Инструменти на монетарната политика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 86:
 
===Квалитативни (селективни) инструменти===
Покрај квантитативните инструменти, во монетарната политика се употребуваат и квалитативни (селективни) инструменти, преку кои се настојува да се насочат кредитите во одредени области, односно гранки од стопанството. Притоа, најчесто преку овие инструменти се настојува да се подржува [[земјоделство]]то и [[извоз|извозот]]. По правило, кредитите што се даваат во овие области и гранки кои се сака да се подржат, се со поповолни услови, како што се: пониска [[каматна стапка]], подолг рок на отплата и сл.<ref>Трпески Љупчо, ''Монетарна економија'', прво издание, Скен поинт, Скопје, 2010, стр. 252.</ref>
 
Посебно значајна мерка во спроведувањето на селективната монетарна политика претставува т.н. морално убедување кое се состои од препораките и советите кои што централните банки им ги даваат на депозитните банки за насочување на кредитите во одредени области.
Селективната кредитна политика поголемо значење има во [[земји во развој|земјите во развој]] кои имаат структурни проблеми во [[стопанство]]то, сиромашна финансиска структура, перманентно поголема побарувачка за [[кредит]]и од понудата, неразвиени и недоволно ефикасни пазарни инструменти, па често се јавува како неопходност употреба на селективни инструменти на [[кредитна политика|кредитната политика]] за финансирање на приоритетните области.
 
====Неконвенционални инструменти на монетарната политика====
Во 2007 година започнала најголемата [[Финансиска криза 2007–2008|светска финансиска криза]] по [[Големата депресија]] во 1930-тите. Во моментите кога [[Каматна стапка|каматните стапки]] на [[Централна банка|централните банки]] паднале блиску до нула, монетарните власти презеле дополнителни мерки со цел да ја стимулираат [[економија]]та. Таквите мерки, односно политики во литературата се познати како ''неконвенционална монетарна политика''. [[Неконвеционална монетарна политика|Неконвеционалните монетарни политики]] се јавуваат во неколку форми, како:<ref>Joyce Michel, Miles David, Scott Andrew, Vayanos Dimitri, „Quantitative Easing and Unconventional Monetary Policy - An Introduction“, The Economic Journal, 122, 2012, pp. 271-274.</ref> <ref>Klyuev Vladimir, Imus Phil, Srinivasan Krishna, “Unconventional Choices for Unconventional Times: Credit and Quantitative Easing in Advanced Economies”, IMF Staff Position Note, International Monetary Fund, 2009, pp. 7-9.</ref>
* Експлицитна обврска на централните банки да ја оддржуваат краткорочната [[каматна стапка]] на ниско ниво додека не започне процесот на заздравување на економијата, и насочување на очекувањата за долгорочните каматни стапки.
* Обезбедување на голем број т.н. ликвидоносни инструменти ([[капитал]]ни инјекции) наменети за [[банка]]рскиот сектор, а со цел да им се обезбедат ресурси за да можат непречено да продолжат со позајмување средства на бизнисите и потрошувачите ([[претпријатија]] и домаќинства).
* Политика на [[квантитативно олеснување]] (''Quantitative Easing''). Со ваквата политика, централната банка врши откуп на државни обврзници од страна на комерцијалните банки, и другите финансиски институции, а се со цел зголемување на ликвидноста на финансискиот сектор, што понатаму ќе придонесе кон зголемено [[кредит]]ирање на приватниот сектор и домаќинствата, зголемени [[инвестиции]], покачување на економската активност, намалување на дефлаторниот притисок и евентуално излез од [[рецесија]]та.
* Директни интервенции во одредени специфични сегменти на [[Пазар на пари|пазарот на пари]] и [[Пазар на капитал|пазарот на капитал]], при што централната банка одобрува кредити на нефинансиски корпорации, врши купување на приватни средства или давање кредитни линии поврзани со аквизиции на средства од приватниот сектор.
 
== Поврзано ==