Вилијам Батлер Јејтс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Биографија: ситна поправка
→‎Tворештво: ситна поправка
Ред 27:
==Tворештво==
Јејтс е автор на богато поетско дело, создавано во текот на пет децении, од 1888 до 1939 година. Тој претставува пример за чист поет, кој целосно се изразува само низ песните, т.е. нема ниедна тема која не ја обработил поетски. Неговото творештво ги поседува сите својства на класичниот [[Лирика|лирски]] пристап: тоа е исповедно, [[Автобиографија|автобиографско]] и организирано околу неколку клучни точки на лирскиот израз. Сите негови дополнителни активности ([[Есеј|есеистичката]] и автобиографската проза) служат само како дополнително објаснување на неговите поетски творби.<ref>Milovan Danojlić, „Jejtsovi koreni“, во: Viljem Batler Jejts, ''Kula''. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 9-10.</ref>
 
Во 1885 година, Јејтс дошол во допир со Даблинското херметичко друштво, како разгранок на Лондонската Златна зора. Тогаш започнал да пишува [[поезија]] и пиеси под влијание на Шерли и Спенсер, и на англиските прерафаелити од крајот на [[XIX век]], но со посебен интерес кон ирските преданија и [[Легенда|легенди]].
 
Сметал дека песните треба да му се рецитираат пред публика и самиот често ги изведувал како вистински актер. Првите драмски обиди под наслов ''Островот на статуи'', ги објавува во Даблинско универзитетско списание во 1885, но тоа е всушност романтична поема со незначително драмско дејствие.