Актин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 17:
}}
 
'''Актин''' — [[Белковинска фамилија|фамилија]] на [[Глобуларни белковини|глобуларни]] мултифункционални [[Белковина|белковини (протеини)]] кои формираат [[Микрофиламент|микрофиламенти]]. Се среќава во скоро сите [[Еукариоти|еукариотски клетки]] (единствениот исклучок се сперматозоидите на [[Цевчести црви|цевчестите црви]]), каде може да биде присутен во концентрации над 100 μm[[Моларна концентрација|μM]].
 
Актинот претставува [[Мономер|мономерна]] подединица на два вида на филаменти во [[Клетка|клетките]]: микрофиламенти, кои се една од трите главни компоненти на [[Цитоскелет|цитоскелетот]], и тенки филаменти, кои се дел од [[Мускулна контракција|контрактилниот систем]] на [[Мускулно ткиво|мускулните клетки]]. Во клетките може да биде присутен или како слободен мономер, наречен '''G-актин''' (односно глобуларен актин), или како дел од линеарен, полимерен микрофиламент наречен '''F-актин''' (односно филаментозен актин). И двата типа на актин се неопходни за одвивањето на основните клеточни процеси, како што се клеточниот [[мотилитет]] и контракцијата на клетката при [[Делба на клетките|клеточната делба]].
Ред 91:
Типичниот ген за актин има околу 100-нуклеотиден 5’ UTR (aнгл. ''5′ untranslated region:'' [[5’-нетранслатирана област]]), 1200-нуклеотиден транслатиран регион и 200-нуклеотиден 3’ UTR (aнгл. ''3′ untranslated region'': [[3’-нетранслатирана област]]). Повеќето актински гени поседуваат [[Интрон|интрони]].
Сите несферични прокариоти поседуваат гени кои кодираат хомолози на актинот (како што е [[MreB]]). Овие гени изгледа дека се важни за одржување на формата на прокариотската клетка. Генот ParM, кој се наоѓа во [[Плазмид|плазмидите]], кодира за протеин сличен на актинот чија полимерна форма е динамички нестабилна, а има особина да изврши раздвојување на плазмидската [[ДНК]] во клетките-ќерки за време на клеточната делба. Овој механизам на раздвојување на плазмидската ДНК е аналоген на улогата на [[Микротубула|микротубулите]] во процесот на [[митоза]] кај еукариотите.<ref>{{Наведено списание|last=Garner|first=Ethan C.|last2=Campbell|first2=Christopher S.|last3=Weibel|first3=Douglas B.|last4=Mullins|first4=R. Dyche|date=2007-03-02|title=Reconstitution of DNA segregation driven by assembly of a prokaryotic actin homolog|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/17332412|journal=Science (New York, N.Y.)|volume=315|issue=5816|pages=1270–1274|doi=10.1126/science.1138527|issn=1095-9203|pmc=PMCPMC2851738|pmid=17332412}}</ref>
 
== Поврзано ==
 
* [[Актин-врзувачка белковина]]
* [[Arp2/3 комплекс]]
* [[Интермедиерен филамент]]
* [[Микрофиламент]]
* [[Моторна белковина]]
* [[MreB]]
* [[Фалотоксин]]
 
== Наводи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Актин