Григориј Турски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
→‎Творештво: дополнување
Ред 9:
==Творештво==
[[Image:Grégoire de Tours, Histoire des Francs, livres 1 à 6, page de frontispice.jpg|thumb|180px|''Historia Francorum'' на Григориј од Тур.]]
Најзначајното дело на Григориј од Тур е „[[Десет историски книги]]“ (''Decem Libri Historiarum''), попознато како „[[Историја на Франките (книга)|Историја на Франките]]“ (''Historia Francorum''). ИстоВо таканего, тој еги познатприкажал иисторијата пона своитевладетелите делана во[[Франки|Франките]] коии гихристијанизацијата опишувана чудатаГалија, но на повеќе места детаљно зборува за [[СветецТеологија|светцитетеолошките]], особенорасправи неговитекои четирисе книгиводеле замеѓу чудата[[Католици|католиците]] наи [[СвЕрес|еретиците]]-[[Аријанство|аријани]] во кои учествувал и тој самиот.<ref>Aron МартинGurevič, од''Problemi Тур|свnarodne kulture u srednjem veku''. МартинBeograd: одGrafos, Тур]]1987, стр. 41.</ref>
 
Григориј од Тур пишувал на [[латински јазик]], но со често отстапување од класичните [[Латинска граматика|граматички]] правила,<ref>Sandys, John Edwin. ''History of Classical Scholarship'', Vol I. 434-435. Cambridge: CUP, 1903.</ref> мешајќи ги средниот и женскиот род и заменувајќи го женскиот со машкиот род<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 36.</ref> при што користел многу прост стил. На пример, во предговорот на житието на св. Мартин, Григориј признава дека почнал да пишува со страв и по долго колебање, зашто се чувствувал „неписмен, простак и незнајко“ (''inops litteris, stultus et idiota''). Меѓутоа, нему му се прикажала мајка му, убедувајќи го дека токму тој едноставен начин на пишување е исправен, зашто му е пристапен на народот и дека би било за осуда ако не го направи тоа благородно дело. Тагувајќи поради својата неукост, најпосле Григориј бил охрабрен од помислата дека [[Господ]], „за да ја уништи суетата на светската премудрост, не ги избрал [[Ораторство|ораторите]], туку рибарите, не ги одбрал [[филозоф]]ите, туку селаните“. Поради тоа, тој ги отфрлил „басните“ за римските богови и ги опишува чудата на божјите избраници за што не е потребно да се знаат граматичките родови и падежи. Исто така, во завршната глава на својата „Историја на Франките“, откако ги набројува своите дела, тој повторно ја нагласува недоделканоста на својот стил, но ги заколнува сите свештеници кои ќе управуваат со епархијата да не менуваат ништо од она што го напишал, туку да ги сочуваат неговите дела недопрени.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 35-36.</ref>
 
Важен дел од творештвото на Григориј заземаат [[Хагиографија|хагиографиите]], кои претставуваат т.н. мали книжевни форми, се одликуваат со концизно излагање, а нивната централна тема се чудата кои ги правеле светците. Од нив, најпознате се неговите „Книга за чудата“, „Книга за славата на праведните исповедници“ и „Житијата на отците“ во кои ги опишува чудата на [[Светец|светците]], како и „Четири книги за чудата на [[Св. Мартин од Тур|светиот епископ Мартин]]. Тие се напишани на прост [[јазик]] и имале дидактичка улога, т.е. биле наменети за читање или прераскажување за време на црковните проповеди, вообичаено на [[празник]]от на конретниот светец. На пример, во „Книгата за чудата“, тој не наведува никакви теолошки аргументи во одбрана на верата, туку го опишува дуелот во кој аријанскиот еретик го предизвикува католикот да докаже дека е во право со помош на „божјиот суд“. За таа цел, двајцата наизменично да го извадат прстенот од казанот со врела вода; најпосле, откако долго време ја држел во водата, [[рака]]та на правоверниот останала неповредена, додека еретикот ја изгорел раката до [[коска]]та.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 41-42.</ref>
 
== Наводи ==