Цариград: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 9:
=== 306–337 ===
 
Во текот на [[III век]], Римскотоgrското Царство било опфатено со голема криза. Во тогашни услови, старата престолнина [[Рим]] немала услови да опстојува како таква во такви услови. Царот [[Диоклецијан]] тоа многу добро го разбрал, и затоа во негово време тој со своето царство раководел од [[Никомидија]] во [[Мала Азија]]. Неговиот наследник, [[Константин I Велики]] бил прв цар кој барал простор за изградба на новата престолнина. Според него, таа требало да се изгради на [[Босфор]]от, на местото каде се наоѓал античкиот грчки град [[Византион]]. Ова било местото кое [[Европа]] ја делел од [[Азија]]. Изградбата на новата престолнина започнала во [[324]] година. Лично Константин бил оној кој го направил планот на градските ѕидини. По само шест години, на [[11 мај]] [[330]] година бил официјално основан градот под името Цариград или во превод ''градот на Константин''. Од тогаш, тој исто така бил нарекуван и ''Нов Рим''. Покасно, градот од страна на [[словени|Словените]] бил наречен [[Цариград]].
 
Константин во голема мера го проширил градот и го поделил на 14 реони, започнувајќи со изградба на објекти какви доликувале на една царска престолнина<ref>A description can be found in the [[Notitia urbis Constantinopolitanae]].</ref>. Сепак, новата престолнина за да наликува на еден нов Рим требало да поминат долги години. Во престолнината немало [[Претор (титула)|претори]], трибуни или [[квестор]]и. Исто така во градот не постоеле никакви административни објекти. Новата програма за изградба на градот била спроведена со голема брзина. Голем број на столбови, порти, статуи биле пренесени од различни делови на царството во градот. Едни од најголемите римски и грчки архитекти и уметници се преселиле во новиот град.