Возот в снег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиени последните 2 промени (од 77.29.66.173) и ја поврати преработката 3807029 на ГП
Нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 1:
'''Возот в снег''' ([[хрватски]]: ''Vlak u snijegu'') - [[роман]] за деца на хрватскиот писател [[Мато Ловрак]], објавен во 1931 година. Романот е напишан според вистинити настани кои го инспирирале авторот.<ref>[https://raspored.hrt.hr/?raspored=1&mreza=3&datum=2018-12-22 HRT (пристапено на 20.12.2018)]</ref>
 
==Содржина==
Делото се состои од девет глави:<ref>Мато Ловрак, ''Возот в снег''. Скопје: Македонска книга, Наша книга, 1975.</ref>
* Најголема зграда
* Тројцата малечки од Јаболковец
* Задругата Љубановец
* Состанок
* Излет во градот
* [[Воз]]от в [[снег]]
* Детски раце
* Љубан и Перо
* Полноќ
 
Дејството на романот се одигрува во Големо Село, каде што се наоѓа централното [[училиште]] во кое учат и децата од околните села. Меѓу нив се и трите деца од селото Јаболковец, Љубан, Драга и Перо, кои се главните ликови во [[роман]]от. Тие се најдобри другари и си играат заедно, но еднаш, кога децата си играат [[свадба]], Драга и Љубан се караат меѓу себе и таа и Перо се свртуваат против Љубан. Оттогаш, тие не одат повеќе заедно на училиште.