Гимбабица (Избишта): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 14:
}}
'''Гимбабица''' е археолошки локалитет во [[преспанско]]то село [[Избишта]]. Локалитетот претставува [[некропола]] од [[хеленистичко време]]. Се наоѓа северно од селото, каде при реконструкцијата на патот [[Ресен]]-[[Охрид]], во [[1953]] година се откриени неколку гробови. Во гробовите биле најдени два целосно зачувани [[кантарос]]а и една чинија. Кантаросите се со црн фирнајс, а чинијата со окер боја. Наодите се чуваат во [[Заводот и музеј во Охрид]].<ref>[[Димче Коцо|Коцо, Димче]] (1996). ''Археолошка карта на Република Македонија''. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069</ref>
 
==Второ истражување==
По 65 години приказната за оваа некропола останала затворена, сè до нејзиното повторно актуелизирање во 2018 година кога започнале археолошки истражувања под раководство на м-р [[Перо Арџанлиев]] потпомогнат од неговиот стручен тим, Илија Бошковски, Радомир Ивановиќ, Игор Ефтимовски и Роберт Поповски.
 
Во археолошките истражувања од 2018 година овој локалитет бил точно лоциран и хронолошки потврден, а во 2019 година фокусот на истражувањето на археолозите бил насочен кон добивање на повеќе информации за ширењето и организацијата на некрополата, погребниот ритуал кај античките Преспанчани и одликите на нивната материјална култура.
Периодот од 3 кон 4 век пр.н.е бил исполнет со промени во начинот на живот во Охридско-Преспанскиот регион, културните текови и општествено уредување, а тој период на промени бил јасно изразен и во двете различни погребни форми засега откриени на Гимбабица. Истражувањата од 2019 година потврдиле дека оваа некропола е постара, некои гробови датираат од 4 век.пр.н.е.
 
Оваа раноантичка некропола е позната и како вечно почивалиште на воини, дами и металурзи кои живееле пред повеќе од 2.300 години.
На војничката култура меѓу жителите на заедниците кои се погребувале кај Гимбабица укажуваат откриените копја и ножеви, откриените бронзени садови за вино, бронзен накит, ѓердан од стаклени перли и сл. даваат информации за нивниот вкус, откриениот стригил (метална алатка за стругање нечистотии од кожата) и железната алатка се претпоставува дека се користеле за некаква рударска или металообработувачка дејност.
Рудните резерви на регионот веројатно биле и основата за богатството на заедницата која ја формирала далеку попознатата Требенишка некропола.
 
== Поврзано ==