Грција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Откажано уредувањето 3860424 на уредникот Тиверополник (разговор)
Ознака: Отповикај
Нема опис на уредувањето
Ред 85:
Грција се смета за лулка на западната цивилизација, како родно место на [[демократија]]та<ref>Финли, М. И. Демократија Античка и Модерна. 2ро изд., 1985. Лондон: Hogarth.</ref>, западната филозофија<ref> историја на Филозофијата, Издание 1 од Фредерик Коплстон</ref>, западната литература, историографијата, политичките науки, големите научни и математички принципи, западната драма<ref>Брокет, Оскар Г. Историја на Театарот. шесто изд., 1991. Бостон; Лондон: Allyn and Bacon.</ref>, а особено [[Олимписките игри]]. Од 8 век п.н.е., Грците биле организирани во различни независни [[Град-држава|градови-држави]], познати како полиси, кои го опфаќале целиот медитерански регион и [[Црното Море]]. [[Филип Македонски]] го обединил најголемиот дел од територијата на денешна Грција во 4 век п.н.е., додека неговиот син и наследник [[Александар Велики]] за многу брзо време го освоил најголемиот дел од античкиот свет, од источниот Медитеран до [[Индија]]. Грција била припоена од Рим во 2 век п.н.е., станувајќи составен дел на [[Римското Царство]] и нејзиниот наследник, [[Византија]], во која доминантен бил грчкиот јазик и култура. [[Грчка православна црква|Грчката Православна Црква]], основана во првиот век, помогнала во обликувањето на модерниот грчки идентитет и ги пренела грчките традиции во поширокиот православен свет. Паѓајќи под [[Отоманска Грција|османлиска власт]] во средината на [[15 век]], модерната национална држава на Грција се појавила во [[1830]] година по [[Грчка војна за независност|војната за независност]]. Богатото историско наследство на Грција се рефлектира од неговите 18 локации на [[светско наследство на УНЕСКО]].
 
Суверената држава Грција е унитарна [[парламентарна република]] и развиена земја со напредна економија со висок приход, висок квалитет на живот и многу висок стандард на живеење. Како основачки член на [[Обединетите нации]], Грција била десеттиот член која се приклучила на Европската Заедница во 1981 година<ref>{{цитирана веб страница |url=http://europa.eu/abc/european_countries/eu_members/greece/index_en.htm |publisher=europa.eu |work=Европска Унија |accessdate=2007-04-07 |title=Земји Членки на ЕУ: Грција}}</ref> (претходник на [[Европска Унија|Европската Унија]]) и е дел од [[Еврозона|Еврозоната]] од [[2001]] година. Исто така е член на бројни други меѓународни институции, вклучувајќи го и [[Советот на Европа]], [[НАТО]]</ref> [[Организација за економска соработка и развој|ОЕСР]] од 1961,<ref>{{цитирана веб страница |url=http://www.oecd.org/document/7/0,2340,en_2649_201185_1915847_1_1_1_1,00.html |publisher=www.oecd.org |work=Организација за економска соработка и развој |title=Повелба за ОЕСР |accessdate=2007-04-07}}</ref>, [[Организацијата за економска соработка и развој]] (ОЕЦД), [[Светска трговска организација|Светската трговска организација]] (СТО), [[ОБСЕ|Организацијата за безбедност и соработка во Европа]] (ОБСЕ) и [[Меѓународна организација на франкофонијата|Меѓународната организација на франкофонијата]] (ОИФ), [[Западна Европска Унија|ЗЕУ]] од 1995 и [[Европска вселенска агенција|ЕВА]] од 2005 и.т.н.<ref name = ESA>{{цитирана веб страница |url=http://www.esa.int/esaCP/SEMWYQRMD6E_index_0.html |title=Грција станува 16-тата земја членка на ЕВА |publisher=www.esa.int |work=Европска вселенска агенција |date=2005-03-22 |accessdate=2007-04-07}}</ref>. Единственото културно наследство на Грција, големата туристичка индустрија, истакнатиот шпедитерски сектор и геостратегиското значење ја класифицираат земјата како средна сила. Таа е најголемата економија на [[Балкан]]от, каде што е значаен регионален инвеститор.
 
== Историја ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Грција