1 век: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнувања
дополнувања
Ред 4:
'''1 век''' започнал на [[1 јануари]] [[1]] год. и завршил на [[31 декември]] [[100]] год. Честопати е напишан како 1 век од н.е. или I век од н.е. за да се разликува од I век п.н.е. кој му претходел. 1 век се смета за дел од [[Класична антика|класичната антика]].
 
Во текот на овој период, [[Европа]], [[Северна Африка]] и [[Близок Исток|Блискиот Исток]] потпаднале под доминација на [[Римската империја]], која продолжила да се шири, и ја освоила [[Велика Британија (остров)|Британија]] за време на царот [[Клавдиј]] ([[43|43 год.]]).<ref name=":0">{{Наведена книга|title=Stari svet|last=Dušanić|first=Slobodan|publisher=Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=202-218}}</ref> Реформите кои ги вовел [[Октавијан Август|Август]] за време на неговото долго владеење ја стабилизирале империјата по превирањата од граѓанските војни од претходниот век. Подоцна, во овој век дошло до крајот на [[Јулиевско-Клавдиска династијата|Јулиевско-Клавдиската династијата]], која била основана од Август, а завршила со самоубиството на [[Нерон]] во [[68|68 год]].<ref name=":0" /> По владеењето на Јулиевско-Клавдиската династијата, следела познатата [[Година на четворицата императори]], која била краток период на граѓанска војна и нестабилност, и била конечна окончана од [[Веспазијан]], деветтиот римски цар и основач на [[Флавиевска династија|Флавиевската династија]].<ref name=":0" /> Генерално, Римското царство доживеало период на просперитет и доминација, па затоа првиот век бил запаметен како дел од златното доба на империјата.
 
Во првиот век се појавило [[Христијанство|христијанството]].
 
Во [[Древна Кина|Кина]] продолжила доминацијата на династијата [[Хан (династија)|Хан]], и покрај четиринаесетгодишниот прекин од династијата [[Син (династија)|Син]] под [[Ванг Манг]]. Владеењето на Хан било обновено во [[23|23 година]]. Владеењето на Ванг Манг значело раздвојување помеѓу Западниот/Поранешниот Хан и Источниот/Подоцнежниот Хан. Главниот град исто така бил преместен од [[Чанган]] во [[Луојанг]].<ref>{{Наведена книга|title=Stari svet|last=Dušanić|first=Slobodan|publisher=Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad|year=1983|isbn=|location=Beograd|pages=307-315}}</ref>
 
== Регионални настани и политика ==
 
* [[Западна Европа]]: [[Келти]], [[Германи]], [[Лапонци]] и [[Финци]] организирани во [[Племе|племенски заедници]] и [[Римско Царство|Римската империја]].
*[[Источна Европа]]: [[Римско Царство|Римска Империја]], [[Дакијци]], [[Сармати]], Западни [[Словени]] и [[Балтички народијазици|Балти]] организирани во племенски заедници.
*[[Северна Африка]]: [[Римско Царство|Римска империја]], [[Гараманти]] ([[Бербери]]), [[Маври]], [[Пуни]] и [[Гетули]] организирани во племенски заедници.
*[[Западна Африка]]: племенски заедници на [[Гур]], [[Ква]], [[Сонинке]] и [[Манде]].
*[[Централна Африка]]: племиња [[Банту-јазици|Банту]], [[Нок цивилизација]] кој била во фаза на распаѓање (северозападна [[Нигерија]]).
*[[Источна Африка]]: кралството [[Куш (кралство)|Куш]], кралството [[Блеми (кралство)|Блеми]], кралството [[Аксум (кралство)|Аксум]].
*[[Јужна Африка (регион)|Јужна Африка]]: [[Банту-јазици|Банту племиња]] и [[Којсански јазици|Којсански народи]].
*[[Западна Азија]]: [[Римска империја|Римска]] и [[Партска империја]], [[Сабеици|сабеиски]] и [[Арапи|арапски]] кралства и други помали племиња.
*[[Средна Азија|Централна Азија]]: [[Кушанска империја]], [[Сармати]], [[Дахи]] и други ирански племенски заедници.
*[[Јужна Азија]]: [[Кушанска империја]], Западни Сатрапи, [[Сатавахана империја]], древниот [[Тамилакам]] (територија на денешна [[Керала]]) со повеќе кралства, Кралствокралство [[Калинга]], [[Индо-партско кралство]], [[Џангџунг кралство]], во западен и северозападен [[Тибет]].
*[[Југоисточна Азија]]: [[Мандала]] полу-независни градови-држави, кралство [[Фунан]] (околу делтата на реката [[Меконг]]).
*[[Источна Азија]]: [[Хан (династија)|Хан династијата]], племенскиот сојуз [[Јаматај]] (денешна [[Јапонија]]), [[Хунну]] и [[Сјанби]] племенски заедници, и [[Трите кралства на Кореја]] (Когури, Пекче и Сила).
*[[Средна Америка|Централна Америка]]: цивилизациите на [[Маи|Маите]], [[Теотиуакан]] и [[Запотек]].
*[[Јужна Америка]]: [[Насканска култура|Наска]] и [[Моче цивилизација|Моче цивилизации]], [[Таирона]] племенски заедници.
 
== Настани ==
 
* Почетокот на првиот век – била направена статуа на [[Август од Прима Порта]] (можеби била копија од бронзена статуа од околу [[20 п.н.е.|20 год. п.н.е.]]). Сега се чува во [[Ватикански музеи|Музејот на Ватикан]] во [[Рим]].
* ...
*Почетокот на првиот век – била направена [[Гема Августа]], изработен релјеф во полускапоцен камен. Сега се чува во [[Уметничкоисториски музеј (Виена)]].
*Почетокот на првиот век – била изградена т.н. [[Куќа на сребрената свадба]] во [[Помпеја]]. Била ископана во [[1893]] год., во годината на сребрената свадба на италијанскиот крал [[Умберт]] и неговата сопруга [[Маргарита Савојска]], кои ги финансирале [[Археолошко ископување|археолошките ископувања]] во Помпеја.
*Почетокот на првиот век – било изградено внатрешното светилиште во [[Исе, Мие]], во [[Мие (префектура)|перфектурата Мие]]. Период на [[Јајој култура|Јајој културата]] во [[Јапонија]].
*[[1]] - [[Лав|Лавовите]] биле истребени во [[Западна Европа]].
*[[2]] - Бил направен првиот попис во [[Древна Кина|Кина]], пописот бил еден од најточните во кинеската историја.
*[[6]] - Бил направен попис во [[Јудеја и Самарија|Јудеја]] од римскиот гувернер [[Квириниј]].
*[[7]] - Принцот [[Кунобелин од Катувелауни]] го поразил [[Тривованти]] во [[Англија]] и основал свој главен град кај [[Камулодунум]] (денешен [[Колчестер]]).
*[[9]] - Три римски легии биле нападнати и уништени во [[Тевтобуршка шума|Тевтобуршката шума]] од страна на [[Арминиј]], поглаварот на [[Германи|германското племе]] [[Херуски]].
*[[9]] - Принцот [[Кунобелин]] бил крунисан за крал на [[Катувелауни]], а неговото кралство доминирало во Јужна Англија.
*[[9]]-[[23]] - [[Ванг Манг]] привремено ја соборил кинеската [[Хан (династија)|Хан династијата]].
*[[9]]-[[23]] - Владеење на династија [[Син (династија)|Син]].
*[[14]] - Починал [[Октавијан Август|Август Цезар]], првиот цар на Рим. Неговиот посвоен син, посинок и зет [[Тибериј]] станал негов наследник.
*[[25]] - [[Хан (династија)|Хан династијата]] била обновена од страна на [[Лиу Кси]] кој се прогласил себеси за цар [[Гуан Ву-ди]] на Хан.
*[[28]]-[[75]] - Владеел царот [[Минг од Хан]], [[Будизам|будизмот]] стигнал до Кина.
*Луѓето го населуваат островот [[Пентекост]] и го основале селото Бунлап (во денешен [[Вануату]]).
*Околу [[29]] - [[Исус Христос|Исус]] започнува со својата служба (традиционален датум).<ref>{{Наведена книга|title=The Words and Works of Jesus Christ: A Study of the Life of Christ|last=Pentecost|first=J. Dwight|publisher=Zondervan|year=1981|isbn=|location=|pages=577-578}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=John|last=Köstenberger|first=Andreas J.|publisher=Baker Academic|year=2004|isbn=|location=|pages=110}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Eerdmans Dictionary of the Bible|last=|first=|publisher=Amsterdam University Press|year=2000|isbn=90-5356-503-5|location=|pages=249}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=The Date of the Nativity and Chronology of Jesus" in Jerry Vardaman and Edwin M. Yamauchi, Chronos, kairos, Christos: nativity and chronological studies|last=Maier|first=Paul L.|publisher=|year=1989|isbn=0-931464-50-1|location=|pages=113-129}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=The Riddles of the Fourth Gospel: An Introduction to John|last=Anderson|first=Paul N.|publisher=|year=2011|isbn=0-8006-0427-X|location=|pages=200}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Herod the Great|last=Knoblet|first=Jerry|publisher=|year=2005|isbn=0-7618-3087-1|location=|pages=183-184}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Jesus in Johannine tradition|last=Robert Tomson Fortna, Tom Thatcher|first=|publisher=|year=2001|isbn=978-0-664-22219-2|location=|pages=77}}</ref>
*Околу [[33]] - [[Христово распнување|Распнувањето на Исус]] (традиционален датум).<ref>{{Наведена книга|title=Jesus & the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times|last=Barnett|first=Paul|publisher=|year=2002|isbn=0-8308-2699-8|location=|pages=19-21}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=The Cradle, the Cross, and the Crown: An Introduction to the New Testament|last=Andreas J. Köstenberger, L. Scott Kellum|first=|publisher=|year=2009|isbn=978-0-8054-4365-3|location=|pages=77-79}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Paul's early period: chronology, mission strategy, theology|last=Rainer Riesner|first=|publisher=|year=1997|isbn=978-0-8028-4166-7|location=|pages=19-27}}</ref>
*Околу [[33]]-[[36]] - Преобраќањето на [[апостол Павле]].<ref>{{Наведена книга|title=International Standard Bible Encyclopedia: A-D (International Standard Bible Encyclopedia (W.B.Eerdmans)).|last=Bromiley|first=Geoffrey William|publisher=Wm. B. Eerdmans Publishing Company|year=1979|isbn=0-8028-3781-6|location=|pages=689}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=Jesus, the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times|last=Barnett|first=Paul|publisher=InterVarsity Press|year=2002|isbn=0-8308-2699-8|location=|pages=21}}</ref><ref>{{Наведена книга|title=New Testament History|last=L. Niswonger|first=Richard|publisher=Zondervan Publishing Company|year=1993|isbn=0-310-31201-9|location=|pages=200}}</ref>
*[[40]] - Борбата за наследување на престолот еруптирала на дворот на кралот Кунобелин, а неговиот прогонет помлад син, принцот Админиус, пребегал во дворецот на Калигула во Рим.
*[[40]] - Императорот [[Калигула]] планирал да ја нападне [[Велика Британија (остров)|Британија]], но заборавил да понесе војска, наместо тоа, објавил војна на морето, го камшикувал и земал школки како затвореници.
*[[40]]-[[43]] - [[Сестри Трунг|Сестрите Трунг]] дигнале востанијата против кинеското владеење во [[Виетнам]].
*[[42]] - Починал кралот Кунобелин, а неговиот син Каратак станал крал. Тој и неговиот брат го освоиле поголемиот дел од југоисточна [[Англија]], проширувајќи ја територијата во Атребатес, протерувајќи го кралот Верица. Кралот Верица отпатувал во Рим барајќи од [[Клавдиј]] да му помогне да го поврати својот престол.
*[[43]] - Започнало [[Римско освојување на Британија|римското освојување на Британија]]. Бил основан [[Лондон]] (иако можно е градот веќе да постоел со векови наназад).
*[[44]] - Починал [[Ирод Агрипа I]].
*[[41]]-[[54]] - Рахија бил амбасадор испратен од [[Шри Ланка]] во дворот на императорот [[Клавдиј]].
*[[Будизам|Будистичките]] монаси во [[Шри Ланка]] за првпат ги запишале учењата на [[Гаутама Буда|Буда]], создавајќи го палискиот канон.
*Регионите на денешен [[Авганистан]], [[Пакистан]] и северна [[Индија]] биле под контрола на [[Кушани|Кушаните]], номадски племиња кои биле протерани од северозападна Кина од династијата [[Хан (династија)|Хан]].
*[[Тацит (историчар)|Тацит]] ги спомнал [[Свеи|Свеите]], кои подоцна ќе бидат наречени Швеѓани.
*[[Каундина]], индиски брамин се оженил за Сома и го основал камбоџанското [[кралство Фунан]].
*[[Готи|Готите]] се населиле во северна [[Полска]].
*50 - Бил одржан христијански совет во [[Ерусалим]].
*Средина на 1 век – била направена ѕидна ниша од градината во [[Помпеја]]. Денес се чува во [[Музејот Фицвилијам]], [[Кембрички универзитет]], [[Англија]].
*Средина на 1 век – Била направена детална слика на ѕидот во Домот на М. Лукретиј Фронто во [[Помпеја]].
*[[58]]-[[88]] - Владеење на царот [[Минг (цар)|Минг]] и царот [[Џанг (цар)|Џанг]] во Кина.
*[[60]] - Кралицата [[Будика]] од племето Ицени во Англија се побунила против Римјаните. Иако римската војска претрпела големи загуби обидувајќи се да ја задуши буната, сепак, на крај, таа била успешно задушена, а кралицата се отрула. Во бунтот биле уништени три големи града.
*[[64]] - Избил [[Големиот римски пожар|големиот пожар во Рим]] за кој [[Нерон]] ги обвинил христијаните, по што следувало првото масовно прогонство на христијаните во Рим. Овој настан значел и првото признавање за постоењето на христијанското малцинство во Рим.
*[[66]]-[[73]] - [[Прва римско-еврејска војна|Првата римско-еврејска војна]].
*[[69]] - [[Картимандуа]], кралица на бритското племе Бриганти во северна Англија, била симната од власт во граѓанска војна. Нејзиниот сојуз со Рим кој не бил добро прифатен, предавството на Каратакус  и нејзината љубов кон човек кој не ѝ бил сопруг, се причините што довеле до нејзината смрт, а тоа наводно ги налутило Римјаните и било причина да го нападнат и освојат нејзиното кралство.
*[[70]] - Уништување на [[Храмот на Ирод]] во [[Ерусалим]] од страна на Римјаните под [[Тит]].
*[[79]] - [[Помпеја]] и [[Херкуланеум]] биле уништени од ерупција на [[Везув|вулканот Везув]].
*[[80]] - Бил завршен [[Колосеум|Колосеумот]] во Рим.
*По собирот на еврејските мудреци, кој се случил наводно на крајот од првиот век, била завршена еврејската Библија.
*Римската империја за време на владеење на императорот [[Трајан]] го достигнала своето најголемо територијално проширување.
*Крај на 1-виот век - Бил направен Градскиот пејзаж, дел од ѕидното сликарство од Вториот стил во спалната соба во куќата на [[Публиј Фанниј Синистор]]. Сега се наоѓа во музејот [[Метрополитен (музеј)|Метрополитен]], во [[Њујорк (град)|Њујорк]].
*Била насликана сликата „Александар Велики се соочува со Дариј III во Битката кај Исос“, детал од мозаична декорација во [[Помпеја]], Италија. Таа била римска копија на грчка слика од околу [[310 п.н.е.|310 год. п.н.е.]], насликана или од [[Филоксен]] или од Хелен од Египет. Сега е во Националниот археолошки музеј, [[Неапол]], Италија.
*Доцен 1 век – Била изградена спалната соба во куќата на [[Публиј Фанниј Синистор]], од вилата во Боскореале. Била реконструирана со подоцнежен мебел во музејот [[Метрополитен (музеј)|Метрополитен]], во [[Њујорк (град)|Њујорк]].
*Доцен 1 век – Била насликана сликата „Море“, детал од ѕидно сликарство од [[Вила Фарнесина]], Рим.
*Доцен 1 век – Била насликана „Млада жена која пишува“, детал од ѕидно сликарство, од [[Помпеја]]. Сега се чува во Националниот археолошки музеј, [[Неапол]], Италија.
*Доцен 1 век – Била најдена сликата „Мавзолеј во изградба“, во гробницата на семејството Хатериј, Рим. Сега се чува во [[Ватикански музеи]], Рим.
*Доцен 1 век – Била насликана „Средновечна флавијанска жена“. Сега се чува во [[Ватикански музеи]], Рим.
*Околу доцен 1 век-почетокот на 2 век - Бил направен „Буда и придружниците“, од Катра Кешавдев, [[Матура]], [[Мадја Прадеш]], [[Индија]]. Сега се чува во Музејот на Матхра.
*Околу доцен 1 век-почетокот на 2 век - Била направен модел на куќа во гробница, од времето на Источна Хан династија. Сега се чува во Нелсон-Аткинс музејот на уметност, [[Канзас Сити (Мисури)|Канзас Сити]].
 
== ОткритијаЛичности ==
 
* Антонија Помладата, римска благородничка, мајка на Германиј и Клавдиј
* ...
*Арминиј, поглавар на германското племе Херуски
*Октавијан Август, првиот император на Рим
*Банчао, кинески генерал
*Будика, кралица на британското племе Ицени
*Калигула, император на Рим
 
== Наводи ==
<references />
[[Категорија:1 век| ]]
[[Категорија:Векови|01]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/1_век