Исламски календар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 43:
== Броење на годините ==
 
Според исламската традиција Абраха, гувернеротуправникот на [[Јемен]], кој во тоа време бил провинција на [[христијанство|христијанското]] кралство [[Аксум]] (денешна [[Етиопија]] се обидел да ја уништи [[Ќаба]]та напаѓајќи ја со војска која вклучувала слонови. Нападот не успеал. Според овој настан, таа година е наречена Година на слонот, а тоа е и годината во која е роден [[Мухамед]]. Се смета дека оваа година одговара на 571. или 570. година од европскиот календар. До 638. година, во предисламскиот период, годините биле броени почнувајќи од годината на слонот. Мухамед во 9-тата година ги забранил престапните месеци и години, односно го вовел месечевиот календар. Во 638. година (17. година според исламскиот календар), вториот [[калиф]] [[Умар (калиф)|Умар]] почнал да ги брои годините од [[Хиџра]], која била оттогаш сметана како прва година. Првиот ден од првиот месец на таа година, по бришењето на престапните денови од првите 9 години, се совпаднал со 16 јули 622. година, и ова и денес се смета за првиот ден од исламскиот календар (иако всушност преселбата на Мухамед се случила во септември 622. година).<ref name="WH"/>
 
Првиот доказ за користењето на исламскиот календар доаѓа од еден папирус од [[Египет]] во 22. година (644. г.).