Митоза: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.29.31.12) и ја поврати преработката 3275304 на Ehrlich91
изменета категоризација
Ред 16:
Митотичката фаза е релативно краток период од клеточниот циклус. Таа се одвива наизменично со многу подолгата [[интерфаза]], во која клетката се подготвува за делба. Интерфазата е поделена на три потфази: G<small>1</small> („first gap“ или „празнина“), S (синтеза) и G<small>2</small> („second gap“ или „празнина“). За време на сите овие фази, клетката расте со производство на белковини и цитоплазматични [[Органела|органели]]. Меѓутоа, хромозомите се [[Репликација|реплицираат]] само за време на S-фазата. На овој начин клетката расте (G<small>1</small>), продолжува да расте со удвојување на своите хромозоми (S), расте уште повеќе и се подготвува за митоза (G<small>2</small>) и на крајот се дели (M) пред повторното започнување на циклусот.<ref name=Blow2005/> Сите овие потфази на интерфазата се регулирани главно преку белковини. Тие следуваат една по друга во строг редослед, а постојат и „контролни точки“ кои и даваат на клетката сигнали за премин од една во друга фаза.
 
=== ПредпрофазаПретпрофаза ===
 
Само кај [[Растенија|растителните]] клетки на профазата и претходи предпрофазапретпрофаза. Кај растителните клетки (кои инаку поседуваат многу [[Вакуола|вакуоли]]) јадрото мора да мигрира во центарот на клетката пред започнувањето на митозата. Ова се постигнува со образување на [[фрагмозом]], кој претставува напречен слој на цитоплазма кој ја пресекува клетката во пределот на рамнината каде подоцна ќе се подели клетката. Освен со образување на фрагмозомот, предпрофазатапретпрофазата се карактеризира со формирање на прстен од [[микротубули]] и [[актин]]ски филаменти (т.н. предпрофазнапретпрофазна лента) под плазматичната мембрана, околу екваторијалната рамнина на делбеното вретено кое ќе се формира подоцна. Оваа лента го означува местото каде клетката ќе се подели. Клетките на вишите растенија (на пример, [[цветни растенија]]) немаат [[Центриола|центриоли]], па затоа микротубулите образуваат вретено на самата површина на јадрото, по што се организираат во делбено вретено од самите хромозоми (откако јадрената мембрана ќе се разгради).<ref name=Lloyd/> ПредпрофазнатаПретпрофазната лента исчезнува за време на разградувањето на [[Јадрена обвивка|јадрената обвивка]] и со формирањето на делбеното вретено во прометафазата.<ref>Raven ''et al''., 2005, pp. 58–67.</ref>
 
=== Профаза ===
Ред 30:
Јадрената обвивка се разградува и микротубулите навлегуваат во јадрениот простор. Ова се нарекува отворена митоза и се среќава кај повеќето многуклеточни организми. Кај [[габи]]те и некои [[протисти]] (алги или трихомонади) се забележува затворена митоза, каде вретеното се формира внатре во јадрото или неговите микротубули се способни да навлезат во интактна јадрена обвивка.<ref name=Heywood1978/><ref name=Ribeiro2002/>
 
Секој хромозом образува два [[кинетохор]]и на центромерот, по еден прикачен за секоја хроматида. Кинетохорот е сложена белковинска структура што е аналогна на прстенот од куката на микротубулите; тоа е точката каде микротубулите се прикачуваат за хромозомот (околу 1-40 на број, во просек 20).<ref name=Chan2005/> Иако градбата и функцијата на кинетохорите не се во целост објаснети, се знае дека во нив се наоѓа одреден вид на молекуларен мотор.<ref name=Maiato2004/> Кога една микротубула се поврзува со кинетохорот, моторот се активира (користејќи енергија од [[ATP]]) со што на тубулата се "искачува"„искачува“ кон центрозомот откадеод каде таа потекнува. Оваа моторичка активност, заедно со полимеризацијата и деполимеризацијата на микротубулите, ја дава придвижувачката сила потребна за одделување на двете хроматиди од хромозомот подоцна.<ref name=Maiato2004/>
 
Кога вретеното ќе ја достигне потребната должина, кинетохорните микротубули започнуваат да трагаат по кинетохори за кои ќе се закачат. Одреден број на некинетохорни микротубули заемодејствуваат со соодветните некинетохорни микротубули од спротивниот центрозом и го образуваат митотичкото вретено.<ref name=Winey1995/> Прометафазата понекогаш се смета за дел од профазата. Ова е една од главните фази на митозата, бидејќи без неа не би можела да се одвива [[цитокинеза]]та.
Ред 36:
=== Метафаза ===
 
Името метафаза доаѓа од грчкото μετα што значи „после“. Микротубулите ги пронаоѓаат кинетохорите и се закачуваат за нив во прометафазата. Тогаш двата центрозоми почнуваат да ги привлекуваат хромозомите преку нивните закачени центромери кон двата краја на клетката. Вака хромозомите подлежат на надолжна тензија од двата краја на клетката. Може да се каже дека центромерите на хромозомите повлекуваат замислена линија долж метафазната плоча или екваторијална рамнина која е на еднакво растојание од двата центрозомни полови.<ref name=Winey1995/> Оваа еднаква подреденост се должи на рамнотежата на привлекувачкитепривлечните сили од спротивните кинетохори, аналогно на влечењето јаже меѓу луѓе со иста сила. Кај одредени видови на клетки хромозомите не се подредуваат на метафазна плоча, туку неодредено се движат напред-назад меѓу половите, при што само грубо се подредуваат на средната линија.
 
Бидејќи за правилно одделување на хромозомите треба секој кинетохор да е закачен за сноп од микротубули (нишки на вретеното), се смета дека незакачените кинетохори создаваат сигнал за да го спречат предвременото настапување на анафазата (без да се подредени сите хромозоми). Овој сигнал ја создава [[Контролна точка на вретеното|контролната точка на митотичкото вретено]].<ref name=Chan2003/>
Ред 113:
[[Категорија:Клетка]]
[[Категорија:Физиологија]]
[[Категорија:Зборови кои ги нема во ТРМЈ]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Митоза