Самбра: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 19:
'''Самбра''' ({{lang-fr|Sambre}}, ''Самбр'') — [[река]] во северна [[Франција]] и [[Валонија]], [[Белгија]]. Таа е лева притока на поголемат арека [[Меза]], во која се влева во градот [[Намир]].
 
Реката извира во шумата на Картињи кај [[Ле Нувион во Тјераш]] во департманот [[Ена (департман)|Ена]]. Минува низ француско-белгиското јагленарско подрачје, кое некогаш било од голема индустриска важност. Пловноста почнува од Ландреси во раскрсницата со каналот кон Оаза, кој го поврзува со централната речна сообраќајна мрежа на Франција (барем пред структурните пореметувања во 2006&nbsp;г.).<ref>{{наведена книга|title=Inland Waterways of France|last=Edwards-May|first=David|publisher=Imray|year=2010|isbn=978-1-846230-14-1|location=St Ives, Cambs., UK|pages=246–249}}</ref> Тече во должина од 54&nbsp;км и минува низ 9 [[преводница|преводници]] со димензии од 38,5 × 5,2&nbsp;м сè до белгиската граница кај Жемон. Почнувајќи од границата, Самбра е канализирана во два посебни потега долж 88&nbsp;км, и има 17 преводници. Потегот Горна Самбра е долг 39&nbsp;км и има 10 преводници со иста големина како француските, и оди до индуструскиот град Шарлроа. Остатокот од течението во Белгија е надограден на европска класа IV (товарни пловила до 1.350 тони) непосредно по Втората светска војна. Лежи во западниот крај на Индустриската бразда (''Sillon industriel''), која и денес претставува срцевината на индустријата во [[Валонија]], и покрај целосното замирање на јагленарството и челичарството. Го достигнува градот [[Намир]] и се влева во [[Меза]], која пак самата завршува во Северното Море.
 
Пловните делови во Франција се под надлежност на управата Водни патишта на Франција, а со оние во Белгија раководи Јавната служба на Валонија во рамките на Генералната оперативна дирекција за внатрешни водни патишта<ref>{{наведена книга|title=European Waterways Map and Concise Directory|last=Edwards-May|first=David|publisher=Transmanche|year=2014|isbn=979-10-94429-00-6|location=Lambersart, France|pages=11–12, 17–20 and fold-out map}}</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Самбра