Фашизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Фашизам}}
 
'''Фашизам''' — радикална политичка [[идеологија]] и [[Листа на државни уредувања|државно уредување]] на [[крајнаКрајна десница|крајната десница]] што комбинира елементи на [[корпоративизам]], [[авторитаризам]], [[национализам]], [[милитаризам]], антианархизам, [[антикапитализам]], [[антикомунизам]] и [[антилиберализам]].и Марко Ројс
 
 
Зборот „фашизам“ доаѓа од [[италијанскиИталијански јазик|италијанскиот]] збор „фашио“ (''fascio''), што означува „сноп“ (во политичка или воена група или во нација), но исто така од [[фасции]]те (прачки заврзани во сноп околу [[секира]]), [[античкиАнтички Рим|антички римски]] симбол на авторитетот на [[магистрати]]те. Најпрецизно, терминот произлегува од „[[фашо]]“ (множ. ''фаши'') - збор кој бил многу популарен во [[Италија]] по 90-тите години на [[19 век]], а означувал најразлични (најчесто левичарски) селански револуционерни групи и движења кои полулегално дејствувале во италијанското општество.
 
Првичното фашистичко движење се појавило во [[Италија]] во [[1919]] година (''Fasci di combattimento'' - ''Боречки фаши'') и владеело со земјата од [[1922]] до [[1943]] година, под водството на [[Бенито Мусолини]]. Ова е всушност потесното значење на зборот фашизам, кое главно го користат историчарите.
 
Со текот на времето, генеричкиот термин '''фашизам''' почнал да означува цела класа на авторитарни политички идеологии, партии и политички системи. Најпознатите вакви партии, создадени по [[Прва светска војна|Првата светска војна]] се: во [[Германија]] - [[НСДАП|Националсоцијалистичката германска работничка партија]] (Нацисти) под водството на [[Адолф Хитлер]], [[Унгарија]] - [[Партија на Стрелестиот Крст]], [[Романија]] - [[Железна Гарда]], [[Шпанија]] - [[Фалангисти]], како и [[Франција|француските]] политички движења предводени од поранешните социјалисти - [[Марсел Деа]], [[Жак Дорио]] и други. Карактеристично за сите нив е силното потпирање на државната моќ, економијата базирана на големите [[корпорации]], авторитарното укинување на граѓанските права и слободи, воведувањето на полициска држава, [[ксенофобија]]та, истакнувањето на националистичкиот дух и општо, [[Реакција (историја)|реакционерната]] внатрешна и [[Експанзионизам|експанзионистичката]] надворешна политика. Понекогаш фашизмот се употребува како [[синоним]] на [[нацизамНацизам|нацизмот]]. Некои автори ја отфрлаат пошироката употреба на терминот фашизам или исклучуваат некои од овие партии и режими.
 
Фашизмот, наспроти либералистичкиот индивидуализам и социјалистичкиот интернационализам, заговара воспоставување на заедница како услов и облик на совладувањето на кризата. Заедницата е единствена, органски расчленета држава (италијански фашизам) или единство гарантирано со крв и земја (германски фашизам). Единството на нациите се воспоставува со крвната чистота на истата. Сите разлики (културни, верски, политички и сл.) треба да се укинат затоа што тие го доведуваат во прашањето темелот на заедништвото. Теророт е легитимно средство за постигнување на "заедништво".
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Фашизам