Јероним Бос: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 15:
| training =
| movement = [[ранофламанско сликарство|ранофламанска]] [[ренесанса]]
| works = „[[Градина на земските наслади]]“ <br /> „[[Искушението на Свсв. Антониј]]“
| patrons =
| influenced by =
Ред 29:
За неговиот живот и обука знаеме прилично малку. Бос нема оставено никакви писма или дневници, па така сето она што го знаеме е изведено од куси записи во управните тефтери на градот Хертогенбос, и сметководните книги на локалното [[Богородично братство]]. Исто така не се знае ништо за неговиот карактер и неговите размисли за сопствените дела. Не е сигурна ни неговата година на раѓање. Се смета дека е роден околу 1450 г., а тоа е изведено од еден портрет (кој може да е автопортрет) нацртан во 1516 г, кратко време пред неговат смрт, каде личи како да има речиси седумдесет години.<ref>Gibson, 15-16</ref>
 
[[Податотека:Hieronymus Bosch 003.jpg|мини|250п|лево|Детаљ од „[[Искушението на Свсв. Антониј]]“]]
Бос е роден близу градот Хертогенбос, каде воедно го провел сиот свој живот. Дедо му, Јан ван Акен († 1454), бил сликар, прв пат споменат во записи од 1430 г. Познато е дека Јан имал пет сина, од кои четири биле сликари како него. Татко му на Бос, Анмтониус ван Акен (починал ~ 1478) работел како уметнички советник на Богородичното братство.<ref>Gibson, 15, 17</ref> Се смета дека Бос научил да слика од татка си или некој од чичковците, но од нив нема преостанато ниедно дело.<ref>Gibson, 19</ref> Самиот Бос за прв пат се споменува во градскиот тефтер од 1474 г, каде е споменат заедно со уште двајхца браќа и една сестра.
 
Ред 36:
Помеѓу 1479 и 1481 Бос се оженил со Алејтс Гојартс ван ден Мервен, која била неколку години постара од него. Брачниот пар потоа се преселил во блиското место [[Ојрсхот]], каде жена му добила имот од наследство.<ref>Valery, Paul. "The Phase of Doubt, A Critical Reflection".</ref>
 
Босовата смрт е забележана во записникот на Богородичното братство како 1516 г, кога, на 9 август истата година е одржана погребна миса во црквата Св„Св. ЈованЈован“.<ref>Gibson, 18</ref>
 
== Дела ==
[[Податотека:The Garden of Earthly Delights by Bosch High Resolution.jpg|мини|400п|десно|„[[Градина на земските наслади]]“ - најпознатиот Босов триптих]]
[[Податотека:'s-Hertogenbosch Rijksmonument 522493 Jeroen Bosch op de Markt.JPG|мини|десно|Статуа на Бос во Хертогенбос]]
Бос насликал неколку [[триптих|триптиси]]. Меѓу најпознатите се вбројува делото „[[Градина на земските наслади]]“. На оваа слика, чиј изворен наслов не е познат, се прикажани [[Адам и Ева]] и најразлични чудни животни (лево), земските наслади на многуте голи тела и стравотното овошје со птици (средина), и [[пекол]]от во кој се спроведуваат фантастични казни за разновидните [[грев|грешници]] (десно). На надворешната страна на плочите (видлива кога триптихот е затворен) во [[гризај]] е претставен Господ како ја создава Земјата. Овие слики - особено пеколот — се насликани донекаде нафрлано, што во голема мера отстапува од традиционалниот [[Фламанско сликарство|фламански стил]], каде потезите се скривале со повеќе проѕирни премази. Бос намерно сакал да е видат потезите, и ова е уште поочигледно кај делата како „Искушението на Свсв. Антониј“ (Лисабон). Затоа не е чудо што Бос се смета за еден од најреволуционерните цртачи во историјата на уметноста, како првиот автор на самостојни цртежи во северна Европа.
 
Бос никогаш не ја запишувал годината на делата. Но, иако необично за тоа време, редовно се потпишувал. Постојат многу потпишани дела за кои некогаш се сметало дека се негови, но утврдено е дека денес постојат само 25 слики што со сигурност се негови. Во доцниот XVI век, шпанскиот крал [[Филип II (Шпанија)|Филип II]] набавил голем број негови дела, меѓу кои и оние порачани од Шпанци што живееле во Хертогенбос. Како резултат на ова, денес музејот [[Прадо]] во [[Мадрид]] е сопственик на делата „Градина на земските наслади“, кружната таблена слика „[[Седумте смртни грева и Четирите последни нешта]]“, триптихот „[[Кола сено (Бос)|Кола сено]]“ и „[[Вадење на каменот на лудилото]]“.