Македонци во Грција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 141:
 
== Дијаспора ==
{{главна|Децата БегалциДеца-бегалци}}
=== Егејските Македонци во Република Македонија ===
Први населувања на [[Македонци]] од [[Егејска Македонија]] на територијата на [[Вардарска Македонија]] (денешна [[Република Македонија]]) се забележуваат уште за време на првите големи прогони од грчките окупаторски власти, по [[Лозански договор|Лозанскиот договор]] во дваесеттите и почетокот на триесетите години на 20-от век. Во овој период Македонци од егејскиот дел на [[Македонија]] се населуваат во [[Струмица|Струмичко]], [[Гевгелија|Гевгелиско]] и [[Кавадарци|Кавадаречко]]. Овие македонски доселеници водат потекло претежно од средишниот и источниот дел на Егејска Македонија - [[Кукуш|Кукушко]], [[Меглен]], [[Солун|Солунско]], [[Сер|Серско]] и др. За овие луѓе најчесто не се користи терминот „Егејци“ иако водат потекло од Егејска Македонија.
 
Помасовните населувања на Македонци од егејскиот дел на [[Македонија]] во Република Македонија се забележуваат во педесетите години на 20-от век, по масовните протерувања на [[децата-бегалци]] и нивните семејства од нивните домови од страна на грчките монархо-фашистички власти по Граѓанската војна во Грција 1945-1949 година. Голем број од децата-бегалци по нивното прифаќање во источноевропските социјалистички земји се враќаат во [[Социјалистичка РепубликаСР Македонија]] тогаш во склопот на [[СФРЈ]]. Егејските Македонци во овој период почнуваат да се населуваат во сите градови во Република Македонија, а плански се населувани и во [[Западна Македонија]] во [[Тетово]], [[Гостивар]], [[Дебар]] и во турски напуштени села во [[Источна Македонија]].
 
Денес Македонците-Егејци се највеќе населени во [[Скопје]], [[Битола]], [[Гостивар]], [[Тетово]], [[Штип]], а во сите овие градови се познати и термините „егејски згради“, „егејски улици“ т.е. места во кои највеќе живеат Македонци од Егејска Македонија. Во градот [[Скопје]] како населби со најголем број „Егејци“ се познати населбите [[Мичурин]], [[Топанско Поле]] и [[Автокоманда]]. Македонците со потекло од егејскиот дел на Македонија, денес се активно вклучени во политичкиот, економскиот и културниот живот на Република Македонија, а имаат и повеќе свои здруженија со седишта во Скопје, Гостивар, Битола и Штип кои органзираат културни собири и средби и се залагаат за правото на децата -бегалци да можат да ги посетат своите родни места, што долги години им е оневозможено од страна на грчките власти.
 
Во Република Македонија Егејците се често споменувани и во негативна конотација, преку измислување на шеги и вицеви за Егејци, најчесто претставувајќќи ги како скржави луѓе.