Ел Салвадор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 113:
Шпанците пристигнале во оваа област во [[1524]] година и го покориле кралството на Индијанците Куѕатлан и Пипил до 1539 година. Земјата била поделена на две облaсти: [[Сан Салвадор]] и [[Сонсонат]] кои биле присоединети кон [[Гватемала]]. Со крајот на шпанското владеење во 1821 година, Сан Салвадор станал дел од Мексиканската Империја. Со пропаѓање на оваа империја во 1823 год. Сонсонат и Сан Салвадор се здружиле и формирале нова држава Ел Салвадор во рамките на Обединетите Покраини на [[Средна Америка]]. Земјата се здобила со независност во 1841 година. Од нејзиното основање Ел Салвадор има долга историја на политичка нестабилност. Моќните економски интереси ја контролирале земјата во текот на XIX и почетокот и почетокот на XX век, но биле заменети со [[воена диктатура]], која траела од 1931 до 1979 год. Новата влада била формирана по изборите кои се одржале во 1982 година, и иако новиот [[Устав]] бил усвоен во 1983 година граѓанската војна продолжила во текот на 80-тите години на XX век. Спогодбата од 1992 год. донела мир, но насилството станало голем проблем. И покрај обидите за економски реформи, земјата во XXI век влезе во голема инфлација и невработеност.
 
== Географија и клима ==
 
Ел Салвадор се наоѓа во средноамериканскиот теснец, на брегот на [[Тихи Океан|Тихиот Океан]]. Вкупната површина на државата е 21.041 километар квадратен. Во правец север-југ државата има максимална ширина од 142 километри, а во правец запад-исток 270 километри. Ел Салвадор е најмалата држава на копнениот дел од Средна Америка. Највисока точка во државата е [[Серо Ел Пита]] со 2.730 метри надморска височина, планински врв кој се наоѓа на границата со [[Хондурас]]. Главен град, а воедно и најголем град во државата е [[Сан Салвадор]]. Ел Салвадор се граничи со [[Гватемала]] и [[Хондурас]] и вкупната државна копнена граница е 546 километри. Интересен е податокот дека Ел Салвадор е единствената средноамериканска копнена држава која нема излез на [[Карипско Море|Карипското Море]]. Вкупниот тихоокеански брег на Ел Салвадор изнесува 307 километри.
Низ Ел Салвадор минуваат два планински венца од вулканско потекло и тесен крајбрежен регион, какои и висока централна висорамнина на југ. Климата е топла и влажна во низините, а на висорамнините е постудена и повлажна, а на повисоките места доминираат [[Тропска дождовна шума|тропските шуми]].
 
Ел Салвадор има долга историја на деструктивни земјотреси и вулкански ерупции. Главниот град Сан Салвадор бил уништен два пати, во 1756 и 1854 година, а значително оштетен во 1919, 1982 и 1986 година. На територијата на Ел Салвадор се наоѓаат над дваесет вулкани, од кои [[Сан Мигел (вулкан)|Сан Мигел]] и [[Изалко (вулкан)|Изалко]] биле активно во скоро време. Од раниот 19 век па до средината на 1950-те многу често бил активен што пак резултирало со популарниот прекар „Светилник на Пацификот“.
 
Низ Ел Салвадор течат над 300 реки, од кои најважна е [[Рио Лемпа]]. Реката извира во Гватемала и го сече северниот планински венец, потоа тече низ централните предели на државата кога го пресекува јужниот планински венец и се влива во Тихиот Океан. Оваа е единствена пловна река во Ел Салвадор. Останатите реки во Ел Салвадор се мали, и во однос на километража и во однос на вкупна водена маса.
 
Покрај реките, во Ел Салвадор има и неколку значајни езера, воглавно опколени од вулкански кратери. Најзначајни езера во државата се езерото [[Лјопанго]] (најголемо кратерско езеро) и езерото [[Коатепенге]]. Најголемо природно езеро во државата е езерото [[Гуиха]] со вкупна површина од 44 километри квадратни. Дополнително на тоа, Ел Салвадор има неколку вештачки езера на реката Лемпа, од кои се истакнува Серон Гранде со вкупна површина од 135 километри квадратни.
 
Во Ел Салвадор има два планински венца кои се одделени со централната салвадорска висорамнина. Брегот на Ел Салвадор е тесен. Планинските венци заземаат околу 855 од вкупната површина на Ел Салвадор.
 
== Население, јазик и религија ==