Индонезија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 69:
|footnotes =
}}
'''Индонезија''',службено Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и Океанија. Индонезија е составена од 17 508 острови и 33 провинции. Со над 238 милиони жители, Индонезија е [[Список на држави по население|четвртата најнаселена држава]] во светот и е земја со најголем број на муслимани. Индонезија е република, со законодавно тело и претседател кои се директно избрани. Главен град на Индонезија е Џакарта. Индонезија копнено се граничи со Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Малезија. Други соседни земји се Сингапур, Филипини, Австралија и индиските Андамански и Никобарски острови. Индонезија е една од земјите-основачи на ASEAN (Асоцијација на земји од југоисточна Азија) и е членка на големите економии Г-20. Индонезиската економија е осумнаесетта во светот според номинален БДП и петнаесетта најголема во светот според паритетот на куповната моќ.
 
Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата Шривиџаја а потоа и Маџапхит тргувале со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели од раните векови и со тоа се развиле Будистичките и Хиндуистичките кралства. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Муслиманските трговци го донесоа исламот, а европејците го донесоа христијанството и тие меѓусебно војуваа за да ја монополизираат трговијата на Островот на зачините Маику за време на големите географски откритија. По холандскиот колонијализам кој траеше три ипол века, Индонезија ја обезбеди својата независност по Втората светска војна. Оттогаш индонезиската историја е турбулентна, со предизвици поставени од природни катастрофи, корупција, сепаратизам, процес на демократизација и периоди на брзи економски промени.