Разлика помеѓу преработките на „Тимар“

Нема измена во големината ,  пред 2 години
с
(изменета категоризација)
с (→‎Тимар: spelling)
Тимарот најчесто не преставувал компактна територијална целина, тој се состоел од земји кои се наоѓале во различни области, оваа мерка на османлиската власт имала за цел да го спречи спахијата да создаде силна лична власт врз тимарот, да ја злоупотреби својата положба преку собирање на разни давачи, да го отуѓи тимарот, односно да го претвори во личен посед <ref>J. Hammer, eschichte des Osmanischen Reiches in Europa, Pest 1827-35</ref>.
 
Тимарот се состоел од ''рајатска земја'' и ''хас земја''. Рајатската земја им била доделувана на зависните селани, доколку рајатската земја му била деделена на муслиманин таа се нарекувала ''чифлик'', а доколку ја користел христијанин таа се иманувала како ''баштина''. Рајатската земја можела да се наследува, заменува, отстапува и продава на друг рајатин, меѓутоа со претхода согласност на спахијата, откако новиот коирсниккорисник на рајатската земја ќе ги презел врз себе сите обврски на претходниот корисник <ref>Историја народа Југославије, том други, Београд, 1958</ref>.
 
''Хас земјата'' бил доменот на спахијата, која била лично ползувана од него. Оваа земја се состоела од ливади, лозја и млинови кои биле обработувани со ангарија од страна од рајата која живеела на тимарот на спахијата. со текот на времето бројот на хас имотите се намалувал и за време на владеењето на [[Сулејман Величествениот]] станале безначајни.
1

уредување