Панде Чесноска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Панде Чесноска''' е родена на 1 септември 1919 година во [[Прилеп]].
 
И покрај тоа што Чесноска била ќерка на богато и видно семејство од Прилеп, била член на [[СКОЈ]] и [[КПЈ]] од пред војната. Пред војната се дружела со прогресивните младинци од Прилеп, а најмногу соработувала со народниот херој [[Кире Гаврилоски - Јане]]. Нивното зближување постепено ќе прерасне во вистинска љубов.
 
Есента 1943 година, Чесноска била испратена во редовите на партизанските единици, кои тогаш се наоѓале на ослободената територија на [[Дебарца]]. Во Бирото на Вториот обласен комитет останала се до 5 декември 1943 година, кога партизанските единици се повлекле за Егејска Македонија. Вториот обласен комитет заминал за Битола, а Чесноска била испратена за Охрид. Нејзе, најверојатно, и била дадена задача да ја пренесе архивата. Таа во Охрид се сместила во куќата на Никола Михајлов Камнаровски, кого го познавала од порано. Тој пред војната работел како келнер во кафеаната на нејзиниот стрико во Прилеп. Меѓутоа, била предадена и уапсена и подоцна однесена во битолскиот затвор. Заедно со други партизани побегнала од затворот и повторно се вклучила во движењето.