Микеланџело Буонароти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 31:
Микеланџело се вратил во Фиренца во перидот помеѓу 1499 до 1501 година. По падот на анти ренесансниот свештеник и водич на Фиренца, Гироламо Савонарола, (погубен во 1498 година) и со доаѓањето на власт на „знаменосецот“ Пјеро Содерини, работите во државата веќе се менувале. Конзулите на градскиот сојуз (еснаф), побарале од Микеланџело да го заврши недовршениот проект на Агустино ди Дучио, започнат пред 40 години – џиновска статуа на Давид, како симбол на фиренската слобода, која ќе биде сместена на плоштадот „дела Синориа“, наспроти Палацо Векио (Стара палата). Микеланџело прифатил и во 1504 година, го завршил своето најпознато дело, „Статуата на Давид“. Ова ремек дело, изработено од мермерна плоча од каменолом во Карара, на кое претходно веќе се работело одново ја потврдува еминентноста на Микеланџело како вајар, неговата посебна техника и моќта на фантазијата.
 
Исто така, за време на овој период, Микеланџело го насликал „Светото семејство и Св. Јован“ исто така познато како “Doni Tondo” или „Светото семејство на заштитникот (tribune)“. Ова дело било насликано по нарачка за бракот на Анџело Дони и Мадалена Стрози, а во 17тиот век, било закачено во просторија позната како „Трибуна“ во музејот во [[Уфици]]. Постои можност да ја насликал и „Богородица со Исус и Св. Јован крстител“, позната уште и како „Голема Богородица“, која се наоѓа во Националната Галерија, во Обединетото Кралство, во Лондон.
 
=== Таванот на Систинската Капела ===