Разлика помеѓу преработките на „Федерико Гарсија Лорка“

с
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата [[Андалузија]], за кулите, камбаните и зорите на [[Гранада]], [[бик]]овите и тореросите, [[Роми|Циганите]] и нивните песни и ритми, насадите со [[маслина|маслини]] и [[портокал]]и итн. Неговите [[стих]]ови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик. Лорка останал настрана од тогашниот водечки поетски правец во Шпанија - [[ултраизам]] (шпанска варијанта на [[модернизaм|модернизмот]]), но од него ги презел најсмелите и најтешките елементи.
 
Своето прво дело Лорка го објавил во 1918 година - збирката песни во проза „[[Импресии и пејзажи]]“, а во 1921 година се појавила неговата прва поетска збирка, „Книга песни“. Во 1925 година објавил неколку песни од подоцнежните збирки „Цигански романсеро“ и „Песната„[[Песната на кантеКанте ходно“ходно]]“ и ја завршил драмата во стихови „[[Маријана Пинеда]]“ која била поставена на сцената две години подоцна, во [[режија]] на [[Маргарита Хиргу]], а [[сценографија]]та била дело на [[Салвадор Дали]]. Во 1927 година го напишал есејот „Поетската слика кај Гонгора“; една година подоцна излегла од печат збирката „[[Цигански романсеро]]“, а истата година напишал неколку песни од подоцнежната збирка „[[Поетот во Њујорк]]“; во 1930 година, во [[Мадрид]] била поставена неговата пиеса „[[Чудесната чевларка]]“; во 1931 година била објавена збирката „[[Песната на канте хондо]]“, како и некои песни од „Поетот во Њујорк“, а истовремено почнал да го пишува циклусот „Тамаритски диван“; во 1933 година биле прикажани драмите „[[Крвави свадби]]“ и „[[Љубовта на дон Перлимплин]]“; во 1934 година се одржала првата изведба на драмата „[[Јерма]]“ и ја напишал поемата „Тажачката за И. С. Мехијас“, која ја прочитал во Мадридскиот театар при стотата претстава на „Јерма“; во 1935 година излегле од печат шесте галициски песни, како и неколку газели и касиди, а ја напишал и „Дона Росита или говорот на цвеќето“; во 1936 година биле објавени „Крвави свадби“ и „Први песни“, а пред поетите Гиљен, Алонсо и де Торе за првпат ја прочитал драмата „[[Домот на Бернарда Алба]]“. Првите собрани дела на Лорка биле објавени во 1938 година, во [[Буенос Аирес]], а во Шпанија, неговите собрани дела биле објавени дури во 1954 година.<ref>Матеја Матевски, „Федерико Гарсија Лорка 1898-1936“, во Федерико Гарсија Лорка, ''Неверна жена''. Скопје: Македонска книга, Култура, Мисла, Наша книга, 1982, стр. 155-157.</ref>
 
Најпознати негови дела се: