Историја на македонскиот народ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Sashko1999 (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 255:
Со влегувањето на Бугарија во војната доаѓа и до проимена во поделбата на Македонија. Бугарија ги освоила [[Вардарска Македонија]], каде била формирана Македонската воена иснпекциска област, дел од источна [[Егејска Македонија]] и [[Пиринска Македонија]] која ја добила со [[Букурешки договор, 1913|Букурешкиот договор]]. Останатиот дел од [[Егејска Македонија]] бил како и дотогаш во рамките на [[Грција]], односно под воена управа на Анатната.
 
Пролетта [[1916]] година потпомогната од своите германски и австро-унгарски сојузници, ја освојува Рупелската Теснина и навлегувајќи во источниот дел на [[Егејска Македонија]] ги зазема градовите [[Сер]], [[Драма]] и [[Кавала]]. Кон средината на август истата година бугарските сили, предводени од генерал [[Климент Бојаџиев]] ги разбиваат трупите на Антантата на просторот [[Добро Поле]] - Баница - [[Лерин]] и продирајќи кон [[Костур (град)|Костур]] го заземаат [[Лерин]] со околните населби. Во жестокиот судир кај Горничево, српско-француските трупи ја пробиваат одбраната на бугарската Прва армија принудувајќи ја на повлекување. На [[19 ноември]] тие ја заземаат [[Битола]]. По тешките тримесечни борби офанзивата на силите на Антантата спласнува и настанува затишје на целиот фронт.
 
Во текот на [[1917]] и првата половина на [[1918]] година, се водат повеќе позициони борби од локално значење кај р. [[Струма]], [[Црна Река]] и долж Вардарската Долина, кои нема да предизвикаат некои поголеми територијални промени. На [[15 септември]] [[1918]] година силите на Антантата предводени од францускиот маршал [[Франше Д'Епере]] (наследникот на Сарај), започнуваат силна офанзива против бугарската Трета дивизија од составот на германската Втора армија на просторот Ветерник - Сокол. Борбите се пренесуваат во [[Пелагонија]], на десниот брег на реката [[Вардар]], [[Црна Река]] и во реонот на [[Дојран]]. Под жестокиот притисок на сојузниците бугарско-германските трупи се приморани на повлекување кон север и бугарската граница. Сојузниците заземаат повеќе делови во [[Вардарска Македонија|вардарскиот дел на Македонија]].