Разлика помеѓу преработките на „Уметност“

Додаден 1.311 бајт ,  пред 1 година
Во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, Еуџенио Монтале зборува за иднината на уметноста во индустриското општество. Според него, штом пронајдоците на новата уметност ќе постанат декоративни мотиви, ќе биде тешко да се распознае што е уметничко дело, а што предмет за секојдневна употреба. Поради тоа, според него, современата уметност е бегство од времето, трка кон анонимноста, а уметноста се сведува на стил со потполна рамнодушност кон содржината. Оттука, во иднината, уметноста ќе биде само сетилна, акустична, визуелна уметност, предодредена за забава, а не за размислување и дека единствената нејзина публика ќе бидат нејзините творци, уметниците.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 113-114.</ref> Слични погледи изнесува и во есејот „Уметност за сите“ од 1957 година, во кој прогнозира дека во иднината бескрајно ќе се зголеми бројот на уметниците, зашто уметничката професија ќе биде привлечна, угледна и профитабилна. Затоа, „производството“ на уметници ќе биде сè поголемо, условено од потребата за продажба на „произведената“ стока.<ref>Euđenio Montale, ''Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi''. Beograd: Rad, 1979, стр. 123.</ref>
 
Според српскиот поет [[Јован Дучиќ]], нема уметност без [[убавина]], ниту уметноста и убавината можат да се разделат, зашто во спротивно, тоа би било само вештина и виртуозност, а не уметност.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 284.</ref> Според него, сите уметности отсекогаш биле во служба на [[религија]]та. Понатаму, сè што се случувало во уметноста низ вековите било во тесна врска со другите нешта во животот. Уметничката смисла често се развивала без ред, но секогаш била поврзана со општествените појави, а најмногу со моралните промени. Притоа, во уметноста постојат разни форми на [[убавина]] (чудно, ново, мисловно, возвишено, необично, [[Порнографија|порнографско]], аморално, итн.) и сето тоа предизвикувало недорабирање меѓу уметниците и нивните современици, особено кога уметниците биле над општеството или кога [[општество]]то било културно и [[морал]]но над уметниците.<ref>Јован Дучић, ''Благо Цара Радована'' (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 281.</ref>
 
== Убави уметности ==