Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 58:
 
===Философските и ументичките погледи на Јејтс===
Остварувањето на Јејтс како поет е резултат на неговото спротивставување на духот на [[Модерна|модерната]] епоха. Иако скриено, тој постојано спорел со вредностите на индустриската цивилизација и токму во тоа се состои ирската црта во неговите ставови. Уште во своите први стихови, Јејтс го искажал младешкото чувство дека новото време донесло смртна пресуда за [[поезија]]та и дека настапило владеењето на „Сивата вистина“ (‘’Grey Truth’’) со која тој никогаш не се помирил. И тоа е една од најважните одлики на неговата поезија, зашто Јејтс ги игнорирал сите поважни интелектуални и уметнички текови на неговото време – [[Експресионизам|експресионизмот]], [[Надреализам|надреализмот]], [[Футуризам|футуризмот]], [[Марксизам|марксизмот]] и [[Социјална книжевност|социјалната книжевност]]. Сепак, Јејтс не може да се обвини за [[конзервативизам]] во вообичаената смисла на зборот. Навистина, на почетокот, неговиот поетски израз бил архаичен, но постепено ги примил сите вредности на модерната [[поезија]]: непосредност, економичност, отпор кон навиките и претераните украси, продорна оголеност, [[Синтакса|синтаксичка]] природност и избегнување на инверзиите. Притоа, отвореноста кон модерниот вкус и сензибилитет му овозможиле да се приспособи, но да не се откаже од почетните, несовремени погледи.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 23-2224.</ref>
 
За Јејтс, современата епоха била симбол на неред, пропаѓање, [[хаос]], безвластие, скрнавење на сето возвишено и убаво и издигнување на средните и безвредните. На тој хаос му ги спротивставил вечните вредности и критериуми и сметал дека човекот мора да го најде патот кон помирувањето со [[племе]]то и со [[универзум]]от, со [[живот]]от и со [[смрт]]та. Во таа насока, своите сфаќања ги црпел од различни извори: [[Келтска митологија|келтската митологија]], [[Индиска религија|индиската религија]], [[Неоплатонизам|неоплатонизмот]] и [[ренесанса]]та. Сепак, наспроти различните влијанија, Јејтс не западнал во стапицата на [[Еклектизам|еклектизмот]], а тврдењата во неговите песни се само условни, според критичарот Елман, тие се псевдотврдења чијаулога се состои во тоа да ги поттикнат одговорите на читателите. Јејтсовите философски погледи не се организирани ни кохерентни, но сепак, во нив постои [[систем]], заснован врз ирационалните претчувства, случајностите и облиците на ненаучното мислење. За него, мислењето е само една фаза во доживувањето на односите и појавите, а од [[философија]]та не очекувал големи и конечни одговори. Тој бил вреден читател на философските текстови од различни епохи и нив ги преведувал во поетски [[јазик]], градејќи свој систем за кој многумина (на пример, Одн) зборувале без почит.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 24-29.</ref>
 
Важна карактеристика на неговиот мисловен систем е смислата за противтежните сили, т.е. за можностите кои им се спротивставени на првото, привидно единствено, мислење. Во многу негови песни може да се слушне „другиот глас“ кој го негира почетниот став, а тој постојано ги развива и ги брани противаргументите. Оваа негова одлика особено ја развил благодарение на бавењето со драмската книжевност. Според критичарот Донехју, токму оваа подготвеност да ги прифаќа противаргументите му помогнала цели 50 години да се менува и да се развива.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts,'' Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 27.</ref>
 
При разгледувањето на Јејтсовите идеи мора да се биде внимателен, зашто нивното значење не се состои во нив, туку во моќта за создавање на поетските визии кои настанале или биле засилени од неговите [[Идеја|идеи]]. На пример, Јејтс бил длабоко [[Религија|религиозен]] и верувал во натприродното, но истовремено, тој бил антиклерикалец, а неговите подоцнежни песни содржат и елементи на [[атеизам]]. За [[христијанство]]то зборувал како за азиска матица која продрела во [[Антика|античкиот]] свет и ја разурнала неговата хармонија. Неговите песни содржат христијански норми и суеверие, [[монотеизам]] и [[пантеизам]]. Од сите негови идеи најдолго ја задржал идејата за [[бесмртност]]а на [[душа]]та, а учењето за [[реинкарнација]]та го привлекло уште во младоста, кога јпочнал да ја проучува [[Индиска филозофија|индиската философија]] и [[религија]].<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 27-28.</ref>
 
===Ирска како тема во творештвото на Јејтс===