Ениџевардарско Езеро: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 50:
== Историја ==
[[Податотека:Apostol Petkov cheta.jpg|мини|250п|Четата на Апостол Петков — исправен најлево, до него е [[Павле Кониковски]].]]
Во периодот од 1903 до 1908 г. Ениџевардарското Езеро имало разни бази на четите на [[ВМРО]] кои воделе борби со [[Грчка вооружена пропаганда во Македонија|Грчката вооружена пропаганда]]. Со помошта на месните селани, ВМОРОВМРО ги изградило езерските бази уште пред почетокот на [[Илинденско востание|Илинденското востание]]. Тука останала главната база на војводата [[Апостол Петков]], од мештаните наречен „Ениџевардарското Сонце“. Во 1907 г. четите се соочиле со заеднички напади од грчките единици и [[аскер|турската војска]], со што биле принудени да ги напуштат базите.
 
Од 1904&nbsp;г. по јужната граница на езерото почнале да се утврдуваат чети на грчката пропаганда, на чело со [[Гоно Јотов]]. Во 1906&nbsp;г. од Грција дошле четите на Панајотис Папаѕанетејас, [[Михаил Анагностакос]] („Капетан Матапас“), [[Телос Агапинос]] („Капетан Аграс“), Јоанис Деместихас („Капетан Никифорос“) и Константинос Сарос („Капетан Калас“), а во 1907&nbsp;г. и онаа на Хараламбос Папагакис („Капетан Аграфиотис“).<ref>[http://www.fileg.gr/stoixiovaltou/ Το Στοιχειό του Βάλτου 9 февруари 2016 г.] www.fileg.gr</ref>