, Пиринска Македонија бележи одредена стагнација, но сепак не го напушта својот непокорлив македонски дух. За време на Руско-турската војна во 1877-8 година, северниот дел на Пиринска Македонија ќе потпадне под руската окупациона зона, но по Берлинскиот конгрес ќе ѝ биде вратен на Турција. На подрачјето на Пиринска Македонија е кренато [[Кресненско востание|Кресненското (Македонското) востание]] против османлиската власт во 1878/79 година со центар во [[Кресна]], кое имало силен македонски национален карактер и цел да создаде независна автономна македонска држава. Кон крајот на XIX век на територијата на Пирин со својата чета ќе царува големиот македонски револуционер и великан [[Јане Сандански]] (близок соработник на [[Гоце Делчев]] и најголем борец против [[врховизам|врховизмот]]) кој е познат под прекарот „Пирински цар“ и кој ќе го изврши познатото грабнување на протестантската мисионерка [[Мис Стон]]. По Втората светска војна во времето на владеењето на [[Георги Димитров]], Македонците од Пиринска Македонија ќе добијат целосна културна автономија која требала преку законска рамка да прерасне во територијална и Пиринска Македонија да се обедини кон тогашната СР Македонија како кон матична држава во рамките на балканската федерација.