Интернет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 79:
 
==Употреба на интернетот во светот==
Според извештајот на Комисијата на [[Обединетите нации]] за широкопојасен интернет и на [[Меѓународна унија за телекомуникации|Меѓународната унија за телекомуникации]], кон крајот на [[2016]] година 3,5 милијарди луѓе во светот користеле интернет, т.е. 47% од светското население, што претставувало раст од 300 милиони корисници во споредба со [[2015]] година. Притоа, во 91 земја, над 50% од населението користеле интернет. Првите десет земји со најголем процент на користење интернет се наоѓале во [[Азија]] и во [[Средниот Исток]], а на врвот се наоѓала [[Јужна Кореја]], каде дури 98,8% од домаќинствата биле приклучени на интернет. Потоа следувале [[Катар]] (96%) и [[Обединетите Арапски Емирати]] (95%). Исланд, пак, имал најголем процент на индивидуални корисници на интернет (98,2%), а по него следувале [[Луксембург]] (97,3%) и [[Андора]] (97%). Најниско користење интернет било забележано во [[Супсахарска Африка]]: во [[Чад]], само 2,7% од домаќинствата користеле интернет, во [[Сиера Леоне]] тој процент бил 2,5%, во [[Нигерија]] 2,2%, во [[Сомалија]] 1,8%, а во [[Еритреја]] 1,1%. [[Монако]] и [[Швајцарија]] се земјите со најмногу фиксни широкопојасни приклучоци (над 47 претплати на 100 жители), а најмногу активни мобилни широкопојасни приклучоци имало во [[Финска]] (144 на 100 жители), [[Сингапур]] (142) и [[Кувајт]] (139). Инаку, 48% од светските мобилни широкопојасни приклучоци се наоѓале во азиско-пацифичкиотподрачјето регионна [[Азија-Тихоокеанија]] (1,7 милијарди), 778 милиони приклучоци имало во Јужна и во [[Северна Америка]], 483 милиони во [[Европа]], 280 милиони во [[Африка]], 185 милиони во арапските земји итн. И во поглед на фиксните широкопјасни приклучоци предничел азиско-пацифичкиоттихоокеанскиот регион, со 432 милиони приклучоци (49% од светските приклучоци), по што следувале Европа (199 милиони, [[Јужна Америка|Јужна]] и Северна Америка (188 милиони), арапските земји (19 милиони), а во Африка имало само 6,4 милиони приклучоци. Од светското население што не користело интернет, дури 55% било концентрирано во шест земји, меѓу кои се [[Индија]] и [[Кина]], а 75% од светското население што не користело интернет било концентрирано во 20 земји.<ref>„Половина од популацијата е онлајн“, ''Дневник'', година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 22.</ref>
 
Табела бр. 1: Европски земји со најголем број корисници на интернет (30.11.2015)<ref>[ http://www.internetworldstats.com/stats4.htm Internet World Stats (пристапено на 26.9.2016)]</ref>