Поправка на ДНК: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
дополнение
Ред 10:
 
Во 2015 година била доделена [[Нобелова награда за хемија|Нобеловата награда за хемија]] на [[Томас Линдал]], [[Пол Модрич]] и [[Азиз Санџар]] за нивната работа во полето на молекуларните механизми на процесите на поправка на ДНК.<ref name="NYT-20151007-wjb">{{Наведени вести|url=https://www.nytimes.com/2015/10/08/science/tomas-lindahl-paul-modrich-aziz-sancarn-nobel-chemistry.html|title=Nobel Prize in Chemistry Awarded to Tomas Lindahl, Paul Modrich and Aziz Sancar for DNA Studies|last=Broad|first=William J.|date=7 October 2015|work=[[The New York Times]]|access-date=7 October 2015}}</ref><ref name="NP-20151007">{{Наведени вести|url=https://www.nobelprize.org/nobel_prizes/chemistry/laureates/2015/popular-chemistryprize2015.pdf|title=The Nobel Prize in Chemistry 2015 – DNA repair – providing chemical stability for life|last=Staff|date=7 October 2015|work=[[Nobel Prize]]|access-date=7 October 2015}}</ref>
 
== Оштетување на ДНК ==
Најголем број на оштетувања на ДНК влијаат на нејзината [[Нуклеотидна низа|примарна структура]], т.е. настанува хемиска модификација на самите [[Азотна база|азотни бази]]. Овие модификации влијаат на нормалната хеликсна структура на молекулата.
 
=== Фактори на оштетување ===
 
# Ендогени фактори – реактивни кислородни видови кои потекнуваат од нормалните метаболни активности на клетката, и грешки при [[Репликација на ДНК|репликацијата]].
# Егзогени фактори – [[Ултравиолетово зрачење|ултравиолетово]], [[Рендгенско зрачење|рендгенско]] и [[Гама-зрачење|гама зрачење]], топлотна [[хидролиза]], токсини, мутагени хемикалии и [[Вирус|вируси]].
 
=== Типови на оштетување ===
Типови на оштетување на ДНК под влијание на ендогени фактори можат да бидат:
 
* ''Оксидација'' на азотните бази (пр. 8-оксо-7,8-дихидрогванин)
* ''[[Алкилација]]'' на азотните бази (најчесто [[метилација]]), како на пример создавање на 7-метилгванозин, 1-метиладенин и 6-О-метилгванин
* ''Хидролиза'' на азотните бази, како што се [[деаминација]], [[депуринација]] и депиримидинација
* ДНК адукти
* Несовпаѓање на азотните бази, поради грешка при процесот на репликација кога се поврзува некомплементарен нуклеотид
* Моноадукт аштетување
* Диадукт оштетување
 
Типови на оштетување на ДНК под влијание на егзогени фактори можат да бидат:
 
* Пиримидински димери предизвикани од UV-B радијација
* Индиректно оштетување на ДНК од [[слободни радикали]] создадени под дејство на UV-А радијација
* Пресеци во ДНК нишките предизвикани од [[јонизирачко зрачење]] ([[радиоактивен распад]] или [[космичко зрачење]])
* Термално оштетување (најчесто во форма на депуринација и едноверижни пресеци)
* Индустриски хемикалии можат да предизвикаат разновидни типови на оштетувања: ДНК адукти, оксидирани азотни бази, алкилирани фосфотриестери, вкрстени поврзувања и друго.
 
=== Мутации ===
Важно е да се направи разлика помеѓу поимите ''оштетување на ДНК'' и ''[[Мутација|ДНК мутација]]'', иако и двата поима се однесуваат на грешки во ДНК молекулата. Оштетување на ДНК значи присуство на физичка абнормалност во структурата на ДНК, додека ДНК мутација е промена во нуклеотидната секвенца. Оштетувањата на ДНК можат да бидат препознаени и поправени од страна на посебни [[Ензим|ензими]], додека мутациите не можат да бидат препознаени и поправени доколку базите се променети и на двете комплементарни вериги.
 
== Поврзано ==