Никола Минчев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 18:
Во [[НОВ]] се вклучува во [[1941]] година и станува член на [[КПЈ]] во [[1943]] година. Во текот на војната бил член на Месниот комитет на [[КПЈ]] за [[Кавадарци]], командант на [[Партизански одред Добри Даскалов|партизанскиот одред]] „[[Добри Даскалов]]“ и командант на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ. Избран е за член на Второто заседание на [[АВНОЈ]] и на Првото заседание на [[АСНОМ]].
 
[[Податотека:Kralot na Belgija i Nikola Minchev na pocesna smotra.jpg|мини|лево|Кралот на Белгија, Бодуен, и Никола Минчев вршат смотра на почесниот батаљон, 20 јули 1973 година]]
По ослободувањето вршел низа раководни функции. Тој е прв министер за просвета во [[Влада на Македонија од 1945|Владата на НР Македонија]] (1945-1948), а потоа е потпретседател на Владата (1948-1951) и министер за финансии (1951). Бил член во парламентите на Македонија и [[Југославија]], министер во Сојузната влада на Југославија (1958-1962), претседател на македонската Влада (1965-1968) и на Народното собрание на Македонија ([[23 септември]] [[1968]] - [[6 мај]] [[1974]])<ref>[http://www.sobranie.mk/default.asp?ItemID=004AE148175E02469ECEFE682D2C87BF Биографија на Собранието на Република Македонија]</ref> во времето кога се создава [[Устав на Република Македонија#Устав од 25 февруари 1974|Уставот од 1974 година]] во чие креирање и донесување најактивно учествувал. До [[1983]] година е член на Советот на Федерацијата.