Романија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 113:
=== Среден век ===
 
Историјата на Романија во средниот век започнува со повлекувањето на [[Монголци]]те, последното население што мигрирало поради напади и освојување на територијата на денешна [[Романија]] во [[Монголска инвазија на Европа|1241-1242 година]]. Трите територии кои денеска ја сочинуваат Романија ([[Влашка]], [[Молдавија]] и [[Трансилванија]]) биле обединети во времето на [[Михаил Храбриот]] (1593-1601).
 
Во поголемиот дел од овој период, [[Банат]], [[Кришана]], [[Мармарош]] и [[Трансилванија]] - денес региони во Романија западно од [[Карпати]]те, биле дел од [[Кралство Унгарија]]. Тие биле поделени во неколку видови административни единици, како окрузи или места. На чело на секој регион се наоѓал кралски официјален претставник наречен војвода. Во кралството, романските селани, како православни, биле ослободени од десетокот, црковен данок што требало да го плаќаат сите римокатолички христијани. Сепак, романските благородници полека ја изгубиле способноста да учествуваат во политичкиот живот, бидејќи монарсите од [[14 век]] воделе погрешна политика. Нивната позиција станала уште полоша по [[1437]] година, кога била формирана таканаречената [[Унија на три нации]], сојуз на унгарските благородници, [[Секели]] и [[Саксонци]], со цел да го уништат Трансилваниското востание.