Подемот и падот на Паркинсоновата болест: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Содржина: дополнување
→‎Содржина: дополнување
Ред 6:
* ''Инфекција'': Првите симптоми на болеста Паркинсон ги добил во 1884 година и тогаш започнал да ја проучува. За таа цел, тој отпаувал во Тибет, а во неговата вила во Митрофановска почнале да доаѓаат познати луѓе, како: [[Достоевски]], Лу Саломе, [[Распутин]] итн. Тој, пак го посетил [[Толстој]] со намера да го придобие кон своите идеи, но неговата посета завршила со неуспех. Откако објавил книга за [[Мистицизам|мистикот]] [[Јакоб Беме]], во [[Москва]] се појавила секта која го ширела паркинсонизмот. Иако [[Ерес|еретиците]] биле протерани во [[Сибир]], наскоро неговите идеи се прошириле во [[Кина]], а потоа и ширум [[Европа]]. Тогаш, царската власт го уапсила татко му и го протерала во Сибир, а Паркинсон заминал во [[Турција]]. Подоцна, тој го објавил своето најважно дело, неговите идеи станале општоприфатени, тој го наговорил [[Кемал Ататурк|Кемал Паша]] да ја започне [[Младотурска револуција|Младотурската рволуција]], неговите приврзаници во [[Србија]] извршиле [[Државен удар|државен удар]], на првиот меѓународен конгрес била донесена тајна одлука да се започне [[Прва светска војна|светска војна]], а Паркинсон ја објавил статијата „Историјата на мојата болест“.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 29-75.</ref>
* ''Инкубација'': Во 1905 година, Паркинсон го запознал [[Сталин]] кој под влијание на паркинсонизмот му пристапил на [[револуционер]]ното движење. Во едно списание излегол наводниот одговор на Достоевски на обвинувањата во „Историјата на мојата болест“. Паркинсон објавил делови од своето најважно дело „Tractatus Antiheliocentricus“ во кое ги изложува идеите за подемот на [[политика]]та. Во 1904 година се појавила книгата „Последните денови и смртта на Јакоб Беме“, објавена под псевдонимот Ј. Шванекпфелд. Во неа се раскажува за учењето на Беме кој сметал дека трпењето и измачувањето на овој свет носи спас за [[душа]]та. Притоа, Беме [[пост]]ел така што ги јадел своите ракописи, но неговите чираци успеале да ги препишат и така да ги спасат. Постепено, неговата состојба се влошувала и тој умрел така што исчезнал, оставајќи само златен прав на местото каде што лежело неговото тело.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 77-149.</ref>
* ''Криза и агонија'': Во 1913 година се појавил вториот дел на „Tractatus Antiheliocentricus“. Потоа избувнале [[Првата светска војна]] и [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]], по што Паркинсон преминал во илегала. Во 1938 година бил уапсен чевларот Николај Николаевич Кузнецов кој умрел во логорот во [[Колима]] во 1947 година, а по неколку децении се дознало дека зад тоа име се криел вистинскиот идентитет на Паркинсон. По [[Втора светска војна|Втората светска војна]], одвреме-навреме се појавувале разни сведоштва за Паркинсон. Така, во 1951 година, [[Владимир Набоков|Набоков]] објавил расказ во кој се зборува како Достоевски паднал под влијание на идеите на Паркинсон.<ref>Svetislav Basara, ''Uspon i pad Parkinsonove bolesti''. Beograd: Dereta, 2011, стр. 151-272.</ref>
 
== Наводи ==