3 век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
додавање
Ред 1:
{{Во изработка}}{{3 век}}
'''3 век''' започнувазапочнал на [[1 јануари]] [[201]] ггод., иа завршувазавршил на [[31 декември]] [[300]] ггод.
 
Во текот на овој век [[Римско Царство|Римската империја]] се наоѓала во криза, што го означило почетокот на [[Доцна антика|доцната антика]]. Во [[Персија]], [[Партијска империја|Партијската империја]] била наследена од [[Сасанидско Царство|Сасанидската империја]]. Во [[Древна Индија|Индија]], [[Кушанска империја|Кушанската империја]] била заменета со империјата [[Гупта]]. Кина се наоѓала во периодот на [[Трите кралства]]. [[Хунну]] ја формирале државата [[Сја (држава)|Сја]] под водство на [[Лиу Кубеи]]. Во [[Корејски Полуостров|Кореја]] владееле [[Трите кралства на Кореја]]. [[Јапонија]] била во периодот [[Кофун]]. Во [[југоисточна Азија]] постоеле група на слабо поврзани држави, наречени со заедничко име [[Фунан]].
 
Во ова време во [[Потсахарска Африка|субсахарска Африка]], експанзијата на [[Банту-јазици|Банту]] племињата дошла до [[Јужна Африка (регион)|јужна Африка]].
 
Во [[предколумбиска Америка]], културата [[Адена]] од долината на реката [[Охајо (река)|Охајо]] пропаднала, за на нејзино место да се развие [[Хоупвелска култура|Хоупвелската култура]]. Цивилизацијата на [[Маи|Маите]] во [[Средна Америка]] навлегла во својата класична ера.
 
== Римската империја во 3 век ==
По смртта на царот [[Комод]] кон крајот на [[2 век]], [[Римско Царство|Римската империја]] била втурната во граѓанска војна. По завршетокот на војувањата, на тронот на империјата седнал императорот [[Септимиј Север]], кој бил основоположник на династијата [[Севери (династија)|Севери]]. За разлика од претходните римски цареви, тој отворено ја користел армијата за да го зајакне својот авторитет, а за таа цел ги наградувал со високи плати. Како резултат на тоа, режимот што тој го создал е познат како [[Воена монархија]]. Системот се распаднал во [[230-ти|230-тите]] години, по што следел турбулентен педесетгодишен период познат како Воена анархија или [[Криза од трет век|Кризата од третиот век]]. Овој период започнал со атентатот на 28-годишниот император [[Александар Север]] (последниот император на династијата Севери), а по него на власт се смениле дваесет цареви, од кои секој траел само неколку месеци. На мнозинството од овие цареви или им бил извршен атентат или биле убиени во тек на воени походи, а империјата речиси пропаднала под тежината на политичките нереди и зголемената персиска опасност на исток. Под новите [[Сасанидско Царство|Сасанидски]] владетели, Персија прераснала во ривалска суперсила, па Рим морал да направи драстични реформи со цел подобро да се подготви за конфронтација со овој ривал. Овие реформи конечно биле реализирани кон крајот на 3 век, во текот на владеењето на императорот [[Диоклецијан]] (284 – 305 год.). Една од реформите била да се подели империјата на источна и западна половина, а секоја од нив да има посебен владетел.
 
== Настани ==
 
*
* [[Криза од 3 век]]
 
== Личности ==
 
* ...
 
== Откритија ==
 
== Наводи ==
* ...
 
[[Категорија:3 век| ]]
[[Категорија:Векови|03]]
[[Категорија:1 милениум]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/3_век