Отвори го главното мени

Промени

Одземен 51 бајт ,  пред 9 месеци
дополнителни поправки
Гален успеал да ги сумира и синтетизира делата на своите претходници и благодарение на него грчката медицина била предадена на следните генерации, така што Галенизмот станал средство преку кое грчката медицина станала позната во светот. Галеновата реторика и плодноста на неговото дело биле толку силни што давале впечаток дека после него останува малку што да се научи. Така поимот Галенизам може да се толкува и позитивно и пејоративно (несогласувачки), т.е. колку и да имало напредок во античката медицина со Гален, толку нејзината доминација го задушила понатамошниот напредок.<ref>{{Наведено списание|last=Nutton|first=Vivian|date=1984|title=From Galen to Alexander, Aspects of Medicine and Medical Practice in Late Antiquity|url=|journal=Dumbarton Oaks Papers|volume=38|pages=1-14}}</ref>
 
По распадот на Западното римско царство учењето на Гален и другите грчки дела речиси исчезнале во латинскиот запад. Во Источната римска империја, Галеновото наследство се сочувало преку сижето на [[Орибасиј]], личниот лекар на императорот [[Јулијан Отпадникот]], од 4 век, кој ги раширил Галеновите дела правејќи го Галенизмот подостапен. Во доцната антика медицинските записи повеќе биле сконцентрирани на теоретскиот дел отколку на практичниот дел, така да авторите главно само дебатирале за Галенизмот. Меѓу овие автори биле теоретичарот Магнус од Нисибис, византискиот медицински писател Јован Александриски и Агнелиј Равенски.<ref>{{Наведено списание|last=Temkin|first=Owsei|date=1935|title=STUDIES ON LATE ALEXANDRIAN MEDICINE: I. Alexandrian Commentaries on Galen's "De Sectis ad Introducendos"|url=https://www.jstor.org/stable/44438117|journal=Bulletin of the Institute of the History of Medicine|volume=3|pages=405-430}}</ref> Грчката медицина била дел од грчката култура, а источно-сириските христијани дошле во контакт со неа кога Византија владеела со Сирија и западна Месопотамија – региони кои во 7-тиот век биле освоени од Арапите. На овој начин, во периодот околу половината на 7-от век, муслиманите дошле во контакт со првите преводи на Гален на арапски јазик. Оттогаш, Гален и грчката медицинска традиција генерално биле асимилирани во средновековниот и раномодерниот исламски [[Близок Исток]].<ref name=":2" />
 
=== Влијание на медицината во исламскиот свет ===
=== Повраток во латинскиот Запад ===
[[Податотека:Mondino_-_Anathomia,_1541_-_3022668.tif|мини|Mondino dei Liuzzi, ''Anathomia'', 1541|301x301пкс]]
По 11-тиот век латинските преводи на исламските медицински текстови почнале да се појавуваат во [[Западна Европа]], а паралелно се развивало и учењето на медицинската школа во [[Салерно]] (итал., ''Scuola Medica Salernitana)'', кое било инкорпорирано во курикулумите на универзитетите во [[Неапол]] и во универзитетот Федерико Втори во [[Монпелје]]. Од тогаш Галенизмот повторно зазел нов и неоспорен авторитет, дури Гален го нарекувале „Медицинскиот папа на средниот век“.<ref name=":2" /> Лекарот и монах [[Константин Африкански]] бил меѓу тие кои го превеле и Хипократ и Гален од арапски на латински јазик. Освен сѐ побројните преводи од арапски јазик, имало и директни преводи на Галеновите дела од грчки јазик, како што бил преводот на ''De complexionibus'' од италијанскиот преведувач Бургундио од Пиза. Делата на Гален од полето на анатомијата и медицината станале основа на универзитетскиот наставен план во средниот век, заедно со Медицинскиот канон на Авицена. Во христијанска Европа од тој период не постоела забрана за дисекција и аутопсија на човековото тело, така да истражувањата во таа насока се јавиле уште од 15-тиот век.<ref>{{Наведено списание|last=Prioreschi|first=P.|date=2001-2|title=Determinants of the revival of dissection of the human body in the Middle Ages|url=https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pubmed/11425294|journal=Medical Hypotheses|volume=56|issue=2|pages=229–234|doi=10.1054/mehy.2000.1183|issn=0306-9877|pmid=11425294}}</ref> И покрај познавањето на грешките на Гален во анатомијата, неговото влијание било толку силно што лекарите од тоа време на секој начин се обидувале да го оправдаат, на пример, италијанскиот лекар и анатом [[Мондино деи Луици]], кој ја опишувал рудиментираната циркулација на крвта во своите дела, сепак тврдел дека левата комора треба да содржи воздух. Дури имало тврдења дека разликите во анатомијата меѓу човекот и животните се доказ дека човечката анатомија се променила од времето на Гален.<ref>{{Наведена книга|title="The Anatomist". Stories of Great Physicians|last=Jones|first=Raymond F|publisher=Whitman|year=1963|isbn=|location=|pages=46-47}}</ref>
 
Најважен преведувач на делата на Гален на латински јазик бил Николо ди Деопрепио да Реџио, кој работел на Анжујскиот двор за време на владеењето на кралот [[Роберт Неаполски]]. Меѓу неговите преводи значаен е делот за медицинските расправи на Гален, чиј оригинален текст бил изгубен.<ref>{{Наведена книга|url=https://books.google.mk/books/about/The_Dawn_of_Humanism_in_Italy.html?id=Lp5DaMVo_cgC&redir_esc=y|title=The Dawn of Humanism in Italy|last=Weiss|first=Roberto|date=1970|publisher=Haskell House Publishers|isbn=9780838300800|language=en}}</ref>
Падот на Византиската империја во 1453 година и појавата на [[Ренесанса|ренесансата]] биле придружени со прилив на грчки научници и ракописи во Западна Европа, овозможувајќи директна споредба меѓу арапските коментари и преводи и оригиналните грчки текстови на Гален. Дебатите во медицинската наука тогаш имале две традиции: поконзервативна арапска и полиберална грчка.<ref name=":0">{{Наведена мрежна страница|url=https://www.stmarys-ca.edu/sites/default/files/attachments/files/Natural_Faculties.pdf|title=Galen. On the Natural Faculties|last=Arthur John Brock|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> Но имало и поекстремни либерални движења кои ја оспорувале улогата на авторитетите во медицината, па така, на пример, [[Парацелзус]] симболично ги запалил делата на Авицена и Гален во неговото медицинско училиште во Базел.<ref name=":0" /> Сепак, големината на Гален меѓу великаните на милениумот била прикажана на муралот во манастирот [[Голема Лавра]] на [[Света Гора]], каде меѓу претставените пагански мудреци, Гален бил нацртан меѓу Сибилското пророштво и Аристотел.
[[Податотека:Galenus_-_De_pulsibus._Greek_manuscript_with_latin_translation._Venice,_ca._1550..jpg|лево|мини|Galen. De pulsibus. (Ракопис; Венеција, 1550 год.).|алт=|218x218пкс]]
Крајниот пораз на Галенизмот бил од негирањето на Парацелзус и конструктивизмот на италијанските ренесансни анатоми, посебно од делото на [[Андреас Везалиус]] од 16 век.<ref name=":2" /> Овој фламански лекар и анатом во 1530 година се нафатил на голем проект на преведување на многу грчки текстови на Гален на латински јазик. Неговото дело ''De humani corporis fabrica'' било напишано под влијание на Галеновиот начин на пишување и форма. Во обид да ги испита критички методите на Гален, Везалиус правел дисекција на човечки труп како начин на верификација. Преку своите книги и демонстрации, тој ги покажал ограничувањата на Гален и покрај силното спротивставување на традиционалните про-Галенисти, каков што бил францускиот анатом [[Јакобус Силвиус]]. Испитувањата на Везалиус ги отфрлиле теориите на Аристотел и Мондино де Луизи. Едно од најпознатите отфрлувања на Галенизмот била демонстрацијата на Везалиус за непропустливоста на интервентрикуларниот септум. Напуштањето на одредени сфаќања на Гален, посебно во анатомијата на циркулаторниот систем, било постепено низ целиот период на ренесансата и се должело на работата не само на Везалиус, туку и на неговите следбеници: неговиот студент [[Мигел Сервет]],<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.miguelservetinvestigacion.com/ENGLISH/works.html|title=WORKS OF MICHAEL SERVETUS OR MICHAEL DE VILLANUEVA|last=|first=|date=|work=|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref> неговиот соработник Франциско Гонзалес Ечевериа, лекарот [[Џон Кајус]], саксонскиот хуманист [[Јанус Корнариус]] и други.
 
Но, сепак, некои придонеси на Гален ,како што е „испуштањето на крв“ како лек за многу болести, останале во употреба и во текот на целиот 19 век.