Уметност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 131:
*Втората струја е онаа на аналитичката естетика. Таа го поставува проблемот на дефиницијата на уметноста. Употребите на зборот се анализирани од [[Лудвиг Витгенштајн]] додека нејзиното функционирање како практика е проучувано од [[Нелсон Гудман]].
 
Во уводниот дел на [[роман]]от „[[Сликата на Доријан Греј]]“, [[Оскар Вајлд]] ги објаснува своите погледи на уметноста, тврдејќи дека уметникот е создавач на убавото и дека целта на уметноста е да се открива самата себе, а да го прикрие уметникот; понатаму, тој тврди дека [[морал]]итетот во уметноста постои само како совршена употреба на несовршеното средство; исто така, ниеден уметник нема етничка наклонетост, зашто таа е само манизирам на стилот; понатаму, тој тврди дека уметноста не може да биде морбидна, зашто уметникот може да изрази сè, а како материјал на [[уметност]]ауметноста се јавуваат и порокот и доблеста; најпосле, тој го изразува ставот дека уметноста е сосема бескорисна, т.е. таа постои само за да ѝ се восхитуваме.<ref>Oscar Wilde, ''Slika Doriana Graya''. Zagreb: Младост, 1989, стр. 5-6.</ref>
 
Зборувајќи за потеклото и значењето на уметноста, полскиот писател и филозоф [[Бруно Шулц]] вели дека уште во детството човекот доаѓа до одредени слики кои понатаму имаат судбоносно влијание, бидејќи во него создаваат содржини кои се предодредени и ја претставуваат програмата на духот. Овие рани слики на уметниците им ги одредуваат границите на нивното творештво, коешто претставува само [[дедукција]] од готови претпоставки. Подоцна, уметниците не откриваат ништо ново, туку само постојано го коментираат тој почетен [[стих]] што им е зададен. На тој начин, уметноста не ја открива тајната до крај. Оттука, рационализацијата на уметничкото дело е крај на забавата, осиромашување на проблематиката на делото, зашто уметноста не е крстозборка со скриен клуч кој би можела да го разреши филозофијата. Во уметничкото дело не е пресечена врската на човекот со целоста на неговата проблематика. Притоа, уметноста оперира во пред[[морал]]ната длабочина, во точката каде што вредноста е допрва во состојба на зародиш. Уметноста како спонтан исказ на животот и поставува задачи на [[етика]]та – а не обратно. Целта на уметноста не е само да го потврди она што донекаде веќе е воспоставено, зашто тогаш таа би била непотребна. Нејзината улога е да биде сонда спуштена во ненареченото, а уметникот е апарат кој ги регистрира процесите во длабочината, каде што се создава вредноста.<ref>„Писмо до Стањислав Игнаци Виткјевич“, во: Бруно Шулц, ''Митизација на реалноста''. Скопје: Бегемот, 2015, стр. 118-125.</ref>