Димитар Папрадишки: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 31:
 
== Рано творештво ==
[[Податотека:Freska-PrapradiskiFrescos from St.jpg Joachim of Osogovo Church, Kriva Palanka 6.JPG|thumb|right|350px|Фреска од Папрадишки во [[Св. Јоаким Осоговски]]]]
Неговиот ран и долг творечки пат бил длабоко проткаен и обележан со неизвесната и трагична судбина на Македонија. Задоен со револуционерните идеи за ослободување на Македонија, подоцна како истомисленик и соработник на [[Гоце Делчев]] кого го запознавал во 1896 год во [[Ново Село (Штипско)|Штипско Ново Село]], каде обајцата биле ангажирани професионално: едниот како уметник другиот како учител, тој повеќепати бил прогонуван и затваран. Веќе во 1878 година бил окован во затворот во [[Дојран]] каде бил наклеветен од страна на гркоманите за неговата просветителска активност да не се употребува грчкиот, на сметка на словенскиот јазик кај македонското население. Во 1905/1906 година за своите револуционерни активности Андонов заедно со други видни штипјани бил осуден со доживотна пресуда и затворен во [[Куршумли-ан]] во [[Скопје]]. Благодарејќи на интеренцијата на австрискиот конзул, по 9 месеци бил ослободен. Во 1913 година тој повторно бил затворен но овој пат од страна на српската власт во [[Велес]] а потоа бил префрлен во затворот на [[Косовска Митровица]]. По поделбата на Македонија со [[Букурешки мировен договор|Букурешкиот мировен договор]] тој бил пуштен на слобода.